Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Nino Manchester

Oŋce α RED, αlwαys α RED
Член од
4 јуни 2009
Мислења
14.541
Поени од реакции
17.958
ок значи колку ми е мило што ја преспав утакмицава тоа чудо едно
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
ок значи колку ми е мило што ја преспав утакмицава тоа чудо едно
Е ова, зошто зборите напамет побогу? Некој да чита од страна исто што не гледал ќе мисли дека била типичен снузфест.

Сериозно не знам што беше толку досадно денес.
 
R

red.devil

Гостин
Кој кажа дека го правдаш? Каде пишав такво нешто?

Тебе ти пречат нашите критики спрема Руни па се јавуваш со драгонски ниво на сарказам.
Епа штом сум се праел на 3 и пол тогаш испаѓа сум го правдал. Освен ако не збориш на Монголски па да не те разбирам.

Не ми смета што го критикувате Руни, ми смета што формата на Јунајтед ја засновате на неговата форма а последниве два натпревари ви го потенцираат спротивното. И можеби малце ми смета хејтот спрема него, али океј тоа си е лично мислење и не се мешам.
Издркавте на Мата за играта против Лестер со статистики и споредби со Руни а имаше четири играчи кои што беа позаслужни од него за резултатот. И затоа без хумор прашувам колку паса имаше до Ибра денес за да знам дали ради тоа не постигнавме четири гола. :D
 

DimceY

Jimmy
Член од
20 ноември 2007
Мислења
5.863
Поени од реакции
5.737
се одби од некој наш играч топката и му смени правец на де хеа... затоа така изреагира.. плус беше во некоја полуретардирана висина ни горе ни доле ни средина... не дека е оправдување тоа ама пак... иначе требаше 14 : 0 да победат денес

Sent from my SM-G900F using Tapatalk
 

Nino Manchester

Oŋce α RED, αlwαys α RED
Член од
4 јуни 2009
Мислења
14.541
Поени од реакции
17.958
Е ова, зошто зборите напамет побогу? Некој да чита од страна исто што не гледал ќе мисли дека била типичен снузфест.

Сериозно не знам што беше толку досадно денес.
Мос нервоз бе о ти:D, арно реков дека ми е мило што не ја гледав, за да не се нервирам
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.929
Поени од реакции
11.746
Стоук си дојдоа по бод и си го освоија. Не можеш против 12 одбранбени едноставно коа не влага не влага. Погба беше многу слаб, а на Де Геа не можам да му замерам за грешката пошто 3 години уназад ни е најдобар во тим. Боли, пошто примивме шугав гол од шугав тим во шугав период од натпреварот. После се затворија, дури и хјуз застана позади гол.
Се на се, исто ко да сме освоиле 3 бода ако гомнава сити изгубат. Наредно коло посилни.
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
6.613
Поени од реакции
8.307
Не ми беше тоа поентата. Добра утакмица изигра Мата и генерално добро игра сезонава.Туку тоа што мислите дека "толку и толку додавања до Ибрахимовиќ" (кој што е дрво веќе пет натпревари и заслужува клупа исто колку капитенот) некако магично придонесоа резултатот со Лестер да биде 4-1.
Едно цвеќе не носи пролет, има многу проблеми во тимов ама фиксираноста со капитенот ви ги затвара очите.

Иначе, за тебе имам едно прашање? Зошто да не сакаш да кажиш лоши зборови за Ибра? Му се плашиш, господ ли е? Толку лешници изедени за капитенот а да се плашиш за Ибра да кажиш нешто лошо?? Или ќе ти се скараат другарчињата на форумов? :)[DOUBLEPOST=1475415832][/DOUBLEPOST]
Мора да има некој поразличен. Некако монотоно стана на форумов, ги избркавте сите.
Не сакам лош збор за Ибра да кажам у смисла да го опцујам или нешто слично, ипак е нов,во години или што и да му се дешава у позадина.Не можеш да оспориш дека има огромна корист од него(настрана утнувањата) поготово при креирање на напад.Колку пати само ќе се повлече на средина да започне акција или ќе искомбинира со некој и нешто слично.Ова се е мисловна именка за капитенот.Инаку за Ибра зборам уште од утакмицата со Сити ако не си приметил, уште од тогаш кога имаше шанса да дае 2ор гол а он избрза и ја рогна у трибини од тогаш навака цело време заебава околу финишот.Како и да е, пребарај назад мислења после утакмица ќе видиш дека какам да се одмори Ибра а и Рашфорд(да не игра лево или десно крило зашто многу сиса со дриблинзите на моменти) и да се проба утакмица-две Рашфорд или Марсијал на 9ка.

А за другарчињата ти најмалку треба да се секираш :)
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Мос нервоз бе о ти:D, арно реков дека ми е мило што не ја гледав, за да не се нервирам
извини, мислев и ти дека алудираш на досадна утакмица со еден шут на гол или лузерска игра.
Епа штом сум се праел на 3 и пол тогаш испаѓа сум го правдал. Освен ако не збориш на Монголски па да не те разбирам.

Не ми смета што го критикувате Руни, ми смета што формата на Јунајтед ја засновате на неговата форма а последниве два натпревари ви го потенцираат спротивното. И можеби малце ми смета хејтот спрема него, али океј тоа си е лично мислење и не се мешам.
Издркавте на Мата за играта против Лестер со статистики и споредби со Руни а имаше четири играчи кои што беа позаслужни од него за резултатот. И затоа без хумор прашувам колку паса имаше до Ибра денес за да знам дали ради тоа не постигнавме четири гола. :D
Имаше да, ама статистиката беше за да потенцира дека Мата има каде каде подобар decision making од капитенот наш и дека неговите топки го наоѓаат напаѓачот наместо да бидат изгубени некаде по терен :) Не знам зошто ги спомнуваш последниве два натпревари кога факт е дека и Де Геа да е на 10ка играта ќе е каде каде подобра и побрза. Џабе ќе се цитираме до сабајле, само да не ме сфатиш дека тоа против СССР беше добар меч, напротив, полоши бевме дури и од дента кога изгубивме од Вотфорд.
 

Nino Manchester

Oŋce α RED, αlwαys α RED
Член од
4 јуни 2009
Мислења
14.541
Поени од реакции
17.958
извини, мислев и ти дека алудираш на досадна утакмица со еден шут на гол или лузерска игра.

Имаше да, ама статистиката беше за да потенцира дека Мата има каде каде подобар decision making од капитенот наш и дека неговите топки го наоѓаат напаѓачот наместо да бидат изгубени некаде по терен :) Не знам зошто ги спомнуваш последниве два натпревари кога факт е дека и Де Геа да е на 10ка играта ќе е каде каде подобра и побрза. Џабе ќе се цитираме до сабајле, само да не ме сфатиш дека тоа против СССР беше добар меч, напротив, полоши бевме дури и од дента кога изгубивме од Вотфорд.
не бе ок е тамам работа, оправдано е сабота беше вчера:D
 
R

red.devil

Гостин
Језда ја гледав текмава со едно око ама стварно сте драма квинс повеќето, да не ме сфатите погрешно. Ок, со Зорја бевме ужас ама денес имавме најмалце 5-6 шанси и супер шутеви кои ги одбрани нивниот голман иако се нервирам што нашиве само доле шутираат и изгубивме бод поради грешка на Де Геа. Да не ме сфатите погрешно и за него, човек е и тој, редно беше да згреши, нема што да му замеруваме.

Некогаш од 4 шута на гол ќе влезат 4 гола, некогаш е вака, нема да сака да влезе топката и тоа е тоа. Јас само сакам Микитарјан да си игра наместо Лингард бидејќи ништо посебно не нуди на тимов. Идеме даље.
Не знам дали си забележала ама не можеш да очекуваш да ги реализираат сите 4 вистински шанси (од овие 20 и кусур удари) за да тепаат. И после тоа да се тешиме како немале среќа. Гледај по колку шанси праат Тотенхем, Сити, Ливерпул и Арсенал и ќе ја сетиш разликата. тоа против Лестер беше сплет на околности. Ако не беа корните, кои што денес не се реализираа, резултатот ќе беше идентичен. Јунајтед нема напредок во играта. И срамота ќе е играчи од калибар на овие што играат во Јунајтед ако не креираат барем три сериозни шанси во 90 минути макар и случајно. Играта на Јунајтед сега се сведува на случајност. Нема концепт, нема тактика, нема идеја... Идемо далје!
 
Член од
14 април 2012
Мислења
33.021
Поени од реакции
67.939
Епа штом сум се праел на 3 и пол тогаш испаѓа сум го правдал. Освен ако не збориш на Монголски па да не те разбирам.

Не ми смета што го критикувате Руни, ми смета што формата на Јунајтед ја засновате на неговата форма а последниве два натпревари ви го потенцираат спротивното. И можеби малце ми смета хејтот спрема него, али океј тоа си е лично мислење и не се мешам.
Издркавте на Мата за играта против Лестер со статистики и споредби со Руни а имаше четири играчи кои што беа позаслужни од него за резултатот. И затоа без хумор прашувам колку паса имаше до Ибра денес за да знам дали ради тоа не постигнавме четири гола. :D
Аха, ти си го правдал. Ок. Го расчистивме тоа. Еве, дур не сум ги измешал апчињата, да ти кажам.

Позицијата на која игра Руни е една од најбитните за секоја екипа која сака да игра фудбал со високо темпо. Руни има машта да игра на таа позиција, ама да беше во 2007-ма форма, кога систиот со своите игри и асистенции го направи Роналдо најдобар стрелец. Ама, да не зборам нешто што го знаеш.

Руни ја има замислата, ама ја нема реализацијата, има во глава што сака да направи, ама реализацијата му е нула. Пасевите што некој друг ги ставил до Мата доловуваат дел од тоа што го збориме дека Мата е многу подобро решение на таа позиција од Руни. Немам поима колку денес паса имал Мата за Ибрахимовиќ. Јас ги гледам натпреварите во целост, а натпреварите викаат дека откако Руни е седнат на клупа, Јунајтед креира дупло повеќе шанси. Другата страна на медаљонот е Фелаини, што денес пак се докажа дека Погба е 10 пати покорисен кога игра со Ерера зад него, а не со Фелаини до него.

Така да, според мене, добрата форма на Јунајтед се должи на седнувањето на Руни и на Фелаини на клупа.

Да не кажеш дека е лесно да си генерал по војна, еве ми го мислењето по мечот со Вотфорд.

Е сега, доаѓаме до коренот на проблемот. Руни и Фелаини. На првиот, упорно му се бара позиција во тимот, која нему ке му одговара. Го ебе тоа што Погба е најактивен во левиот канал од средината, а овој мора да игра на позиција од која мора да овозможува брз проток на топки. Али пошо, Руни е Руни, и има 5 times touch clause во договорот, целата игра губи добри 2 секунди. У последните 3 години имаме дадено 1 гол од контра. За екипа која што конкурира за највисок пласман, ова е легендарен податок. Често се прашуваат во фан клубот, што тоа треба да направи Руни. Факинг пас у празно. Шутот у минус, денес со левата нога го погоди аутот од повратната на Ибрахимовиќ. Приемот катастрофа. За тим кој сака на прво место, 2-ца играчи кои играат со рачна на средина е убиство. Се дур овие двајца играат во средината на Јунајтед, никогаш нема да освоиме ПЛ. Фелаини денес 10 топки го прелетаа, Игало и Дини го одраа во воздушни дуели.

Ајде да го споредиме нашиот трозабец од средината, со оние од екипите кон кои се стрмиме.

Реал - Модриќ-Касемиро-Крос
Барса - Ракитиќ-Бускец-Иниеста
Баерн - Видал-Алонсо-Санчез

Од кого е Фелаини подобар од горе набројаните, од оние што играат на негова позиција?

Искрено се надевав дека од меч во меч ке раснеме како екипа, а ние стагнираме. Еве, на Погба полека му ја наоѓа позицијата Мурињо, ама овие двајцата се слепо црево. Со нив нема контри, нема брз проток на топка, нема течна игра, нема интезитет. Се надевам дека грешам за болдираново. Огромен проблем е тоа што нема играчи кои втрчуваат во празно, освен Рашфорд. У тој случај, имај и 5 Сколса на терен, се е џабе.

Мурињо мора да го стави Руни на клупа. За негово добро. Зашто ако продолжи да го игра, има да се нагледаме на вакви Мојс утакмици. Не верував дека ова некогаш ке го кажам.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Не знам дали си забележала ама не можеш да очекуваш да ги реализираат сите 4 вистински шанси (од овие 20 и кусур удари) за да тепаат. И после тоа да се тешиме како немале среќа. Гледај по колку шанси праат Тотенхем, Сити, Ливерпул и Арсенал и ќе ја сетиш разликата. тоа против Лестер беше сплет на околности. Ако не беа корните, кои што денес не се реализираа, резултатот ќе беше идентичен. Јунајтед нема напредок во играта. И срамота ќе е играчи од калибар на овие што играат во Јунајтед ако не креираат барем три сериозни шанси во 90 минути макар и случајно. Играта на Јунајтед сега се сведува на случајност. Нема концепт, нема тактика, нема идеја... Идемо далје!
Само не знам зошто тоа го пишуваш ова баш денес кога имаше и шанси и шутеви и се што наброја. Дури и кога видоа дека не можат да поентираат од шеснаесетник и Погба и Ерера упатија шутеви од далечина. Се сложувам дека треба да се уште подобри и под тоа мислам поагресивни во пристапот и да пробуваат да ги завршат утакмиците во прво полувреме но дека нема никаков напредок не се согласувам.
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.781
Поени од реакции
9.596
Зошто сте толку буквалисти. Ова е од тие натпревари кога ќе направиш седум-осум 100% и заслужуваш 5-0 уште на полувреме да имаш, ама ете некој како Грант ќе се повампири и ќе се сведе на 1-0 да падни концентрацијата кога најмногу требаше и во последна линија и на ДДГ. Не е оправдание киксот на ДДГ кога Ибра на 2 пати можеше да бира како ќе даде гол, или ете Погба имаше 2 солидни шанси за гол, Лингард исто така. Сепак факт е дека падна концентрацијата тие 3-4 минути пред да примиме гол и се случи казната. Победа денес топ ќе дојдеше со оглед на резултатов на Сити, но сега Јунајтед не е Јунајтед ако не треба да оди по потешкиот пат, а тоа се дуелите со Челзи и Ливерпул.
 
R

red.devil

Гостин
Аха, ти си го правдал. Ок. Го расчистивме тоа. Еве, дур не сум ги измешал апчињата, да ти кажам.
Сега кој се користи со драгонски хумор? :D
Само не знам зошто тоа го пишуваш ова баш денес кога имаше и шанси и шутеви и се што наброја. Дури и кога видоа дека не можат да поентираат од шеснаесетник и Погба и Ерера упатија шутеви од далечина. Се сложувам дека треба да се уште подобри и под тоа мислам поагресивни во пристапот и да пробуваат да ги завршат утакмиците во прво полувреме но дека нема никаков напредок не се согласувам.
Ај ќе покажи времето. Иако не се согласувам дека има напредок. Не е напредок шутирање од секоја позиција. Напредок имаат тимовите што ги набројав. Везат по теренот, знаеш на Јунајтед која му е најјака постава? Мурињо не знае. Како што кажав ќе покажи времето.
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
12.004
Поени од реакции
7.161
Челзи и Ливерпул сигурно нема да играат деф. како Стоук па тогаш ќе видиме дали ги бива нашиве. Јас стојам на тврдењето дека уште неаме игра и се се базира на индивидуалност и случајност.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom