Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

R

red.devil

Гостин
:ROFLMAO:
Како си кажувате, не бива само да се победувало. Мислиш ги растуривме сите до сега па ај шо ако се деси кикс. :D
Алооо, не можат две лигашки победи да сврзат. Играта е турни ме да кинисам од аспект на тимски план, филозофиј, една играат висок пресинг, другата се бранат мислиш против Барса играат а не факинг Ватфорд, третата нафрлаат цело време како да играат против џуџиња а не Стоук, тактика на ниво. Има периоди од десет минути кога растураат за потоа да следат периоди кај што се влечат по теренот без никаква енергија и елан за игра. Никаков констанен ритам нема, да притиснат, да има упорност да речиш готово е се гледа дека ќе дадат гол. Голот на Мата против Лестер беше единствен кој што беше створен од тимска акција а уште малце стигна десетто коло. Доволно кажува за напредокот на тимов. Јак напредок е кога во најдобрата утакмица во сезоната губиш два бода од последниот а изговорот ти е "не сакаше да влези топката".
 

eternum

-- 21 incoming ? --
Член од
27 јуни 2007
Мислења
1.030
Поени од реакции
1.167
Брат што се правиш енглез ко да во времето сме немале вакви утакмици?
Позитивно од ситуацијава е што креираме многу шанси, играта е течна, на очите не си верувам дека еден Мата проигрува, дрибла и поддава НАПРЕД, повторувам НАПРЕД, не назад.
Зар боље е да биде играта ко со Зораја? Па со онакво развивање на тимот, прашање на време е кога тимот ќе тргне во континуитет. Да, ситуацијата е нервозна, глупаво што Мурињно после голот се повлече, али добро е и што учи од грешките и се поправа, не е ко пијаницата. Десната страна ни е ужас, абре еден центаршут не можат да направат, Валенсија е сакат, Лингард не го коментирам.
Мурињо не СМЕЕ да се повлекува, после слабите сезони и истата грешка која ја правеа неговите претходници. Десната страна и центарот ги направија сите шанси денеска, од слепецот Блајнд (и левата страна) не дојде ни една шанса, а по негово непотребно паничење при расчистување на топка дојде голот у наша мрежа.

Најпљуканите играчи оваа сезона влегоа после 60-та минута, период во кој Јунајтед не постигна ниту еден гол. Ај малку почнете сите да коментирате реално (ништо лично против тебе), а не да ги сведувате поразите кон поединци.

Депај бил слаб - а другите кои го мењаа на лево крило па растурија, ај важи.
Руни бил слаб - не игра 2 утакмици против ПАЦЕРИ!!!!!!! ама и на едните и на другите им дадовме едвај по еден!!!!!!!!!!!!! гол.
Блинд е доктор - и кривец за грото од голови сезонава, ама тоа не е битно.
Да не трубам повише, очигледно сите имаме разлики у мислења.

Бидете реални, тимов е тиња (а не само Руни, Депај, Марсијал и Фела) и ако Мур не го среди за брзо време, отидовме у друштвото на Хистори ченел.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
33.021
Поени од реакции
67.938
Си слушнал за ,,играта се зазборава резултатот се памти'', епа после ова денес никој нема да се сеќава како сме изиграле туку ќе се збори како 6-то разредна екипа која се бори за опстанок скинала бод на мултимилионскиот Јунајтед. Џабе игра без резултат, трчање у место 4 години ... незнам ама мене ич не ми прави мерак.
А така, ова супер го кажа. Ама ова важи во финале и во нокаут фаза на мечеви. Во натпреварување во кое има 38 кола, и те како е битно како ке играш. Ван Гал лани вржа 5 утакмици со 1-0 победи, и све беше супер и мазно, и први избивме на табела, арно ама, играта беше катастрофа. И погоди што? Дојде време кога веќе не можеше да се победува на мечеви со по 1 шут на гол. И Јунајтед заврши надвор од местата што водат во ЛШ. Не дека не се знаеше со онаква игра. Ама, резултатите стојат, 5 победи по ред. Ама за џабе.

Минативе 3 години можеше само да сонуваме за игра како денес, и секој кој вели дека денес Јунајтед не изиграл доволно за да победи, под итно у Систина, да си провери вид.

Проблем беа утакмиците со Сити, со Зорја, игра никаква. Ама смешно е да дојдете по најдобриот меч во досегашната сезона, и да кажувате апокалиптични сценарија.

И ја сакам Јунајтед секој меч да тепа со 4-0, ама соочете со реалноста дека шампион не се станува преку ноќ.
 
A

apidrone

Гостин
Смолинг, Руни, Рашфорд и Лингард во составот на Англија за претстојниве квалификации.
 

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.884
Поени од реакции
21.816
ама соочете со реалноста дека шампион не се станува преку ноќ.
Ова изгледа важи само за Јунајтед, бајачки подземни води вуди магии кулки игли вештерки па нели требаат години да поминат за да нели фатиме темпо па години за да фатиме топ 4 па уште години за да фатиме некој правец и сето тоа кошта само стотици милиони ... додека други пак менуваат цели постави тренери директори бордови па пак си се во врвот на фудбалот ... ако не можеш да победиш наведи ги сите да мислат дека немааш среќа поради закопано магаре на Олд Трафорд.
Со овакво темпо верувам дека Јунајтед нема во догледно време да биде шампион, туку мифка тим на кој мивки клубови ќе рушат рекорди стари 100 години.
п.с. Не ми се верува дека се дивите на игра против екипа која и е загарантирано испаѓање од лига, до кое дереџе дојдовте.
 
Член од
25 јануари 2005
Мислења
5.274
Поени од реакции
4.158
поз

Познат лузерпулски муабет, битно да се учествува резултатот не е битен, битно сме во конкуренција со најдобрите меѓутоа не се рачунаме меѓу најдобрите. Времето за преродба помина, добри игри без резултат не поминуваат повеќе. Време е мажите да се издвојат од момчињата и да почне работава да се движи во позитивен фудбалски правец. Мене Јунајтед ДООЕЛ Манчестер фирма за движен и недвижен имот не ми буди интерес, туку само Фудбалски Колектив Манчестер Јунајтед од кој сакам да гледам фудбал со резултати.
Денес на полувреме заспав, знаев дека не се пишува на арно работава, станав проверив резултат и знаеш што, не бев воопшто изненаден.
И шо да праиме сега? Да те предложиме за советник?
Ако на оваа игра си заспал на полувреме џабе зборуваме понатаму, секој муабет е излишен. Ама не, не смее кикс да направат иако Стоук играа со надприродни моќи. Тоа што денес и Реал киксна и Барса и Сити нема везе. Уствари и они се катастрофа.. појма немаат од фудбал. Нема везе, логика на ниво.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
33.021
Поени од реакции
67.938
Ова изгледа важи само за Јунајтед, бајачки подземни води вуди магии кулки игли вештерки па нели требаат години да поминат за да нели фатиме темпо па години за да фатиме топ 4 па уште години за да фатиме некој правец и сето тоа кошта само стотици милиони ... додека други пак менуваат цели постави тренери директори бордови па пак си се во врвот на фудбалот ... ако не можеш да победиш наведи ги сите да мислат дека немааш среќа поради закопано магаре на Олд Трафорд.
Со овакво темпо верувам дека Јунајтед нема во догледно време да биде шампион, туку мифка тим на кој мивки клубови ќе рушат рекорди стари 100 години.
п.с. Не ми се верува дека се дивите на игра против екипа која и е загарантирано испаѓање од лига, до кое дереџе дојдовте.
Аман, ве ебале милионите што ги зборите у секој пост. Наведи ми еден тим, освен Лестер, кој има континуиран успех, значи титули, без да троши пари? Еден само?

Кој е тој тим што веднаш освоил титула? Сити 5 години вложуваа, и да не беше Ферги цепидлака за пари, уште 10 години ке им беа потребни за титула. Што ке кажеш за мечот против Лестер?

Ви викам, само Ван Гал за вас, јер он носеше резултати, без оглед на играта.
 
A

apidrone

Гостин
Проблемот е што ако не можеш на толку шанси последниот Стоук да го победиш и тоа дома, ќе дојдат појаки екипи (читај Ливерпул и Челзи) кои ќе знаат тоа да го искористат и да ти ебат матер. Ваква катастрофална реализација не смее да се повтори.
 
Член од
25 јануари 2005
Мислења
5.274
Поени од реакции
4.158
Проблемот е што ако не можеш на толку шанси последниот Стоук да го победиш и тоа дома, ќе дојдат појаки екипи (читај Ливерпул и Челзи) кои ќе знаат тоа да го искористат и да ти ебат матер. Ваква катастрофална реализација не смее да се повтори.
Еднаш во столетието се дешава ваква утакмица. Ако против Лестер све што се шутна влезе, овде е обратно пропорционално.

Аман, ве ебале милионите што ги зборите у секој пост. Наведи ми еден тим, освен Лестер, кој има континуиран успех, значи титули, без да троши пари? Еден само?

Кој е тој тим што веднаш освоил титула? Сити 5 години вложуваа, и да не беше Ферги цепидлака за пари, уште 10 години ке им беа потребни за титула. Што ке кажеш за мечот против Лестер?

Ви викам, само Ван Гал за вас, јер он носеше резултати, без оглед на играта.
Џабе муабети, исто ко рибите што памтат 5 секунди :)
Имаме меч со Лестер и свршување после тоа, па имаме меч со Стоук и плукање све живо и диво. Бетар од навивачиве на Арсенал ќе станеме со муабетите за Венгер. Прво Венгер бог па Венгер аут.[DOUBLEPOST=1475442160][/DOUBLEPOST]п.с. И све така се дур губиме или победуваме
 
R

red.devil

Гостин
Нема гајле, ќе ја видиме и играта сега на наредниве натпревари. Значи, се дивиме на играта против Стоук, едина поутепана екипа од нив се Сандерленд сезонава.
А јас па ви викам, кога ќе тепаат на сила, викате вака се освојуваат титули против малите екипи, а сега битна била играта. Да битна е играта кога ќе напрајш континуитет на добри резултати и почнуваш да градиш врз истите и игра и форма и сѐ останато.

Лестер еднаш се дешава на сто години. Следен пат кога ќе даат три гола од корна, со бели бради ќе е нашава генерација.
Еднаш во столетието се дешава ваква утакмица. Ако против Лестер све што се шутна влезе, овде е обратно пропорционално.


Џабе муабети, исто ко рибите што памтат 5 секунди :)
Имаме меч со Лестер и свршување после тоа, па имаме меч со Стоук и плукање све живо и диво. Бетар од навивачиве на Арсенал ќе станеме со муабетите за Венгер. Прво Венгер бог па Венгер аут.[DOUBLEPOST=1475442160][/DOUBLEPOST]п.с. И све така се дур губиме и победуваме
Свршувавте истите што и сега свршувате на играта. :)
 

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.884
Поени од реакции
21.816
Аман, ве ебале милионите што ги зборите у секој пост. Наведи ми еден тим, освен Лестер, кој има континуиран успех, значи титули, без да троши пари? Еден само?

Кој е тој тим што веднаш освоил титула? Сити 5 години вложуваа, и да не беше Ферги цепидлака за пари, уште 10 години ке им беа потребни за титула. Што ке кажеш за мечот против Лестер?

Ви викам, само Ван Гал за вас, јер он носеше резултати, без оглед на играта.
Според исказов ја би прашал : Дали очекуваш пласман во топ 4 годинава ?
Однапред да ти одговорам на што и да одговориш : На толку воложени милиони не можеш инстант успех да имаш пошто 4 години се малце а и онака тоа го има само во sci fi филовите и Манчестер Јунајтед.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
33.021
Поени од реакции
67.938
Според исказов ја би прашал : Дали очекуваш пласман во топ 4 годинава ?
Однапред да ти одговорам на што и да одговориш : На толку воложени милиони не можеш инстант успех да имаш пошто 4 години се малце а и онака тоа го има само во sci fi филовите и Манчестер Јунајтед.
Да бе брат, ако останеме без пласман во Топ 4, сезонава ке е фејл од епски размери. Ама за да бидеме шампиони, треба некогаш и да те посака. Земи го Арсенал денес на пример што дадоа Монти Пајтон гол, а нашиве се убија од креирање шанси. Им свирнаа пенал у 95-та. 2 сантиметри да беше ударот на Погба со глава, немаше да го имаме муабетов. Ама тоа е. Ја би бил пресреќен ако секој меч играме вака. Затоа што тоа што се случи денес, се случува еднаш во 50 натпревари.
 
Член од
16 ноември 2014
Мислења
241
Поени од реакции
251
5 поени разлика од врвот тоест 2 кикса. Има надеж, верувајте во тимов. Наше е а и мора да веруваме во прво место, не очекувајте ганери и останати да веруваат дека МУ ќе е шампион!! Се додека математички не го изгубиме трофејот, верувам во титула.
 
E

Epsilon

Гостин
креиравте шанси, одлични бевме, ама многу побитно е го исисавме, односно 1-1 со екипа од долниот дел на табелата. Како че ви "прдни" така си зборувате неколку души, се тешиме и клаваме розови наочари.

Јас во суштина сум човек што ми е многу битна последицата, односно крајниот резултат како е, па тогаш да ја оценам играта. Па и понекогаш може да се утешам, ако била една утакмица меѓу 3-4 победени, се случува, ама ова не!

И наидов на слика споредба со ван Гал, изглеа Мурињо помалце поени има освоено од ван Гал во првите неколку утакмици, колку беа 7?


:)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom