Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.884
Поени од реакции
21.816
Јас незнам како можете да ги правдате, а едно е сигурно дека со ова темпо и догодина ќе си играме Лига Европа.
 
Член од
13 јануари 2013
Мислења
1.537
Поени од реакции
1.172
Инаку 4 сезона со ред истата приказна засега, тогаш кога најмногу се очекува да тепа Јунајтед тогаш заебуваат, наместо да се доближат до првиот пак останува разликата и на крај кој е крив е работата, па играчите кои не ги искористија шансите и толку. Ова што побргу нека се реши да на вакви екипи кои се отепани да не губиме поени.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
33.022
Поени од реакции
67.940
Ако играме како денес, нема зима за нас.

Не може секој ден противничкиот голман да има Де Геа ден, а нашиов да брани ко мињоле. 9 од 10 утакмици со ваква игра ке добиеме. Само ете, денес све што шутнаа, не влезе.
 
Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.884
Поени од реакции
21.816
Ако играме како денес, нема зима за нас.

Не може секој ден противничкиот голман да има Де Геа ден, а нашиов да брани ко мињоле. 9 од 10 утакмици со ваква игра ке добиеме. Само ете, денес све што шутнаа, не влезе.
Проблемот е што нема да може секој натпревар вака да го играат ( ако оваа игра се рачуна за добра ), и ќе биде оффлеле кога нема да се пласираме повторно во Лига на Шампиони ради ваквите натпревари. Едноставно вложените милиони до сега не се оправдуваат никако и ниту смееме ниту треба да ги браниме фудбалерите ни тренерот. Се нешто ние немаме среќа се нешто ни фали, цело време си наоѓаме оправдување и се додека не престанат да се однесуваат како девојчиња нема да не биде. Пола Англија тимовите ги направивме мислиш Барселона дека се, тимови креваат рејтинг и цена на нас а реално гледано за к.р не ги бива.
Твојот заклучок е дека нема зима, мојот е дека нема да има ни лето за нас како што тргнала работава. Проклетството на најтрофеен тим со лузерски менталитет го превзедовме од Пул и нека ни е со среќа.
 
Последно уредено:

eternum

-- 21 incoming ? --
Член од
27 јуни 2007
Мислења
1.030
Поени од реакции
1.167
Мене не ми е јасно глупиот коњ холандски од толку опции како успеа да ја шутне во аут топката по која и го примија голот.
Ама не, он е доктор за фудбал. Другите се криви кога примаме глупи голови ради уште поглупи негови грешки.[DOUBLEPOST=1475425093][/DOUBLEPOST]
Јас незнам како можете да ги правдате, а едно е сигурно дека со ова темпо и догодина ќе си играме Лига Европа.
Е тоа е тоа, никој не трча, не се отвара. Посед на топка има, ама колку контри и брзи додавања никој не кажува. Бројката е нула. Не за џабе сме последни по истрчани километри. Па мислам дека 80% од поседот кој го имавме у прво полувреме беше на наша половина, *беш му таква статистика на која некој ќе се задоволи. Се дур не си го испотат г'зот, ќе си играат топло-ладно со стоукови, зори и останати медиокритети.
 
Последно уредено:

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.810
Поени од реакции
44.129
Уште не ми се верува дека по ваков меч испуштивме поени. 10-0 требаше да ги тепаме, 5 зицери промашивме ти ебам и голман и стативи и Погби и Ибрахимовиќи. Од следните 2 меча мора 4 поени ако сакаме да држиме чекор за титула. Во случај да не тепаме ни една, ќе паднеме под 10то место.
 
Член од
3 февруари 2014
Мислења
652
Поени од реакции
516
Јес да во одбрана не бевме сјајни, можевме и порано да примиме гол али Камерон шутираше 2-3 пати право во Де Геа... Но дека не сме креирале шанси тоа потешко, незнам што треба да направат за да ги задоволат вашите критериуми.
 
Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.884
Поени од реакции
21.816
Јес да во одбрана не бевме сјајни, можевме и порано да примиме гол али Камерон шутираше 2-3 пати право во Де Геа... Но дека не сме креирале шанси тоа потешко, незнам што треба да направат за да ги задоволат вашите критериуми.
Си слушнал за ,,играта се зазборава резултатот се памти'', епа после ова денес никој нема да се сеќава како сме изиграле туку ќе се збори како 6-то разредна екипа која се бори за опстанок скинала бод на мултимилионскиот Јунајтед. Џабе игра без резултат, трчање у место 4 години ... незнам ама мене ич не ми прави мерак.
 
A

apidrone

Гостин

Голој треба да клават. Шансите не носат победи и бодови, туку головите.
 
Член од
25 јануари 2005
Мислења
5.274
Поени од реакции
4.158
Си слушнал за ,,играта се зазборава резултатот се памти'', епа после ова денес никој нема да се сеќава како сме изиграле туку ќе се збори како 6-то разредна екипа која се бори за опстанок скинала бод на мултимилионскиот Јунајтед. Џабе игра без резултат, трчање у место 4 години ... незнам ама мене ич не ми прави мерак.
Брат што се правиш енглез ко да во времето сме немале вакви утакмици?
Позитивно од ситуацијава е што креираме многу шанси, играта е течна, на очите не си верувам дека еден Мата проигрува, дрибла и поддава НАПРЕД, повторувам НАПРЕД, не назад.
Зар боље е да биде играта ко со Зораја? Па со онакво развивање на тимот, прашање на време е кога тимот ќе тргне во континуитет. Да, ситуацијата е нервозна, глупаво што Мурињно после голот се повлече, али добро е и што учи од грешките и се поправа, не е ко пијаницата. Десната страна ни е ужас, абре еден центаршут не можат да направат, Валенсија е сакат, Лингард не го коментирам.
 
Член од
16 јули 2007
Мислења
12.498
Поени од реакции
4.072
Не смееме да киксираме вака, ако сакаме да се бориме за титула. Во ред се шансите, но што од тоа? Мене тотално сеедно ми е дали после катастрофална игра ќе завршиме 1-1, или после супер игра ќе завршиме 1-1. Наместо на -3, сега сме на -5 од Сити. Не очекуваат гостувања кај Ливерпул и Челзи и сега треба да бидам задоволен заради шансите?

И мора да го научат Баји да не ја рога напред секоја топка безвезе, а истото го прави и Де Геа. Лошото е тоа што го кажа Мурињо, дека сега има пауза и дека мора да чекаат за да се извадат за резултат. Тоа е што е, Пораз од Ватфрод и нерешено со Стоук, сигурно не е нешто со кое треба да бидеме задоволни, да се надеваме дека нема да има повреди со репрезентациите и ќе го победиме Ливерпул.
 
Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.884
Поени од реакции
21.816
Брат што се правиш енглез ко да во времето сме немале вакви утакмици?
Позитивно од ситуацијава е што креираме многу шанси, играта е течна, на очите не си верувам дека еден Мата проигрува, дрибла и поддава НАПРЕД, повторувам НАПРЕД, не назад.
Зар боље е да биде играта ко со Зораја? Па со онакво развивање на тимот, прашање на време е кога тимот ќе тргне во континуитет. Да, ситуацијата е нервозна, глупаво што Мурињно после голот се повлече, али добро е и што учи од грешките и се поправа, не е ко пијаницата. Десната страна ни е ужас, абре еден центаршут не можат да направат, Валенсија е сакат, Лингард не го коментирам.
На времето освојувавме титули и вакви натпревари да изигравме не беше страшно зашто бевме препознатливи по тоа што на следниот натпревар бонусиравме т.е. наплатувавме данок за она што сме го пропуштиле предходното коло. Денес сме изиграле ''добро'' против факинг Стоук последна екипа со загарантирано последно место и испаѓање од лига и тоа треба да ме возбудува и да ми приредувам оргазам? Дно сме крај на муабетот, ова веќе станува сериозно и наместо конечно да почнеме да чекориме по патот кој води кон успех ние се враќаме назад.
 
Член од
13 март 2015
Мислења
210
Поени од реакции
138
Што ви е бе луѓе, па стварно го споредивте Ибра со Руни ? :cuc:

Не викам не, не ги искористува шансите последно време Ибрахимович, но ќе дојдат головите, во тоа бидете сигурни. Ама после тој промашен шут изигра одлично, му намести на Лингард 100% шанса, шутираше 2 пати од невозможно тешки позиции, ама јбг Грант денеска како луд бранеше. Отвораше простор, имаше лоши пасови не реков не, ама способен е да ја задржи топката и да почека некој да му се отвори. Тоа не сме го имале во напаѓач не памтам од кога. Човекот има 35 години и е апсолутно на најголемо ниво.

А за Руни уште еднаш ќе се насмеам. Па тој повеќе не е ни професионален фудбалер.
 
Член од
25 јануари 2005
Мислења
5.274
Поени од реакции
4.158
На времето освојувавме титули и вакви натпревари да изигравме не беше страшно зашто бевме препознатливи по тоа што на следниот натпревар бонусиравме т.е. наплатувавме данок за она што сме го пропуштиле предходното коло. Денес сме изиграле ''добро'' против факинг Стоук последна екипа со загарантирано последно место и испаѓање од лига и тоа треба да ме возбудува и да ми приредувам оргазам? Дно сме крај на муабетот, ова веќе станува сериозно и наместо конечно да почнеме да чекориме по патот кој води кон успех ние се враќаме назад.
Значи години наназад мора да ни скине бодови некој од последните 3, ГОДИНИ наназад, лани беше Сандерленд, прехлани Барнли итн итн. И во времето на САФ бодови ни кинеле вакви пацерски екипи.
Значи по твојава логика ако победевме сме врв, топ, рамен ни нема.
Овде од утакмицата си или задоволен или незадоволен. Јас сум презадоволен од се, освен од резултатот, и што ќе ми е ако ги победиме факинг Стоук ако некој како Тотенхем не наполни?
Игра имавме и против Сити второто полувреме откако Мурињо се поправи, а нели Сити се претенденти за титула. Небива секогаш позитивни резултати да имаме. Незнам јас како го разбирате фудбалот, само да се победува ли? Ако имаат ваква игра цела сезона, сварно не гледам што е тука дно дна?
 
Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.884
Поени од реакции
21.816
поз
Значи години наназад мора да ни скине бодови некој од последните 3, ГОДИНИ наназад, лани беше Сандерленд, прехлани Барнли итн итн. И во времето на САФ бодови ни кинеле вакви пацерски екипи.
Значи по твојава логика ако победевме сме врв, топ, рамен ни нема.
Овде од утакмицата си или задоволен или незадоволен. Јас сум презадоволен од се, освен од резултатот, и што ќе ми е ако ги победиме факинг Стоук ако некој како Тотенхем не наполни?
Игра имавме и против Сити второто полувреме откако Мурињо се поправи, а нели Сити се претенденти за титула. Небива секогаш позитивни резултати да имаме. Незнам јас како го разбирате фудбалот, само да се победува ли? Ако имаат ваква игра цела сезона, сварно не гледам што е тука дно дна?
Познат лузерпулски муабет, битно да се учествува резултатот не е битен, битно сме во конкуренција со најдобрите меѓутоа не се рачунаме меѓу најдобрите. Времето за преродба помина, добри игри без резултат не поминуваат повеќе. Време е мажите да се издвојат од момчињата и да почне работава да се движи во позитивен фудбалски правец. Мене Јунајтед ДООЕЛ Манчестер фирма за движен и недвижен имот не ми буди интерес, туку само Фудбалски Колектив Манчестер Јунајтед од кој сакам да гледам фудбал со резултати.
Денес на полувреме заспав, знаев дека не се пишува на арно работава, станав проверив резултат и знаеш што, не бев воопшто изненаден.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom