Македонски филмови

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.406
Поени од реакции
25.269
Џган, Џими, се нафати да раскаже една поинаква македонска, урбана приказна.
Злате се е тоа супер, филмот продукциски за тие пари е топ направен, ама само продукциски, сценариски е многу слаб и просечен.

Еве една работа што е неверојатно катастрофална во филмот а не сум ја спомнал претходно - главниот лик сирак дебело дете од 100 кила :pos:

Инаку завчера го гледав Златна Петорка.

Еве ме со сида на мене сега.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.120
Поени од реакции
37.613
Еве една работа што е неверојатно катастрофална во филмот а не сум ја спомнал претходно - главниот лик сирак дебело дете од 100 кила :pos:
The Hunt of the Wilderpeople го гледаше? Ако беше нашиов дебел, како би го нарекол овој од Нов Зеланд? :pos:
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.744
Поени од реакции
27.744
Последно уредено:

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.406
Поени од реакции
25.269
The Hunt of the Wilderpeople го гледаше? Ако беше нашиов дебел, како би го нарекол овој од Нов Зеланд? :pos:
Го немам гледано, ама дете сираче кое најверојатно во тој домот нема и што да јаде, е дебелко. Чкрипи некако. Ај ќе речеш ситница, ама не е. :D
 
Член од
14 октомври 2016
Мислења
2
Поени од реакции
1
Продуцентот што ветуваше гага карти за да добие филмот „рекордна гледаност“, режисерот на филмот што нема поим од сценарио како ко-сценарист, а камоли од разлика меѓу телевизиски и игран филм или некој од аматерите-статисти на филмот се јави? :LOL:

Кој и да е, listen to me punk, филмот беше, и е` тешко аматерски. Да почнам од сценариото кое е пишувано како од петгодишно дете. Го зема документарното, а остава простор и за филмска креативност. Кое документарно, која креативност, побогу? Па филмот нема никаква креативност. Работен на рекла-казала муабети од некои дедовци, филмот игра на картата ги убиле невини, а ги прикажува како криминалци.. Цело време и самите велеа по весници дека децата биле напредни и читале книги и филмови кои биле забранети, за на крај во филмот да ги прикажат како активисти кои фрлаат летоци и бегаат од полиција. А колку само аматерски беше па таа потера по нив и моментот кога се предадоа тоа е чудо. За дијалозите немам збор. Префрлањето на документарното како што го рече (1951 година) во 2016та пак беше скроз непотребно. Ако правеле филм за нив, требало цел филм да е сместен во 1951ва, а не да ми прават паралели + наратор, како не можеме да го сфатиме филмот без него, мора да ни го сведе на тацна.

Режијата преаматерска, препознатлива за режисер кој немал никакво искуство со игран филм и цел живот го поминал во телевизии. Па уште и се буни го ставиле дебитант, а он имал зад себе 500 проекти од кои сите телевизиски. :pos:

Глумата толку беше лоша, што Тренчо и од искусни глумци ко Биљана Танески прави аматери. Режисерот е тој кој дава насоки како да се одглуми сцената, без разлика колку филмови си снимил или не. Уште едно место каде потфрлил Тренчо. Единствено Игор Ангелов чат-пат имаше добра глума, другите јок. Па и уште кога во првата сцена кај што ничкосани лежат еден се помрдна, пиши пропало. Младиве дечки не се криви за глумата (едноставно немаат ни искуство за пред камера). Статистите (од брат, од тетка деца земени сите) - катастрофално водени. Па уште кога ја видов и жена му на Тренчо во една сцена - се изпресмеав.

Сцената кај што се дечкото и девојката под дрвото катастрофа. Дури и во кино, сликата на таа сцена беше како да си пуштил TS снимка од филм (снимка со камера од кино):icon_mrgr:

Единствена светла точка беа одредени кадри, одредени сцени на Игор Ангелов, музиката донекаде и цицките на Биљана. (уште една сцена кајшто режисерот потфрлил, очигледно од многу проекти зад себе.):D

Филмов може да е генијален, за секоја пофалба и такви мити ствари само за некој што има изгледано 3 филма у живот. Дури и другар ми што го гледаше со мене (со 2 филма изглдани цел живот) ми рече: Брат, ова беше тешка катастрофа. Од секоја точка.
Ако вашата карта била на гага не значи дека и со останатите е така.
И филмот стекна рекордна гледаност,доказ ви е тоа што е најгледаниот филм во Струмица.
Се гледа дека не сте доволно информирани за случката од 1951, всушност вашите сознанија се од рекла казала муабети па затоа би ви препорачала да прочитате уште малце па тогаш без сомнение ќе го разберете филмот зошто сега засега очигледно го немате.
Статистите биле аматери, пааа thanks god затоа и се СТАТИСТИ. И еве уште нешто за кое не сте информирани доволно, повеќето од нив се доброволни ученици од средно училиште во Струмица.
А јас колку филмови имам изгледано во овие неколку години не се сомневам дека вие немате толку цел живот. И нели рекле ским си такав си, па ако другар ви има изгледани 2 не е за чудо вие да имате 4.
 
wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.683
Поени од реакции
34.186

Хахахахахане.

Натали олади малку, не си у 19ката на кафе. Тука дискутираме со одреден степен на култура, секој смее да со го пише мислењето и не се напаѓаме лично туку со аргументи. И верувај, не само јас, или ете shawn spencer, туку фрли камен у екран и кого ќе погодиш член тука на темава има изгледано, да, 4 филмови. Минимум. Пати. Помножено со твоите. И уште една глупост од постот да искоментирам пред да преминам на главно, јас ете немав гага и сеа да ме прашаат радо би ги свиткал тие 150 денари у топче и би ги фрлил по глутницата кучиња бездомници по центарот шо ги закачаат луѓето со точаци. Многу поинтересно искуство ќе ми беше навистина отколку таа абоминацијата што сруши рекордна гледаност у Струмица.

Доказ било. Најгледан филм у Струмица. Мозочен удар добивам. Не ми се смируваат тиковите по фаца. Форест Витакер око добив. Жити се кажи кој последен филм си го гледала кај нас? На стари наши филмови три дена по ред бев сам у сала со женска ми, се сликав од очај. Кај беа струмичани на Среќна Нова, на Три Ани, на Медена Ноќ...? Или у сала на претстави? Која е последната твоја гледана ако го одземеме Ристо Шишков? На кино, театар, изложби редовно одат 30 луѓе. Толку е таа култура. И сеа аргумент ми кажуваш доказ најгледан филм у Струмица?

Помодарство. Секој што слушнал отиде оти цел град отиде. Да се сликат, инстаграмот ми го поплавија. Побогу децата ни ги уназадија бидејќи од школо ги носеа, со организација со сè. 90 посто да ги пуштиш сами нема да знаат кај се наоѓа салата, пред мене седеа две баби кои се помочаа од смеење кога покажаа цицка. 90 посто од луѓето беа првпат стапнале у сала. Од истите причини што и филмот е толку фален, бидејќи им ја снимиле куќата, децата им се статисти и да не заборавиме бидејќи ееееептен ни е при срце, филмот е за нашите 5 струмички студенти. Пу пу кокошките да го серат тој што ќе се осуди да го оцени лошо. Недајбоже нели...

Да прочитал повеќе пред да коментира? Зошто?!?! Бидејќи беше ултра површен и ништо не прикажа како што треба, ни приказната, ни студентите, ни што се случило. Зарем не му е тоа функцијата? Повеќе луѓе кај нас знаат што се случило од песната на Гоце Арнаудов отколку што ќе дознаат од филмот. А тоа впрочем, кажува многу. Локал патриотизмот ме угуши таа недела на прикажување, ди евентот на годината, најрекордно гледаниот филм во Струмица!!! Абе... хаос.

Филмот би го избришал ја од постоење.
И тоа само ради ноар шмекот. Сите знаете на што мислам. :D
 
:cuc:
Алал!
АЛАЛ!
 
B

Blade Torch

Гостин
и од "Ослободување на Скопје" ништо.

Ги има на нет "Црвениот Коњ" од старите, и "Медена Ноќ" од новите наши филмови?
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.187
Поени од реакции
10.204
и од "Ослободување на Скопје" ништо.

Ги има на нет "Црвениот Коњ" од старите, и "Медена Ноќ" од новите наши филмови?
Црвениот коњ го има, Медена ноќ сè уште не.
 
G

grande-juve

Гостин
Вторпат ме извиси Кинотека, пак немаше 5 души.. А едвај чекав Нели Ти Реков да си го глеам во кино, во топ 10 ми е од нашиве :(:(
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.744
Поени од реакции
27.744
Вторпат ме извиси Кинотека, пак немаше 5 души.. А едвај чекав Нели Ти Реков да си го глеам во кино, во топ 10 ми е од нашиве :(:(
Друг пат пишуваш тука на четворица и тоа е тоа :D
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.187
Поени од реакции
10.204
Вторпат ме извиси Кинотека, пак немаше 5 души.. А едвај чекав Нели Ти Реков да си го глеам во кино, во топ 10 ми е од нашиве :(:(
Си мислев дали денес или утре да идам, пред се зашто Синеплекс вторник е и отидов на Инферно. :D

Ај може утре со другарче да тркнеме, од осум и утре ќе биде така? И земи и ти 2ца другари и тамам 5 души. :D
Се мислев на Чолак у Драмски да идам, али ја даваат често ваљда ќе имам повеќе прилики, а Нели ти реков сакав чисто ради реставрирана снимка. Снимката што се врти на нет, па и последните снимки емитувани лани на МРТ се матни и никакви. Инаку 5ка има од мене, ептен одбивни ми станаа последно време револуционерните. :icon_mrgr:
 
Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.635
Поени од реакции
31.850
Го гледав Златна Петорка вчера. Шо да речам, да не беше добрата нарација (овде не мислам под добро склопени мисли, туку бојата на гласот која му ја обожавам на старчено, де од реклами, де од други филмови), ќе беше катастрофален филм. Вака е само лош. Најтапа ми беше таа ко секретарка или што ли беше со наочарчињата, леле кој очај од глума у пм. Ај статист, ама мајка му стара, она беше ептен ептен лошо дури и одбивно смешно.

Приказната од 51-ва e eптен потресна, богата со содржина, со еден посебен идеал, момент кој му пркоси на срањето наречено Југославија (не ме напаѓајте тука со политика и оправање зошто Тито чинел, само мое мислење). И на таков материјал, на таква реалност со пет млади ликови кои животите ги дале затоа што биле поврзани за една тогаш опасна идеја, ти да им посветиш посрани 20 минути во кои УДБА им удра по еден шамар и на крај брзо потезно ги сутнува, додека фокусот е ставен во некои тривијални моменти како сексови меѓу Маки и Ката, одење до Кино, болките во гради на Перо Арсовски, не го бива.

Филмот е правен да биде „допадлив" кај пошироката маса. Да биде онака приземна драмичка со љубов и цензура на црното минато. Оправдан е секој хејт од погоре и го делам истото мислење. Ваква тематика заслужува целосен приказ на бруталност од типот на Come and see, нешто што ќе остане да живее со тебе, нешто што ќе ти предизвика грозница, испревртување во цревата, а не после завршувањето на филмот си излегуваш од кино ко ништо да не си гледал.
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.744
Поени од реакции
27.744
А не ми е јасно зошто уште го гледате?
Проверувате да не случајно лажат (заговори братќе) другите ДЕСЕТМИНА што веќе пишаа дека филмот е лош да не речам катастрофален?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom