Game of Thrones

Член од
30 јули 2008
Мислења
4.314
Поени од реакции
2.840
Интересно како се кратат трошоци со рециклирање на статисти, али не личи добро. Тоа детето на Гили е изглеа истото дете што порано Најт Кинг го претвори у Вајтвокер. Една од курвите на Литл Фингер у неговиот бордел, ја видов меѓу публика на претставата у Бравос.
Слична ситуација беше и во LOTR кај што едно исто дете беше меѓу децата во Гондор, ХелмсДип и Хобитон.
ОК е да ги рециклираш статистите, али барем нека не бидат тие кои се во блиски кадри.
Ист татко имаат па си личат :)
 

Tegla

Interista
Член од
20 февруари 2012
Мислења
5.093
Поени од реакции
9.009
Една дилема само, Брен во времето на Ерис Таргериен воопшто не ни бил роден, како би можел тој да му ги праќа пораките во главата?

Или од денешна перспектива ќе му ги праќа во тогашно време?

Може некоја друга финта ќе излезе од ова.
Па Bran е прикажан како моќен greenseer низ сезоните. Кога се спои со дрвото (weirwood) со помош на Bloodraven научи како да ги користи своите моќи и да има визии од минати настани но и од иднината. Ликови од неговото минато можат да го слушнат неговиот глас преку гранките/лицата каде има засадено weirwood, древен начин на комуникација на children of the forest.

Е сега јужно скоро и да не е останато ниедно од тие weirwoods (пошто се сечени да се намали моќта на COTF), па не е јасно во серијата како сепак успеваат да го слушнат. Јас вака го сфаќам, кога се спои со дрвото во пештерата тоа му беше како one-time-plug и сега непречено може да ги користи моќите било каде пошто мантијата на Three Eyed Raven му се пренесе нему.

Моменти кои би ги издвоил се секако спојувањето на Coldhands и Benjen Stark во еден лик за потребите на серијата; Arya ака Cat of the Canals, како и секоја мачка неможе да се истренира и е своеволна, ги искористи Faceless Men и научи многу од нив за да шкртне уште некое име од нејзината листа за освета; Sam конечно по 6 сезони собра муда да му се спротистави на својот татко, а одличен беше и Randyll Tarly. Добра епизода во глобала но послаба од преходната, визијата ми беше хајлајт.
 
Член од
8 јули 2011
Мислења
107
Поени од реакции
62
Arya ака Cat of the Canals, како и секоја мачка неможе да се истренира и е своеволна, ги искористи Faceless Men и научи многу од нив за да шкртне уште некое име од нејзината листа за освета.
Точно. Баш убаво објаснето за Арја.


Sent from my Redmi Note 3 using Tapatalk
 

Freddy Krueger

The Dream Master
Член од
18 март 2009
Мислења
2.236
Поени од реакции
2.028
претекле насловите за последните 3 епизоди.

8. “No One”

9. “The Battle of the Bastards” :vozbud::vozbud:

10. “The Winds of Winter”
 

Freddy Krueger

The Dream Master
Член од
18 март 2009
Мислења
2.236
Поени од реакции
2.028
Sam конечно по 6 сезони собра муда да му се спротистави на својот татко, а одличен беше и Randyll Tarly.
па не баш, цело време ќутеше со наведната глава, и сите кога спиеа, го украде мечот и избега како пичка...али добро, сепак за Сем зборуваме!
 
Член од
7 август 2010
Мислења
3.518
Поени од реакции
5.385
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.709
Поени од реакции
33.353
Да, но тоа не објаснува зошто сакале да го претворат Бенџен во шетач, а не го убиле едноставно. Сепак имаат и тие некаква агенда. Можеби не ни сакаа да го убијат Џон, некој може да претпостави и дека можеа ако навистина сакаа да го замрзнат езерото или нешто слично. Сепак мислам дека Старк имаат посебно место во приказната. Не за џабе there must be a Stark in Winterfell :) Ама која е причината ќе видиме, исто Winter is coming не е сигурно само за временска прогноза. Или Старк ќе биде клучот во борбата, преговорите, некаков пакт и пржински договори со шетачиве, или... можеби ќе има некаква епска cold vs fire битка на Џон со ice dragons и шетачите против Дени, како што предвидуваат најпретераните теории :D
Кој сакал да го претвори Бенџен во шетач? Не те разбрав.

Децата (Children of the Forest) го реанимирале Бенџен со dragonglass во срецето откако White Walker-ите тешко го повредиле (или убиле, не сфатив точно). Ако мислеше на Децата, зошто они би сакале да го убијат Бенџен кога тој е од северот, односно ја има крвта на Првите луѓе со кои Децата по двеилјадогодишните војни склучиле пакт и отпосле живееле во мир? Првите луѓе дури и ја примиле религијата на Децата, сложувајќи се веќе да не ги сечат тие богодрвата или како и да се викаа (нели и во Винтерфел имаше едно такво). Што значи, баш тоа што го кажав погоре го објаснува тоа зошто Децата го спасиле Бенџен.

Или пак погрешно имаш сфатено дека White Walker-ите го направиле Бенџен таков каков што е?

Како што реков - јас не те разбрав тебе.
 

Коловрт

Озимандија
Член од
12 април 2010
Мислења
4.015
Поени од реакции
9.164
Интересно како се кратат трошоци со рециклирање на статисти, али не личи добро. Тоа детето на Гили е изглеа истото дете што порано Најт Кинг го претвори у Вајтвокер. Една од курвите на Литл Фингер у неговиот бордел, ја видов меѓу публика на претставата у Бравос.
Слична ситуација беше и во LOTR кај што едно исто дете беше меѓу децата во Гондор, ХелмсДип и Хобитон.
ОК е да ги рециклираш статистите, али барем нека не бидат тие кои се во блиски кадри.
Детето што го претворија во White Walker прво одделение ќе тргне од септември. :D
Тоа во 4 сезона беше, нема шанси да е истото.

Палатава на Тарли изгледа поспектакуларно и од Red Keep, а Винтерфел спрема ова делува како штала.
Па Винтерфел и треба да делува како штала. Северот е најсиромашното од седумте кралства, Рамнините каде што се Тарли се најбогатото.
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
И на крај му се појавува духот на Лијана на Џон Сноу и му вика: Tu verdadera madre soy yo!!!
Или Регар во Дарт Вејдер руво - Jon, I'm your father! :D (минус пресечени раце)

Уште една теорија се испостави вистинита - Брен е виновен за лудилото на Кралот Ерис и "burn them all" ..
Како тоа се испоставило дека е вистина? Каде е потврдена таа теорија? Јас не сум сретнал. Затоа што ако е потврдена, нема да биде теорија, туку show-cannon.

Теорија е дека Варис и Џон се Таргеријанци, дека Станис е жив, дека Бриен и Тормунд ќе се спукаат итн. - дур нема некоја официјална потврда.

Ако има негде каде е поврдено, линкни да видиме.

Исто и Варис, од која причина е поддржувач на Денерис.. Во минатата епизода откривме малце за неговото загадочно минато преку свештеничката но сепак остави голема мистерија. :cautious: Прочитав можна теорија дека и тој е Таргариен, на крајо сите таргариенци испадна упм што плодни ќе беа инцестоидните :ROFLMAO:
Во книгите има уште повеќе позадина и материјал за посолидни и цврсти теории во оваа насока. Дека и покомплексна е приказната. Не дека тука нема. Во серијата иако ги нема тие елементи, не значи дека нема простор да се игра таа карта. Во книгите има поделба на Таргеријанците на Зелени и Црни, вториве наречени Blackfyre подоцна. Варис се смета дека е Blackfyre Targaryen во криење, и дека го знае тоа и приказната за неговото минато што ја раскажува на сите е измислена. Или дека е само делум точна. Тоа со кастрацијата и другите spooky детали.

Дека секогаш е ќелав затоа што ја бричи главата за да ја скрие белата таргеријанска коса, а кастрираните делови веројатно биле искористени во некаков ритуал за Црвениот Бог или друго Езоско божество, бидејќи доаѓа од кралска, благородна позадина, а нели Мелисандре јасно ни кажа "there's power in king's blood". Ако е вистина, за сите умирачки кои она ги предвиде со пијавиците, дека се ради тоа случени, тогаш според моја проценка, кастрирани делови кои содржат кралска крв би требало малку појак потенцијал да имаат во однос на магија :D. Кој знае за што биле искористени, треба некој ептен запознаен до најситни детали со книгите да ни каже отприлика колку е стар Варис, и како младо момче кои биле побитни настани кои се случиле па да се процени за што може да било тоа искористено. Тука иде и врската со Илирио Мопатис, Кал Дрого итн. Сите коцки паѓаат на место.

Во книгите има повеќе индиции зошто може да биде Таргеријанец, како на пример дека Денерис му е План Б. Првичниот план му е да стави друг, машки преставник на Таргеријанците на Железниот Трон, од брат/полубрат на Дени наречен Егон, или Young Griff, кои некои го поврзуваат. Висерис беше пион за План Б (Денерис), и никогаш не беше сметан за достоен претсавник на таа ложа. Одговорите лежат и во тоа што цело време ја тераа Дени да иде за Ашаи, до таму каде и Shadowbinder-ката Quathe истото ја тераше кога Дени беше во Qarth. Али како и да е, има многу за објаснување, а повеќето важи само за книгите, не за серијата. Но дека може да се открие понатаму дека Варис е Таргеријанец и во серијава - може. Веројатно е дека новава црвена свештеничка токму тоа и сакаше да му го каже, ама не го кажа, а и затоа ни Варис не изгледаше многу љубопитен да дознае (затоа што не сака Тирион да дознае дека он е Таргеријанец). Ја сфати убаво дека го знае кој е и што е. И сега ќе го држи в рака. Веројатно и затоа беше така како помочан во изразот на лицето, никој таков впечаток му нема извадено, и сметам е доста веројатно дека е поради ова што го збориме.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom