Нов Македонски филм: До балчак - Приказна од дивиот исток

Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Ама барем у еден, у еден да имаше салам цицка.
Што и фалеше бе на Тереза, цела беше комплетна, пленеше со харизма :love::love::love::love::love::love:

и друго, и на Катарина не ти чинеа цицките во Трето полувреме, комплетна е и она целата

:cuc:
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Што и фалеше бе на Тереза, цела беше комплетна, пленеше со харизма :love::love::love::love::love::love:

и друго, и на Катарина не ти чинеа цицките во Трето полувреме, комплетна е и она целата

:cuc:

Оти никако неможев да се сетам на цицките во Трето полувреме преѓи :confused:
 
Член од
23 април 2011
Мислења
135
Поени од реакции
246
Sakam da go gledam filmov ama kako vo USA?
$15 na Western Union ili Paypal za onoj shto ke najde solucija za mojov problem
 
Член од
21 септември 2012
Мислења
1.308
Поени од реакции
1.443
За мене, филмов е катастрофален. Залудно портошени 3 часа. Среќа картите беа гратис :D :P ама времето не може да ми се вратииии :P :D

Мене воопшто не ми се допадна. Нема поента едноставно, или па јас не ја гледам. Глупост врз глупост. Пола филм на француски мумљаат, еба*е идиотите. Од мене има оценка 1/10. Актерите можеби одглумиле ок, ама стварно беден филм. Се на се, 0. А очекував повеќе... се разочарав. Значи зборам општо за приказната, за филмот... актерите и нивното глумење нема да го коментирам.
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
Филмот не беше до толку лош, аман не претерувајте. Приказната беше ок, глумата на актерите на ниво. Е сега не беше нешто ваууу. Можеа да го скратат барем едно 45 мин. предолг беше. Се на се крајна оценка од мене 7/10.
 

Dr. Wish

Outstanding Сasual Dating Authentic Maidens
Член од
23 септември 2013
Мислења
2.394
Поени од реакции
2.795
Da procita cicko Stole Popov kakvi ocenki davate na filmot,srcev udar ke dobie.
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
532
Поени од реакции
614
Според мое мислење Столе Попов направил прилично солиден филм, кој и покрај тоа што е долг, успева да го задржи вниманието на гледачот.

По гледањето (не)сакајќи го споредував со „Трето полувреме“. Нешто што најмногу ме иритира во нашата кинематографија е патетиката и самооплакувањето. Мислам дека Столе Попов успешно се обидел колку-толку да не направи чиста жалопојка од филм во која Македонците во занес едногласно пред окупаторот ќе ја пејат Јовано, Јованке или некоја друга песна од народниот фолклор.
Сигурно не е лесно да се падне во замката на патетиката имајќи предвид дека периодот кој е претставен во филмот е најтемниот период во нашата историја - 5 века ропство од една варварска, уназадена империја.
Имаше две сцени кои не беа пренападни, а сепак ја прикажуваа националната свест на народот - кога Сашко Коцев ја пее Зајди зајди и кога побунетите фатени во костец пред да почнат да се борат до смрт, извикуваат Македонија.

Малку за ликовите... ми се допадна глумата на актерката од Словенија која го одигра ликот на Англичанката Тереза. Дефинитивно му даде шарм на филмот. Да беше наша актерка немаше да се постигне истиот ефект. Сашко Коцев е со стандардна просечна накај потпросечна глума. Сигурно толку му е капацитетот и покрај тоа што е (пре)форсиран. Имало простор неговиот лик (Крсто) да се направи поиздржан, потемелен со оглед на неговата тажна животна приказна, но сепак останува доста неубедлив. При крајот на филмот кога дознава дека работата е дојдена До Балчак, кај него нема апсолутно никаква емоција. Ликот е целосно блед, лебди во неопределен простор. Гледачот попрво ќе си помисли дека ќе изврши самоубиство, отколку дека ќе го направи спротивното. Филип, европеизираниот Македонец (студент од Париз) исто добро одглуми и општо земено, неговиот лик беше интересен бидејќи беше (до некаде) спротивност на Крсто.

Филмот може да се разгледува симболично. На пример Тереза како олицетвоерение на Европа (или популарната етикета за западна Европа - курвата од Вавилон), која го заведува и темпераментниот Македонец (срце) и рационалниот Македонец (разум), ги поканува во Лондон, но на крај ниеден не останува со неа. Но и историски општопознат факт е индиферентноста на западните земји да им понудат каква и да е помош на поробените народи во нивното ослободување.
Потоа разединетоста кај востаниците. Уште на почетокот е прикажано како на многу мал број востаници постоел по еден надреден војвода, односно бројот на четите кои оделе,буквално кажано, со глава во ѕид бил толку голем што никаква координираност не постоела меѓу нив. И покрај тоа што имале благородна намера и еднствена цел, сепак нивните раштимани излети предизвикувале повеќе штета отколку корист. Разединетоста и ден денес не ни е туѓа.
 
E

Epsilon

Гостин
Со оглед на тоа што не ми беше гледан филмот, а веќе читав коментари како бил долг филмот, бла бла бла.... баш напротив ми го задржа вниманието до самиот крај.

Единствено имам замерка малку рамбо престрелките, но во целина беше добар филмот. И би сакал во иднина да гледам што е можно повеќе македонски и историски филмови.
 

blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
Со оглед на тоа што не ми беше гледан филмот, а веќе читав коментари како бил долг филмот, бла бла бла.... баш напротив ми го задржа вниманието до самиот крај.

Единствено имам замерка малку рамбо престрелките, но во целина беше добар филмот. И би сакал во иднина да гледам што е можно повеќе македонски и историски филмови.
Имаш македонски постари филмови на наша тв.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Со оглед на тоа што не ми беше гледан филмот, а веќе читав коментари како бил долг филмот, бла бла бла.... баш напротив ми го задржа вниманието до самиот крај.

Единствено имам замерка малку рамбо престрелките, но во целина беше добар филмот. И би сакал во иднина да гледам што е можно повеќе македонски и историски филмови.
http://goo.gl/20uMnq
Ако имаш толку мерак
 
А

Атомската мравка

Гостин
Солиден е филмот, само претерано долг 2 саати и 45 се премногу и можеле да скратат некои непотребни сцени..
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Do koga igra filmot? Ke igra i drugata nedela?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom