Нов Македонски филм: До балчак - Приказна од дивиот исток

Член од
6 септември 2008
Мислења
1.049
Поени од реакции
367
Некој да има да го сподели филмот?
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.674
Поени од реакции
8.103
Некој да има да го сподели филмот?
Да го имаше досега некој ќе го споделеше со нас, а и на јутјуб некој ќе го ставеше. Сеуште го нема никаде филмот совен што можеше да се гледа во кино.

И јас го чекам да излеле на интернет за да видам што е филмов, бидејќи не бев во кино.
 
Член од
1 јули 2014
Мислења
65
Поени од реакции
30
Да бев во можност ќе одев да го гледам на кино, ама...
 

Dr. Wish

Outstanding Сasual Dating Authentic Maidens
Член од
23 септември 2013
Мислења
2.393
Поени од реакции
2.794
Daa imase kino vo Tetovo ke odev da gledam ama...
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
2.435
Поени од реакции
5.468
Супер некој нека го сними на DVR и шлапнете го кај Бугарине на торент. (Македонија нема торент тракер хахаха)
Филмот не доби ни пиратерија. Да бевме асол држава ќе иставеа некое мочано ДВД за кое радо ќе платев неколку стотина денари.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.733
Поени од реакции
27.720
Да бевме асол држава ќе иставеа некое мочано ДВД за кое радо ќе платев неколку стотина денари.
Некои велат дека го имало и се вртело на бензинските некое време.
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
2.435
Поени од реакции
5.468
Ко легенда да е мајку му. "Некој велат некогаш постоело едно ДВД....."
Moжам на пираткана со пакетон ДВД-а што дреме под ТЦ Буњаковец и ми продава кино снимка од Jason Bourne со специален feature hardcoded Корејски да и дадам 150ден. а не можам да си купам филмови од Македонска продукција. И не само филмови, воопшто, цела Македонска културна сцена нема апсолутно никакво издаваштво.
Изумреа дисковите како медиуми а никој не се осмели да пласира дигитална продажба или што ти ја знам.
Тажно.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.674
Поени од реакции
8.103
Супер некој нека го сними на DVR и шлапнете го кај Бугарине на торент. (Македонија нема торент тракер хахаха)
Филмот не доби ни пиратерија. Да бевме асол држава ќе иставеа некое мочано ДВД за кое радо ќе платев неколку стотина денари.
Ќе го има изгледа на trackermk.com aко некој го сними.
 

Cannon

Doctor
Член од
22 март 2009
Мислења
5.101
Поени од реакции
5.841
Штом некој го стави на торент, одма споделувајте.
Нормално во пп.[DOUBLEPOST=1473336301][/DOUBLEPOST]И што држава ќе бевме незнам, држава во која се е пиратерија и фалсификат да немаме пиратска верзија на наш филм (кој е излезен веќе пред неколку години)
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.942
Поени од реакции
73.600
Филмов бесплатно ќе се прикажува на Бела ноќ. Еве евент (y)(y)

7 септември 2016 20:00 часот
ДО БАЛЧАК
2014 г., 165 мин., ДСП
Го изгледав вчера и можам да кажам дека е чиста десетка :D
Денес мислам дека ќе го даваат на ТВ, така да не пропуштајте :icon_mrgr:
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.131
Поени од реакции
13.257
И јас вчера бев и го изгледав и морам да кажам дека ептен добро филмче направил Столе Попов. На мошне реален начин прикажани страдањата на македонскиот народ и на Комитите. Убаво ја доловиле борбеноста, карактерот и издржливоста на еден Македонец и неговата вечна борба и потрага по слобода. Има и комични сцени, има и малку непотребни сцени, некој експлицитни што и не морале баш да ги стават никој не му е до гледање тоа баш, пошто сепак и деца и возрасни го гледат филмот, а и луѓе што не се педери :rolleyes:. Но како и да е, супер филм, позитивно ме изненади. Не е дека не ги чувствуваш 2 саати и 45 минути од што е интересен, но те држи филмот и исполнет е, не е воопшто пасивен. Еден од подобрите македонски филмови како и да е, топло препорачувам да погледате вечер на ТВ (y)
 
Последно уредено:
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Мизерија од филм, еден од најлошите филмови у животот што сум ги гледал. Предолг, три саат филм а нема никаква приказна, никаква, некаков ебен љубавен триаголник и вечната клише приказна за тешката судбина на македонците. Глума очајна, уште кога ќе го видам кретенот Коцев во главна улога јасно ти е се, едино сцената со Никола Ристановски беше одглумена на ниво, одма се гледа прав глумец од шарлатани.
Непотребно развлечени сцени, слаби дијалози, никакво темпо, нафрлани еден куп сцени без ред, и најосновно филмот ни сам не знае што сака да биде- комедија или драма.

2/10 и таа двојка чисто заради солидната сценографија и костимографија и добрите кадри и снимка.

Со кој ум некој дал пари да се финансира ваква бедотија стварно не знам.
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
2.435
Поени од реакции
5.468
Што апарат ќе беше она маму негова ни филм да снема, ни батерија да се потроши.
Ебеш ти денешниве DSLR-и......

Филмот 4/10.
Сите прават Directors Cut, на овај му треба скратена верзија. Да влезе повторно на монтажа и да удрат со тоа ножиците да го направат 90мин. дури и тоа многу му е со онаа приказна што ја има то ест нема.
А да на пола актерска екипа треба да им се објасни дека треба да прават дистинкција од глумење во театар и глумење на филм. Очигледно театралниот пристап им е вродена маана а толку глупо изгледа на филм.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom