- Член од
- 7 август 2010
- Мислења
- 3.518
- Поени од реакции
- 5.385
Па тоа жити се асоцира на ароганција и ти си доста свесен штом самиот си заклучи од каде мене ми дојде таа идеја.
Не е важно тоа да се вратиме на поентата. Пак ќе кажам, мене ми се чини дека стана збор за градски дерби мечеви, ама ајде ќе ја прошириме основата.
Како прво да ја разрешиме споредбата со Рома-Лацио. Напнатоста е претесен параметар за само него да го земаме при споредба на дуелите. Од вкупниот квалитет на напнатоста која ја поседува еден дуел може да отпадне некој си 10%. Ако го земаме во предвид тој параметар, тогаш и Сампдорија-Џенова, Палермо-Катанија па дури и Ѕвезда-Партизан може да ги сметаме за подобри градски/островски дерби мечеви. Но, дали е тоа така? Еве, твојот критериум напнатоста е поголема кај/пред сите овие мечеви во споредба со Милан-Интер. Во Џенова редовно има инциденти од широки размери, на Сицилија да не зборувам. Ми ја сфаќаш поентата, Милан-Интер како дерби не може да биде послабо и на пониско ниво од Лацио-Рома. Секоја чест за второво, ама квалитетот на тимовите кои се сретнале, важноста на мечевите што ги имаат изиграно, самиот квалитет на натпреварите што ги имаат одиграно прави оваа дерби да биде над другото. Тренерите што ги воделе овие два тима, ѕвездите на теренот, страшните кореографии на трибините и да не набројувам уште. Според тебе може Рома-Лацио да биде по(вметни која сакаш позитивна придавка) од Милан-Интер, ама ако подобро ги разгледаш фактите, се надевам дека ќе дадеш можност да си го промениш мислењето.
Што се однесува до Милан-Јувентус, можеби имаат играно повеќе битни мечеви за висок пласман, со поквалитетни фудбалери на теренот, ама предност на другото дерби е тоа што е сепак од исти град и некако има повеќе шмек. Исто да се надоврзам погоре на Џејми ако не се лажам, кој рече дека мечевите Милан-Јуве ретко биле интересни за неутралците, бидејќи пред се секогаш повеќе се тактизирало, на резултат ова-она. Додека како натпревар Милан-Интер, барем откако повеќето овде гледаме фудбал, со исклучок на последните 2-3 сезони секогаш бил интересен, отворен и бескомпромисен меч.
Дури мислам дека повеќе би го вметнал дербито на Италија (Интер- Јувентус) во конкуренција на миланското дерби, отколку дуелот Јуве-Милан.
Палермо-Катанија не е градско дерби. Едните се горе, а другите се долу, т.е. едните се лево, а другите десно.
