Мизерија од филм, еден од најлошите филмови у животот што сум ги гледал. Предолг, три саат филм а нема никаква приказна, никаква, некаков ебен љубавен триаголник и вечната клише приказна за тешката судбина на македонците. Глума очајна, уште кога ќе го видам кретенот Коцев во главна улога јасно ти е се, едино сцената со Никола Ристановски беше одглумена на ниво, одма се гледа прав глумец од шарлатани.
Непотребно развлечени сцени, слаби дијалози, никакво темпо, нафрлани еден куп сцени без ред, и најосновно филмот ни сам не знае што сака да биде- комедија или драма.
2/10 и таа двојка чисто заради солидната сценографија и костимографија и добрите кадри и снимка.
Со кој ум некој дал пари да се финансира ваква бедотија стварно не знам.