Веке подолго време (2-3 месеци) сум во криза во врската. Не сме се ни карале ни лутеле - НИШНО ама не ни оди... А сакаме и двајцата да ја спасиме врската - да останеме заедно. 2 год сум во врска и не сакам туку така за ништо да раскинам со девојка ми. Што е проблемот не знам. Имате ли некои совети да ми дадете, да променаме нешто? изглед, однесување...:nesum: многу ми е мака...
Штом и двајцата сакате да ја спасите врската,а очигледно и тебе и нејзе вие мака,сметам јас дека се сакате и вреди да се обидете на сите можни начини да успеете!
Да внесете новини во вашата врска,да ви биде секој ден поразличен и поубав од претходниот,веруј ми никогаш нема на тој начин да осетите монотонија или дека не ви оди!
Еден ден правете она што сака,одете на места каде што само она сака,па макар и заедно на шопинг,купи си маица која она ќе ти ја одбере,отидете и на фризер,јадете го нејзиното омилено јадење,и заедно гледајте филм која ОНА ќе го одбере,едноставно еден ден да биде цел по нејзин вкус!
Утредента пак нека биде твој ден,тогаш она нека прави тоа што ти го сакаш,заедно гледајте утакмица,одете и на фудбалски натпревар,правете нешта кои ти ги сакаш.
Ако пак стално излегувате на исто место навечер,сменете го и тоа,посетете некое друго место,или пак денски место на кафе,отидете на прошетка само во парк или на некој излет во природа,смејте се,уживајте...
Понекогаш излезете со твоите другари,понекогаш со нејзините,или пак соберете се негде друштво играјте друштвени игри,гледајте филм,напрајте мала забава итн
Едноставно да ви биде времето исполнето,секој нов ден да ви биде доживување,а не секојдневна рутина,рутина која ја уништува љубовта и ја претвора во навика,недозволувај тоа да ви се случи на вас!Потсетувај ја секој ден колку ја сакаш и колку ти значе,но тоа немора само да биде со зборови,туку и со пажња,со мали-но значајни гестови,биди и по малку романтичен,спреми и изненадување,тоа немора да бидат скапи поклони и букет рози,едно цветче од дворот на комшијата:smir: може да значи многу!
Секако и сексот да не го заборавиме:wink:Внесете новини и во тоа поле,сепак е дел од врската и љубовта,но не е најзначаен фактор!
И незнам што друго да ти кажам,пробај,можеби некои од моите совети ќе ти користат,но во никој случај не се откажувај одма!Верувај во себе и во љубовта!Вистинската љубов секогаш победува и може секакви препреки да преброди!:smir: