UEFA Europa League 2016/17

  • Креатор на темата Џонтра Волта
  • Време на започнување

Шампион сезонава е..


  • Вкупно гласачи
    67
  • Гласањето е завршено на .
Член од
23 август 2010
Мислења
39.945
Поени од реакции
116.469
Што им фалеше на Севиља што земаа 3 титули по ред во ЛЕ? Башка за тим како Интер кој претендира за висок пласман во првенство екипи како Шева и Спарта Прага не треба да се толкав проблем макар Интер игра и со втор тим. Не е толку безвредно натпреварување ЛЕ колку што го правиш.

Sent from my Ultra using Tapatalk
Па Севиља со Интер ја споредуваш? Севиља која не може да припари до топ 4 во Шпанија и нема ни да припари во догледно време... Интер е гигант кој назадува последниве 6 години, односно од 2010 навака. Како што реков Интер нема бекови и нема клупа, а во такви околности не гледам како може рамноправно да игра на два фронта. Да, можат да запнат и во ЛЕ, али многу веројатно е дека ќе умрат од смрт во февруари. Башка како што реков премногу утакмици има во ЛЕ, 6 у група, елиминации почнуваат од 1/16 финале, а има силни и заебани екипи кои живот даваат за ова натпреварување како на пример Шахтјор, Севиља (ок ЛШ играат али ко пример ги давам), Зенит, Билбао, итн итн. Што фајде ако Интер догура до 1/4 финале и загубат, а притоа ја заебат работата во Серија А? Вака нека гураат во Серија А со сите сили и нека ги бркаат првите три места.[DOUBLEPOST=1475266506][/DOUBLEPOST]
Ги заболе играчите за тоа колку пари зима клубот и колку троши. И те како сакаат да играат за да освојат нешто, само што толку се способни, веројатно.
:ROFLMAO:
Дандалк ќе земе повеќе пари од 1/2 финалистот во ЛЕ, па сега ти види колку клубовите, а и играчите не се замараат со пари. Мислиш не ги мотивираат фудбалерите премии, дополнителни парични награди и остало? Па 90% од фудбалерите имаат клаузули за успеси во европските натпреварувања, односно пред се ЛШ. Зборам за гигантиве, не за Хајдук и Вардар.

Патем да не заборавам, трето коло квалификации ЛШ играше Дандалк.

Што вика Делбој, дај им 50% од парите што ги зимаат во ЛШ и ќе видиш промена одма, како овие поголемите клубови ќе притискаат повеќе во ова наптреварување. Пробаа они од лани да направат промени, нели победникот игра ЛШ следната сезона, но сепак премногу екипи има и премногу утакмици треба да се одиграат за да се дојде до целта.
 
Последно уредено:

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.447
Поени од реакции
39.077
Настрана играчите , самите управи на клубовите сигурно ставаат акцент дека не треба многу да се замарат со натпреварувањето. Неможе Интер да го тепа Јуве , а после да губи 2 утакмици од ботови. Едноставно е , повеќе пари ќе потрошат по хотели и авиони шо ќе идат на гостувањата , отколку шо ќе заработат. :ROFLMAO: На екипи како Интер и Јунајтед воопшто не им прават разлика 7-8 милиони заработка од натпреварување кое трае цела сезона , и тоа со се распродадени стадиони со услов и ако стигнат до крајот. Мурињо ќе ја гризе лигата оваа сезона чисто колку да подигне морал во тимот и кај навивачите , не дека нема да избори ЛШ преку домашното првенство или за пар милиони профит.

Убаво спомна некој поназад , првенството си е створено за тимови како Севиља , Шалке , Вилареал и остали кои немаат честа прилика да земат некоја титула , и притоа да се пласират директно во ЛШ.
 
Член од
7 јуни 2011
Мислења
4.318
Поени од реакции
3.379
Екипи како Јунајтед, Рома, Интер, Билбао и уште некоја екипа со пола гас може да си ја поминат групата..
Како што и го прават Манчестер и Рома за сега..
Во 1/16 финале како први да си добијат лесен противник пат од 1/8 финале онаму може да се нагази не е ништо страшно..
Би сакал Рома да освои како што гледам со Интер ќе биде држ недај за тоа 3 место у пм..
 

DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.814
Поени од реакции
17.757
Настрана играчите , самите управи на клубовите сигурно ставаат акцент дека не треба многу да се замарат со натпреварувањето. Неможе Интер да го тепа Јуве , а после да губи 2 утакмици од ботови. Едноставно е , повеќе пари ќе потрошат по хотели и авиони шо ќе идат на гостувањата , отколку шо ќе заработат. :ROFLMAO: На екипи како Интер и Јунајтед воопшто не им прават разлика 7-8 милиони заработка од натпреварување кое трае цела сезона , и тоа со се распродадени стадиони со услов и ако стигнат до крајот. Мурињо ќе ја гризе лигата оваа сезона чисто колку да подигне морал во тимот и кај навивачите , не дека нема да избори ЛШ преку домашното првенство или за пар милиони профит.

Убаво спомна некој поназад , првенството си е створено за тимови како Севиља , Шалке , Вилареал и остали кои немаат честа прилика да земат некоја титула , и притоа да се пласират директно во ЛШ.
Поарно му е на пример на Интер да освојат ЛЕ и да играат во ЛШ наредната година него да завршат 7ми во Серија А и со курот в раце да останат (пример ланските сезони).

Само интересно ми е како ова мислење не го имаја Серија А фановите кога Јуве губеше од Фулом, испадна од Бенфика :icon_lol: итн итн
 

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Би сакал Рома да освои како што гледам со Интер ќе биде држ недај за тоа 3 место у пм..
Оти па Наполи да не се Баерн Минхен случајно?..тие демек имаат загарантирано 2-ро место?..долга е сезоната полека малце нема теорија да играат вака 9 месеци..ќе паднат кај ќе одат
 

DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.814
Поени од реакции
17.757
Оти па Наполи да не се Баерн Минхен случајно?..тие демек имаат загарантирано 2-ро место?..долга е сезоната полека малце нема теорија да играат вака 9 месеци..ќе паднат кај ќе одат
За разлика од лани Наполи има клупа овај пат ова најсериозно, имаат одлични замени а замисли Сари ги нема ставено во игра Максимович, Рог (кој патем е ѕверотиња и ми е криво шо потпиша за Наполи), Џакерини (кој е повеќе од солиден за Серија А и како замена) и Дивара кој е одличен младинец на крај сите се тепаја за него. Ова година ќе е гнасен противник Наполи за сите од топ 3, Милик мислам дека сепак ќе им е незаменлвиа сега за сега али па и Габиадини е доста потеценет играч и е одлична замена.
 
Член од
7 јуни 2011
Мислења
4.318
Поени од реакции
3.379
Оти па Наполи да не се Баерн Минхен случајно?..тие демек имаат загарантирано 2-ро место?..долга е сезоната полека малце нема теорија да играат вака 9 месеци..ќе паднат кај ќе одат
Дај боже друже нека паднат да не ги гледам веќе..
Но клупа имаат јака и долга.. Се надевам ЛШ ќе си го земе данокот уште утре кај Аталанта :)
 

Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.246
Поени од реакции
18.449
Оти па Наполи да не се Баерн Минхен случајно?..тие демек имаат загарантирано 2-ро место?..долга е сезоната полека малце нема теорија да играат вака 9 месеци..ќе паднат кај ќе одат
Џони и самиот си свесен дека веќе доста години Наполи е поквалитетен од Интер, ама никако да го прифатиш тоа. И постојано си ја чукаш главата за тоа како било можно постојано "умрените" Наполи да завршувале пред Интер.
 
R

red.devil

Гостин
Ги заболе играчите за тоа колку пари зима клубот и колку троши. И те како сакаат да играат за да освојат нешто, само што толку се способни, веројатно.
Па ако ги ставиш и бонусите што ги земаат за победа во равенката, а од друга страна ЛЕ нема некој голем фонд на награди а со тоа и мали бонуси за играчите, би рекол дека влијае повеќе отколку што мислиш.
Да сакаа сите да освојат нешто, интересна ќе беше и регионалната лига кај нас. 90% од играчите го гледаат фудбалот како работа без никакви амбиции за титули.
 

Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.251
Поени од реакции
8.168
Kако е можно онаа антиекипа Селта да ја победи Барса? Како?! ... а за Рома немам зборови...:facepalm:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom