Нов Македонски филм: До балчак - Приказна од дивиот исток

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.360
Поени од реакции
25.054
Минус: Предолг филм, неразработени ликови, нема со кого посебно да се поврзиш, ликот на Сашко Коцев со една фаца како да беше низ цел филм, сцените во хотелот прилично досадни, требаше тука кратење. Пукањата беа солидни но ништо посебно затоа што не ми беше гајле кој ќе умре кој не. Дијалозите помеѓу таткото на Филип и Филип ми беа беспотребни. Исто целото семејство не ми остави интересен впечаток, мајката си глумеше сосема ок улога ала Тилда Свиндон, ама недоволно.
Никола Којо и мерењето курови, а и општо не знам што бараше во филмот тој
Сенко Велинов мислам застрела петел ми падна жал така.
Вестерн дуелот :facepalm:

Плус: одличните пејсажи, сцената со Никола Ристановски која мислам дека заедно со сцената со сплавот беа нешто совршено... Кога помина сцената со сплавот си реков ова ќе биде ремек дело, но само на таа сцена ми остана, во пар со Зајди зајди пеењето, и секако крајот, крајот многу ми се допадна, дали намерно или не заврши како еден друг многу познат вестерн.
Музиката одлична, не беше исфорсирана, симпатична, на моменти зурлите и тапаните оставаат многу силен впечаток.
Тони Михајлоски одлично си го изработил ликот и за него навивав низ цел филм.
Дац исто така добар.
Неколку реплики од кои "ебати животот ако не си спремен да умреш за него".
Инти Шрај :love:
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Го изгледав вчера и ми се допадна...Не е Среќна (според мене најдобриот македонски филм), не е Тетовирање, ама е далеку подобар од Мајки, Шајки, Трето и останати филмови што излегоа последниве години од наша продукција.

Прво што ми се допадна дека паднаа стереотипите за комитите каде што беа преставувани како образовани револуционери и спасители на овие краишта.
Баш преставено точно, една необразована фела без скоро никаква организираност, без некаква чиста мисла каде се двии која што чуствува горчина за нивната состојба и нивната артикулација на гневот дека нешто не е во ред со тоа што му се случува ја исфрла на најпримитивен односно најчовечен начин.
Имаше еден цитат од некого кој викаше дека има закон кој е поголем од пропишаниот и таквите закони ги учаат хероите додека се мали.

Втора работа што ми се допадна беше одиграното од ликовите.
Лично Коцев не ми е некој глумец, ама овде навистина ми се допадна.
Баш глуми лик кој живее за моментот и на кого му е единствено важно да ја донесе вистинската правична одлука во моментот.
Не мисли за иднината од причина зошто знае дека нема многу иднина.

Штета што не се искористеле пејсажите за уште поубави сцени на отворено кои беа прекрасни и се тупеше со сцени во градот и хотелот.

Треба да го изгледам уште еднаш за да ги запамтам дел од дијалозите, ама како во секој филм на Попов и овде имаше дијалози за подвекување за иронијата во која што живееле т.е живееме.

Работи кои не ми се допаднаа беа хуморот во филмот кој ми беше онака инфантилен.
Многу непотребни сцени како сцената со Којо и мерење курови колку и да имаше некоја симболика тоа, сцената со мечката која што беше како за да им се допадне на странците правена, многу многу малку се кажа за потеклото на Музафер и неговата мајка и само бегло се премина преку таа емотивна сцена и приказна, слично како и тоа дека Филип му е полубрат и не се долови некоја внатрешна борба при такви соопштенија.
Штета што Ристановски помина со епизодна улога, а имаше многу материјал во него за да се исцрпи во овој филм.
Сенко исто така замина без многу емоции и не се долови љубовта кон сестра му на Крсто.
 

Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.786
Поени од реакции
4.432
Филмот има многу грешки
Тони како турчин еднаш совршено збори македонски еднаш родови греќи
Скопски жаргони во турско
Гораст во една реплика вика алоо кое ало бе
Францускиот ужас
Германскиот во сцената со балони катастрофа
Македонците прикажани како налудничави, ретардирани, пијаници, кукавици, изроди, наркомани, дивјаци, примитивци, глуперди кои откако ќе заземат цел град се групираат во кафана за пијанчење без никакви стражи и одбрамбени позиции
Комити кои поминале цело востание, поминале едно чудо битки виделе масакри, силувања тортура итн полни со омраза и желба за одмазда вооружени до заби со заземен цел град решаваат да одат за америка - логика нула смисла никаква
Влегуваат на бал што се организира во чест на султановиот роденден со цел да убиваат турски големци и предавници, а испаѓа дека тоа е свршувачка накбитна во градот за која никој не знае без обезбедување и само еден комита го брка единствениот турчин бљак
Приказна фактички нема, освен дека Музафер е јаничар и пустоши по своето родно место. Филмот изобилува со крајно непотребни сцени кои не се поврзани, примитивизам на завидно ниво и хумор од типот ние сме љуткави и ќе се глупираме вие смејте се
Штета што македонската историја се изобличува и се прикажува на ретардиран начин под дејство на разни супстанци
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.278
Поени од реакции
17.958
Искрено ништо посебно, просек.

Многу ми беше недефиниран филмот, првиот саат, саат и нешто беше океј, после некако тргна во чуден правец, од моментот кога го освоија градот премногу сцени беа вишок. Филмов можеше комотно да трае 2 саата, па и нешто помалку и да биде многу подобар.
Продукциски е феноменален, Ристановски растури, Дац being Дац си беше супер. Тони исто ме изненади, ама сепак имаше премногу непотребни сцени и филмот премногу отиде во чудна насока, некаде кога го ослободија градот па понатаму.
 

Џои

КИНЕКТиран
Член од
1 февруари 2007
Мислења
8.406
Поени од реакции
2.076
Го гледав филмов пред некој ден, ова е жива катастрофа. Македонците се претставени како најголеми пички и кукавици.

Страшно долг и страшно глуп филм, не би го препорачал ама баш на никој.
 
E

Epsilon

Гостин
Го гледав филмов пред некој ден, ова е жива катастрофа. Македонците се претставени како најголеми пички и кукавици.

Страшно долг и страшно глуп филм, не би го препорачал ама баш на никој.
Зошто како најголеми пички? Ти изгледа не си го догледал крајот. :)
 

Џои

КИНЕКТиран
Член од
1 февруари 2007
Мислења
8.406
Поени од реакции
2.076
Зошто како најголеми пички? Ти изгледа не си го догледал крајот. :)
Е што само тие двајца, друго све се испоуби се испозакла и даде се од себе да се мафне од Македонија. Кога го "ослободија" градот ниеден македонец не се радуваше сите беа претставени како да им било криво.
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Само што го изгледав филмот и можам да кажам дека е одличен. Се е погодено, глумата, музиката, сцената итн. Столе Попов уште еднаш покажа дека е најдобриот режисер. Филмот е господски и очекувам да биде забележен и во евроапа и светот. Пораката на филмот е одлична, комитите се преставени токму како што треба бидејќи животот ги натерал да бидат такви, додека на крајот кога се избричија и дотераа се виде дека можат да бидат нормални и еснафсаки луѓе. Исто така филмот праќа порака за судирот на учените револуционери кои имале пари да одат во париз итн. и револуционерите комити од селата и планините, но на крај се праќа порака дека е потребно едиснтво на тие за да успее борбата на Македонија за слобода. Филмот праќа порака за европа дека е курва, тоа го покажува англичанката која спиее со двајцата и од каде што доаѓа неморалот е нормална работа. Филмот праќа порака дека културата на запад е педерска а тоа го кажува моментот на филип кога ќе сака да нарача сок со кришка од лимун и по тоа се гледа колк уевропа влијале на него. На крајот се прикажува свадбата на крсто која ги прикажува луѓето пред да дојдат турците кои си биле нормални и си живееле спрема традицијата и македонската култура. Нема што друго да додадам во моентов само да констатирам дека филмот е екстра.
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.819
Филмот си имаше свои моменти, особено онака естетски, и моменто кои удираат на одреден импакт кој останува понатаму, но си имаше и глупости и недоречености.

Најмногу мене што ме нервираше беше скопскиот жаргон, особено она макеДОнец, изговор кој ме напиздува. Онака кроз сцените имаше и непотребни предмети кои не соодејствуваа со времето во кое се одвивало дејствието, али ништо страшно. Дека ќе постане некој култен македонски не верува, од мене има чиста шестка.

Глумата онака, Ристановски ми беше интересен и специфичен лик за кој мислев дека ќе се потприврзам, но Столе ми ја скрати таквата замисла. Дац како пијандура си го долови ликот, Сашко ми беше онака, уствари секогаш ми е онака и тешко ми е да го прифатам како добар актер од помладава генерација.

Естетски си беше добар, се гледа дека се има доста вложено во истиот, но мала замерка ми е тоа што истите та истите региони се опфатени, а со тоа и веќе видени, Штавица/Маркови кули патот на кај Трескавец и слично. Јас би играл на картата да се откриваат и овековечат и некои други убавини кроз Македонијава.

Имаше и по малку мудрување кое во одередни моменти ми се виде успешно и доловуваше поента, а во некои други онака ептен глупаво и непотребно, префорсирано а со тоа и вештачко.
 
Член од
1 јули 2014
Мислења
65
Поени од реакции
30
Некој да не просветли со линкче до филмот, има такво нешто? Ние вака што не сме во Мк а сакаме да му фрлиме едно око, би биле јако благодарни. Унапрет!
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.819
Некој да не просветли со линкче до филмот, има такво нешто? Ние вака што не сме во Мк а сакаме да му фрлиме едно око, би биле јако благодарни. Унапрет!
Не е уште официјално излезен по торенти или на јутуб како цел филм. Веројатно ќе треба да почекаш некое време.
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.819
Официјално излезен по торенти и на јутуб?
Претпоставувам дека сакаш да го гледаш на компјутер. Или да го симниш преку торент (ако е дозволено во земјата во која присуствуваш секако) или па да го гледаш како цел филм на јутуб :)
Овие две опција засега не се возможни.
 
Член од
1 јули 2014
Мислења
65
Поени од реакции
30
Претпоставувам дека сакаш да го гледаш на компјутер. Или да го симниш преку торент (ако е дозволено во земјата во која присуствуваш секако) или па да го гледаш како цел филм на јутуб :)
Овие две опција засега не се возможни.
Е де, ама уште за официјален торент не сум слушнал.
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.819
Е де, ама уште за официјален торент не сум слушнал.
Kaко сакаш така крсти го :) Јас се дрзнав да ти помогнам и одговорам, ти фаќај се за лапсуси и тоа е тоа ако така ти е убаво на душата.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom