- Член од
- 10 октомври 2011
- Мислења
- 6.287
- Поени од реакции
- 10.439
На истиов мејл се и пријавуваше?Спремајте го вашиот критички дух дечки
http://www.kultura.mk/2016/11/sinedejs-go-objavi-konkursot-za-najdobra-filmska-kritika/
„Синедејс“ го објави конкурсот за најдобра филмска критика
— 2 ноември, 2016
Фестивалот на европскиот филм „Cинедејс“ го објави конкурсот за најдобра филмска критика што се одржува во рамките на Фестивалот. Како што информираа од Младинскиот културен центар, овој конкурс е наменет за лица до 35 години, тој е од отворен карактер и е наменет за сите оние кои пишуваат или имаат афинитет да пишуваат филмска критика.
Текстовите не треба да се подолги од една страница, односно повеќе од 70-тина реда, а секој од пријавените може да испрати максимум до три текста.
Наградите за трите најдобри филмски критики ќе ја додели тричлено жири. Авторот на првонаградената критика ќе добие 12.000 денари, на второнаградената 9.000 денари, а на третонаградената 6.000 денари. Конкурсот важи само за филмовите во натпреварувачките програми на фестивалот – Официјалната селекција и селекцијата CineBalkan. Текстовите може да се испратат на електронска пошта на contact@cinedays.com.mk, најдоцна до 11 ноември.


http://cooltura.mk/film/konkurs-za-filmska-kritika-vo-ramki-na-festivalot-sinedejs
Последно уредено: