РАДИОДИФУЗНА ТАКСА - има ли логична причина да постои?

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.239
Поени од реакции
78.861
Со плаќањето на мртв директно ја плаќаме кампањата и пропагандата на ВМРО ДПМНЕ (односно на бандата која го узрупира тоа име моментално). Мртв е сервис на владеачката партија, а не јавен сервис. Така беше и во времето на СДСМ.
 
Член од
5 ноември 2015
Мислења
57
Поени од реакции
27
Така е. И јас никаде не сум побарал да има улично осветлување, а секој месец ми се наплаќа за тоа. И тоа не само оваа власт, туку и сегашната опозиција. Ако ова не е терор, не знам што е. Исто така, кога ја регистрирам колата ми наплаќаат за „патишта“. Воопшто не сум ја барал таа услуга. Јас сакам регистрација само за низ град да возам, а овие... ТЕРОР.
Сепак во твоите примери не можам да видам каде има други конкурентска понуда, за разлика од РТД. Ако го изземеме Скопје, во другите, особено малите градови, ова обврска ТЕРОР, доведува до трагедии, особено со блокирањето на сметките.
 
Член од
5 јуни 2015
Мислења
696
Поени од реакции
445
Со плаќањето на мртв директно ја плаќаме кампањата и пропагандата на ВМРО ДПМНЕ (односно на бандата која го узрупира тоа име моментално). Мртв е сервис на владеачката партија, а не јавен сервис. Така беше и во времето на СДСМ.
Секогаш ќе биде така со националниот јавен ( во суштина приватен партијски сервис). Која и да е партија на власт во Македонија секогаш МРТВ ќе биде експонент на партијата која ќе биде на власт.
Кога само ќе погледнам колку е поразлично уредувањето и известувањето на ХРТ во Хрватска и РТС во Србија и колку балансирано известувањето на овие национални телевизии со МРТВ тоа е катастрофа.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Што им е сега па ова? http://www.pravdiko.mk/ujp-dolzhnitsite-za-rdt-da-si-gi-podignat-reshenijata-za-prisilna-naplata/
Ме има во листата а сите сметки ми се платени.
Па пишува, оние кои имаат платено да достават документи и веројатно ќе те избришат од листата.
Томислав Кежаровски е втор на листата. :)
 
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.712
Поени од реакции
1.152
И никако да се укине таа претплата:(
Нели им е доволен доказ,овој огромен список, дека народот НЕ сака да плаќа нешто што не гледа:)
А тоа е и дупло плаќање,на кабловска и мртв:(
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
И никако да се укине таа претплата:(
Нели им е доволен доказ,овој огромен список, дека народот НЕ сака да плаќа нешто што не гледа:)
А тоа е и дупло плаќање,на кабловска и мртв:(
Дали ќе има или нема претплата е одлука, секако од нас (ќе) се плаќа јавниот радиодифизен сервис (МРТ+). Тука не станува збор дали народот гледа или не гледа. Морате да научите дека МРТ и Сител, К5, Алфа, Канал 77... се сосема различни видови на медиуми. МРТ е јавен сервис. Како што владата се финансира од нас (и другата администрација), без разлика дали ни се допаѓа или не, тие мора да постојат и се финансираат од сите нас.
Следно, плаќањето на кабелските (кабловски е српски) оператори пак, е нешто тотално различно од претплатата за МРТ. Кабелскиот оператор си направил своја мрежа, ти нуди многу програми да ги добиваш преку еден кабел. Пазар. Никој не те обврзува да си корисник на некој кабелски оператор. Ти нему му плаќаш за услугата (што сам си ја избрал) за ТВ (и радио) канали. За споредба, ако се качиш во такси, ќе платиш за возењето, иако си регистрирал кола, си платил давачки, си наполнил гориво.
 
Ок е тоа што си напишал. Треба да се плаќа за МРТ, но и да има за возврат нешто за општеството.
Мора и МРТ да има подобра програмска содржина. Рекламираат американски серии кои никако да ги емитуваат. Немаат емисии каде ќе има слободна и непристрасна дебата.
Само што имаат нешто од спорт и временска прогноза, се друго е промашај.
Мисловна именка е кога конечно нема да има политика и исполитизираност во МРТ од било и која да е партија.
Кога ќе видам како во дневникот на ХРТ без страв известуваат и за негативните однесувања на партиите во Хрватска, како новинари на ХРТ слободно прават интервјуа со граѓани и велат: кога и вие младите планирате да ја напуштите Хрватска и да отидете во Германија, Австрија.....
Ова нема шанси новинарите во МРТ да го направат, се знае им следува санкција.
 
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.708
Поени од реакции
6.837

Е баш ти фала Ѓорѓи, што не научи, и тоа сликовито. Прочитај го насловот на темата, па потоа ургирај, да се укине. А зошто не плаќаме повисока радиодифузна такса? По 2.000 на пример? При тоа, и понатаму ќе ни даваат што сакаат и колку сакаат. Ќе имаат вработени колку што им е потребно, ќе трошат за што сакаат, а ние ќе мораме да плаќаме, бидејќи, како што велиш, мораме да научиме.
 
Член од
5 август 2016
Мислења
465
Поени од реакции
296
Дали ќе има или нема претплата е одлука, секако од нас (ќе) се плаќа јавниот радиодифизен сервис (МРТ+). Тука не станува збор дали народот гледа или не гледа. Морате да научите дека МРТ и Сител, К5, Алфа, Канал 77... се сосема различни видови на медиуми. МРТ е јавен сервис. Како што владата се финансира од нас (и другата администрација), без разлика дали ни се допаѓа или не, тие мора да постојат и се финансираат од сите нас.
Следно, плаќањето на кабелските (кабловски е српски) оператори пак, е нешто тотално различно од претплатата за МРТ. Кабелскиот оператор си направил своја мрежа, ти нуди многу програми да ги добиваш преку еден кабел. Пазар. Никој не те обврзува да си корисник на некој кабелски оператор. Ти нему му плаќаш за услугата (што сам си ја избрал) за ТВ (и радио) канали. За споредба, ако се качиш во такси, ќе платиш за возењето, иако си регистрирал кола, си платил давачки, си наполнил гориво.
ама ние во такси не се качуваме. зошто да плаќаме за нешто што не го користиме?

а зошто фирмите плаќаат радиодифузна такса? сигурно вработените не гледаат телвизија по цел ден.
 
Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058

Другиот дел од постот не ти го коментирам, ама за болдов... ти сериозен си ?

Заменик министер за образование и наука користи збор „аирлија“, а ти тука на форум ќе не учиш кој збор е српски, а кој македонски ?
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Заменик министер за образование и наука користи збор „аирлија“, а ти тука на форум ќе не учиш кој збор е српски, а кој македонски ?
Јас не сум му старател на заменик министерот, па да коментирам за него. Нема врска споредбата. Забелешката ми е сериозна, некој можеби ќе научи нешто, со оглед на (не)писменоста на младината.[DOUBLEPOST=1473250273][/DOUBLEPOST]
ама ние во такси не се качуваме. зошто да плаќаме за нешто што не го користиме?
а зошто фирмите плаќаат радиодифузна такса? сигурно вработените не гледаат телвизија по цел ден.
Реков, јас не сум адвокат на јавниот сервис, работа на договор е како ќе се финансира истиот. Ама ако си платил за кабелскиот оператор (такси), нема врска со претплатата (регистрацијата на колата и горивото).
 
Член од
4 февруари 2013
Мислења
738
Поени од реакции
551
ама се ненормални... денеска бев и им носам сметки и таму еден административен идиот ми вика, абе тоа ништо не е шо си се замарал. добро му викам ај ја шо сум се замарал сум се, мој проблем, дај ми сега ти мене решениево шо пишува тука, и ми вика, абе какво решение, нишо тука нема стасано, ја не ни знам шо бараш а тоа шо напишале кај нас уше не е стасано.... и си отидов
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Ок е тоа што си напишал. Треба да се плаќа за МРТ, но и да има за возврат нешто за општеството.
Мора и МРТ да има подобра програмска содржина. Рекламираат американски серии кои никако да ги емитуваат. Немаат емисии каде ќе има слободна и непристрасна дебата.
Само што имаат нешто од спорт и временска прогноза, се друго е промашај.
Мисловна именка е кога конечно нема да има политика и исполитизираност во МРТ од било и која да е партија.
Кога ќе видам како во дневникот на ХРТ без страв известуваат и за негативните однесувања на партиите во Хрватска, како новинари на ХРТ слободно прават интервјуа со граѓани и велат: кога и вие младите планирате да ја напуштите Хрватска и да отидете во Германија, Австрија.....
Ова нема шанси новинарите во МРТ да го направат, се знае им следува санкција.
Апсолутно си во право дека треба да се бара МРТ што подобро да ги извршува своите обврски. Тоа не е спорно, и не треба да зависи од претплатата. Дали преку претплата или на друг начин (од буџетот), МРТ ние го финансираме. Негова обврска е да што подобро работи, како и останатите државни „фирми“... министерства, шалтери...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom