Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

Џ

Џонтра Волта

Гостин
Не можев да посакам поубав роденден: конечно се појави мојата прва десетка од филмовите за 2016, и тоа од нигде-никаде, односно филм за кој вчера немав ни слушнато. Perfetti sconosciuti (Perfect Strangers), италијанска драма во режија на Пауло Џеновезе. Филмот беше ежење од старт, до крај.

Имате тајни? Дали им ги кажувате на вашите блиски (сопруг, сопруга, мајка, брат, сестра, другар, швалерка...) или има нешто што го чувате само за себеси? По филмов, убеден сум дека постои нешто кое ги знае сите ваши тајни: вашиот телефон. Затоа, чувајте го како очите и на крај памет да не ви падне да играте некаква глупава игра слична како оваа од ова мало ремек дело.

A must see! ОДМА!

:cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc:
Одличен филм, сега го изгледав, многу брзо ми помина, не трепнав.
Тоа comedy нема врска со филмов, ако некој се кочи да го гледа заради тоа нека не му ја мисли, нема врска со комедија, повеќе е трилер.
Немам што да додадам, се е објаснето во цитатов.

Кај и да е може да се очекува американски римејк кој секако ќе биде феил.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.826
Поени од реакции
36.846
Знаете дека 4 години по ред, пред да ја отворам темата за Оскарите на форумов, таму некаде на крајот од ноември или почетокот на декември, употребувам еден систем, рангирајќи ги филмовите од предвидувањата на 5 различни филмски сајтови/списанија/блогови. И 4 години по ред, истиот тој систем не успеа да потфрли, т.е. го погоди освојувачот на Оскарот за најдобар филм, а многу често погаѓа и поголем дел од номинираните за најдобар филм.

Сега е уште рано, но рани предвидувања постојат, па сакав да видам како стојат работите во моментов, односто како филмските новинари мислат дека ќе заврши оваа сезона. Ги зедов предвидувањата од истите сајтови од лани: Indiewire, Variety, Awards Circuit, Awards Watch и Animation Alley. И испадна вака:

-Во моментов има 3 frontrunner филмови за кои сите сметаат дека ќе бидат номинирани за Оскар:

1. La La Land (Damien Chazelle)
2. Manchester by the Sea (Kenneth Lonergan)
3. Moonlight (Barry Jenkins)

-Следните 4 филма заостануваат за трошка:

4. Silence (Martin Scorsese)
5. Loving (Jeff Nichols)
6. Fences (Denzel Washington)
7. Lion (Garth Davis)

-Поголеми шанси им се даваат и на:

8. Sully (Clint Eastwood)
9. Billy Lynn’s Long Halftime Walk (Ang Lee)
10. 20th Century Women (Mike Mills)
11. Arrival (Denis Villeneuve)
12. Jackie (Pablo Larraín)

-А понатаму, по редослед:

13. Hell or High Water (David Mackenzie)
14. Hidden Figures (Theodore Melfi)
15. Live By Night (Ben Affleck)
16. Allied (Robert Zemeckis)
17. The Jungle Book (Jon Favreau)
18. Hacksaw Ridge (Mel Gibson)
19. The Birth of a Nation (Nate Parker)
20. Rules Don’t Apply (Warren Beatty)
21. Nocturnal Animals (Tom Ford)
22. Passengers (Morten Tyldum)
23. Gold (Stephen Gaghan)

итн. итн. итн...

Секако, многу работи ќе се сменат за еден месец, кога повеќе од филмовите веќе ќе имаат премиери, скрининзи, проекции по филмски фестивали, а и кога првите награди веќе ќе бидат доделени. Но, верувам дека годинешната сезона на награди 99% ќе се врти околу овие филмови. ;)

Со повеќе информации од Холивуд, тогаш. :P
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.362
Поени од реакции
38.661
Еден интересен коментар шо најдов , за тие шо се жалат дека одреден филм бил многу долг.


A bre pa to sto je duzi za mene je produzeno uzivanje ne znam sto gledate i zalite se da je predugacak,ako vas smara gledajte nesto drugo. I Frodo je mogao da odleti orlom i baci prsten,smanjilo bi nam puno sati zabave zar ne?

:D
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.826
Поени од реакции
36.846
Се појавија и првите рецензии за Billy Lynn’s Long Halftime Walk, на Анг Ли и не се баш сјајни. Станува збор за првиот филм во историјата со frame rate од 120 fps. (за оние кои не знаат, стандардот кај филмовите е 24 fps, а ретко се случува да се оди до 48 fps. Последен филм на кој се сеќавам дека е снимен со frame rate од 48 fps е The Jungle Book. Ова, со 120 fps. e скоро 5 пати побрзо, т.е. ветува пет пати покристално-чиста слика од вообичаено). Од првите рецензии кои ги прочитав, на повеќемина им делувало како филмот да е пуштен на fast forward, и коментарите се дека ова достигнување можеби би имало ефект кај некои други жанрови, но кај драмите веројатно ќе биде запамтено само како обид, како неуспешен експеримент. Нешто слично како што на Вендерс не му успеа со 3D-то кај драмите (Every Thing Will be Fine).
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.736
Поени од реакции
27.727
Злате, чистина/кристалност на слика нема врска со fps -.-
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.826
Поени од реакции
36.846
Злате, чистина/кристалност на слика нема врска со fps -.-
Знам, грешно се изразив. Не знаев како да го опишам ефектот кој го добива гледачот како последица на high frame rate-от, па лупнав без врска. :P

А дека ветува чистина/кристалност на слика, ветува - снимен е во 4К HD резолуција. :P

И уште нешто погрешив горе: не беше Jungle Book со 48fps, туку Hobbit: An Unexpected Journey на Питер Џексон. Дизни знам дека експериментираа нешто во таа насока со Jungle Book, ама не стигнале изгледа до 48fps. :P
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.736
Поени од реакции
27.727
Знам, грешно се изразив. Не знаев како да го опишам ефектот кој го добива гледачот како последица на high frame rate-от
Флуидно :D
У секој случај би сакал да го видам тоа чудо у 120 фрејма.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.736
Поени од реакции
27.727
Овој Злате значи кога ќе ти препорача филм, препорачан е... и @Corvus секако :love:
Перегрини мерегрини тој со децата шо се дава во Синеплекс на Тим Бартон е сууууупер.
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Го гледав и ја итаљанскиов Perfect Strangers, и се до последните сцени ме држеше ниет да пишам дека е тенденциозна жабарска патетика од која треба да извлечеме некаква поука за нашите животи, али крајот го направи филмот. Тројка за победа у последна секунда му дојде крајот. Мислам самата приказна беше уникатна и оригинална, факт, муабетите кои што ги тераа на замислената вечера не баш. Повеќе одеа накај крајно тенденциозни, изнудени и предвидливи филмски реакции на ликови кои решаваат да си играат "руски рулет" со својата приватност, наместо со револвер и се тотално океј пошто на некоја гуска психотеравпет и текна да им ја направи вечерта позанимлива. Али крајот беше за сите пари.

Ако си ликот со брадата и цвикерите кој има длабок глас, изгледа мудро, дели совети ко да е Аристотел на бело, и зборува за компромисот и попустливоста ко еликсир за долговечен брак, плус има убава, исфрустрирана, псеудо-квази-интелектуалка, "не знам што сакам у животот" жена. Биди сигурен дека некој ти ја ебе жената.
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.002
Поени од реакции
15.328
Прв пат во животот го гледав Казабланка, и многу ми е жал што нема да ја имам можноста пак да го гледам за прв пат.
Love at first watch :love:

Words don't cover all that I feel right now!
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.826
Поени од реакции
36.846
Морам овде да го пишам ова, а не во темата „Македонски филмови“, од причина што нема да зборувам само за наш филм. Денес конечно бев на последната проекција на „Златна петорка“ во Синеплекс. И не беше сѐ така црно: пред почетокот на филмот го гледав трејлерот за Hacksaw Ridge на Мел Гибсон и за прв пат во мојот живот ме наежил трејлер. Мислам дека годинава е годината кога конечно ќе ви речам „Ви реков?“ откако Ендрју Гарфилд ќе заблеска на филмското платно и кога сите ќе признаете дека е актериште (може не по „Hacksaw Ridge“, може по „Silence“ на Скорсезе, а може и по двата, небитно). Одамна го препознав талентот во него и знаев дека ќе дојде овој момент, но нели вам ви го уништил Спајди, па затоа одма го прогласивте за подпросечен актер, што е далеку од вистината. Ама ај, да не правиме муабет пред време и по само еден изгледан трејлер. Ќе видите. ;) Hacksaw Ridge, заедно со La La Land, Loving, Arival... е еден од најочекуваните филмови есенва, за мене. Се надевам дека за Hacksaw Ridge, стоечките овации за кои читав по Венеција ќе се пренесат и кај нас. Барем според трејлерот, ветува многу.

А сега да завршам за тоа што почнав - „Златна петорка“. Очобол! Еден од полошите македонски во последно време. Едвај го догледав. Ај, ќе ги разберам некако пасажите со нараторот - немале доволно средства, па морале да го пополнат времето со нешто, некако. Ама не можам да разберам до толку здрвена глума. Значи дрва, трупци да наместиш пред камера ќе изглумат подобро од поголем дел од актерите овде. Ај, доајените од типот на Љупка Џундева, Петар Арсовски, гостинот Славко Штимац и Билјана Таневска (па и Игор Ангелов би го ставил во оваа група), ќе ги оставам на страна, и не беше така страшно. Ама овие младиве... Ка-та-стро-фа! Влатко Илиевски бе! Таа секретарката на Петар Арсовски - полошо нешто немам видено на филм. Па на дете од 5 години да му дадам да прочита една реченица ќе и поверувам повеќе отколку на оваа. Делуваше ко просечен политичар кој чита однапред напишан говор од друга личност. За статистите да не правам муабет: на почетокот на филмот двајца од убиените момци - мрднаа. Подоцна, кога одеа со свеќи на погребот, еден статист со свеќа в рака - се ѕвереше во камерата и се смееше. Во хотелот на Петар Арсовски, на скалите, двајца статисти кои божем правеа муабет, звучеше ко да рецитираат песничка, а кон крајот на филмот, групата од статисти, божем новинари, кои ја снимаа изјавата на стариот Џиџи (Петар Арсовски, пак), беа поздрвени од восочни фигури. Полошо водење на статисти во филм не сум видел.

Ја спомнав изјавата за новинарите на Џиџи, т.е. неговата доцна исповед - потполно непотребна во цел филм (ова го прочитав и во рецензијата на Влатко Галевски во Филм+) - ништо ни добивме, ни изгубивме со неа, може само еден facepalm плус.

Приказната не очекував дека ќе ја сведат на толку елементарно ниво. Јас од Златната петорка не видов ништо во филмов. Единствено се издвојуваше Маки (Александар Ристоски), а останатите момци ми делуваа ко статисти, а не како актери кои портретираат улоги кои треба да се стожерот на филмот. Ни да се расветлат мотивите, нивните делувања, нивните идеи и идеали, па дури и начинот на кој беа убиени беше прикажан некако преедноставно... А се согласувам и дека пренесувањето на приказната во 2016 беше очајно изведено и не сфаќам што сакаше да се постигне со тоа. Но, баш затоа што не дознав ништо од тоа што сакав за Златната петорка, до некаде е и позитивно, зашто ме заскокотка, ме заинтригира, и сега сакам да го најдам и прочитам романот на Братислав Ташковски - „Расцепен ум“, по чии мотиви е направен филмов. И сигурен сум дека ќе ми се допадне повеќе од филмот.

Не сум забележувал толку многу технички детали од типот на шминка и фризура во нашиве филмови, но тука дури и тоа беше катастрофално страшно. Децава од петорката, особено Влатко Илиевски, имаа по пет кила пудра на лицето, што беше толку очигледно, што на моменти гротескно изгледаа ко травестити. :pov:

Ај, да не биде сѐ така црно - ми се допаднаа музиката, и секс сцената на Јана Стојановска и Александар Ристовски. И тоа што ме заскокотка да дознаам повеќе за златната петорка од Струмица. И толку.

5/10
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Ми е страв мене да го гледам, вака како ве читам, изгледа ќе го скокнам. Никаква желба немам да го изгледам.

Конечно добра драма, Certain Women, одличен! Мишел Вилијамс ми е предрага, а и Кристен Стјуарт со последниве филмови конечно ми прераснува во една од подрагите, па плус и Лаура Дерн, одлична екипа! Интересно филмче за три паралелни приказни, за три жени во мал американски град. Филмот е од последново издание на Санденс, и има доста позитивни критики, не знам зошто на ИМДБ има 6.

8/10

Заборавив да пишам за францускиот номиниран Elle, според мене многу слаб филм, јас не знам зошто е толку хајпуван филмот, дури на моменти грозен ми беше. Нешто демек сака трилер да биде, ама е толку очаен во обидот... Штета што Изабел е толку добра глумица, ама целата приказна и концепт мене ми беше ужас. Од друга страна денес го гледав и Les Innocentes, кој беше во трка за француска номинација! Одличен! Приказна за неколку невини калуѓерки кои остануваат трудни после силување од страна на војниците за време на војната од Русите. Полско-француска соработка. Стварно не ми е јасно како овој не е номиниран :mad:
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom