Арја нема да ја гледаме со стапот, ќорава итн. понатаму што исто така е позитивно - почна да здосадува тоа. Незнам зошто ви е досаден стариот во партали, баш јако ја игра играта - ги прееба и старкана Олена и Серсеи и Џејми во еден потег.
Мислам дека е одлично изглумен, ликот бара смирена и досадна глума. Сигурно нема како поп да урла како на предизборен митинг. Томен братче кај се погоди ваков - брат му претерано див, а тој претерано мутав и кроток. Го вртат околу малиот прст, нема иднина во него.
Врв на епизодата секако визијата на Бран - страшно добри моменти од минатото и неколку важни од иднината. Што се однесува до мене пола епизода може да се посвети на него. Конечно и Бенџен Старк, ќе го носи Бран на Југ преку ѕидот
Ептен се слагам со ова, кажам уште пред некоја епизода, Врабецот ќе ги заебе сите на крај и му успева засега, ги врти околу малиот прст кралот и кралицата, ги понижи најмоќните фамилии во Вестерос и го контролира цел главен град. А Џонатан Прајс растура у цело тоа.
За сцените со Сем, не беа досадни, можеби беа малце подолги од што требаше но зошто е тоа. Прво, за актерите кои се ангажирани да ја играат фамилијта на Сем да добијат минутажа (да не биде за џабе ангажирањето) плус таткото беше погоден 150%. И второ да има некоја сцена во тој замокот каде е снимано, беше рекламиран доста за време на снимањето.
Епизодата беше солидна „сетап“ епизода. Башка визиите на Бран и враќањето на Бенџен, ѓубрето Оли беше во право, стварно бил жив чичкото позади ѕидот
И најдобро од се, најавија и конечно ќе ја видме разврската во Риверлендс, нешто што го барам и чекам двеипол сезони, враќањето на Волде Фреј, Едмур и Блекфиш ми беше најдоброто во епизодата.
Интересно што и Кеван е на страната на Томен и Врабецот, Серси и Џејми се целосно изолирани, веројатно Кеван се грижи за својот син па затоа е лојален.
Но, на сета генијалност на врабецот, очекувам да се прецени самиот себеси и да направи грешка, најверојатно со Марџери.
Денерис, онака, тоа па тоа, очекувам ова да е последниот или меѓу последните „големи говори“ и да прејде на акција, до крајот на сезоната или на почетокот на наредната ќе почне походот кон слободните градови и Вестерос.