Game of Thrones

Limbo

maybe an alien
Член од
26 декември 2007
Мислења
832
Поени од реакции
1.457
Па ако не грешам, сите северњаци (вклучително и Старк, Карстарк, Болтон, Умбер итн.) имаат поинаква крв од јужњаците. Кога се доселиле Андалите од Есос, тие ги населиле јужните краишта, а не успеале да го заземат Северот, и иако се мешале со Првите луѓе (First Men) преку мешани бракови, сепак кај северњаците веројатно има поголема количина од крвта на Првите луѓе. Тие дури уште ја зачувале старата религија, односно старите богови. Таа е поврзаноста со старите богови. Во секој случај се поразлични од остатокот од Вестерос.
Да, но тоа не објаснува зошто сакале да го претворат Бенџен во шетач, а не го убиле едноставно. Сепак имаат и тие некаква агенда. Можеби не ни сакаа да го убијат Џон, некој може да претпостави и дека можеа ако навистина сакаа да го замрзнат езерото или нешто слично. Сепак мислам дека Старк имаат посебно место во приказната. Не за џабе there must be a Stark in Winterfell :) Ама која е причината ќе видиме, исто Winter is coming не е сигурно само за временска прогноза. Или Старк ќе биде клучот во борбата, преговорите, некаков пакт и пржински договори со шетачиве, или... можеби ќе има некаква епска cold vs fire битка на Џон со ice dragons и шетачите против Дени, како што предвидуваат најпретераните теории :D
 
Џ

ЏинЏер

Гостин
Карстарк исто така имаат роднинска врска со Старк а и самово име на фамилијава асоцира на тоа Кар+Старк, па така правеа шетачи од бебињата.
Кога тоа Карстарк правеле шетачи од бебиња? Јас имам нешто испуштено/заборавено, или ти си грешка?
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.819
Дај нека ја отепа некој Калиси, преку куров ми дојде, досада жива со она посранине мотивациони говори ми накурчи да ја гледам во серијава :D
 
E

Epsilon

Гостин
А заборавив кога олку бил богат и моќен Сем зошто беше во Nights watch?

Или ова е исто ко да го пратил татко му да се искалеми во "војска" ?
 

Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.537
Поени од реакции
14.670
Има и за Џејми/Серсеи. Според други пак Тирион и единствениот вистински син на Тајвин и тој можеби го претпоставува тоа и е разочаран што неговиот единствен син е џуџе, затоа го мрази. Тајвин е сепак човек за кого пред се угледот на неговата куќа се најбитни, а Џејми е син баш каков што би сакал другите да имаат претстава дека е негов. Но можеби тоа што го задржува Тирион и покрај тоа што жена му умира на пораѓањето е бидејќи знаел дека е единствен негов син. Од друга страна можеби пак објаснувањето е дека претпоставувал ама не бил сигурен дека не е е негов. Неговите зборови на крај „you're not my son“ на крај може на различни начини да се интерпретираат, не мора во буквална смисла. Многу двосмислено може да се гледа на целата приказна околу тоа, така да мислам дека и двете опции се во игра.


Дени со Тирион и Варис како јавачи на змејови :P :ROFLMAO:

Мислам дека теоријата дека Брен го полудил лудиот крал, или дека тој го изградил ѕидот ми се премногу far-fetched а и би изгубило од тежина целото патување низ времето како plot device а и целата приказна ако се искористи за премногу историски настани. Иако можно е да има некаква индиректна вмешаност, ќе видиме.
тие што ја гледаат серијата и што ги имаат читано книгите ќе разберат дека Тајвин нема шанси да го дозоволи тоа . некој друг да му ги направи децата. Иако се знае дека многу бил заљубен во жена му, нема да дозволи никој да му го извалка лицето на Ланистер. Комплескот што му е набиен од татко му како неспособен водач неможи никој да му го отстрани. единствената причина зошто го мрази Кралот е затоа што тој го поништи бракот за серсеи и Регар исто така го прими Џејми во Гардата со цел да нема кој да биде наследник во casterly rock.
единствена работа што укажува во корист на твојава теорија е дека Ерис му рекол за време на венчавката дека му било криво што бил укинат законот за човек од повисок ранг да има право да му ја легни жена му за прва брачна ноќ. и тоа е само со цел да го обрука повеќе пошо Ерис му бил Љубоморен.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
А заборавив кога олку бил богат и моќен Сем зошто беше во Nights watch?

Или ова е исто ко да го пратил татко му да се искалеми во "војска" ?
Самата сцена од последната епизода кажува доволно. Сем бил неспособен за физички задачи (ловење, мечување, војување) имал вишак килограми, а во забеганиот карактер на татко му тоа го правело недостоен за наследник, затоа му дал ултиматум или ќе го убие или да оди на ѕидот и да се откаже од наследството. Така Сем е одстранет како легитимен наследник на лозата Тарли, неговиот брат доаѓа на тоа место.

Намерата на Рендал Тарли не била да го искалеми Сем и да го врати, туку да го прати на ѕидот и никогаш да не се врати.
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
тие што ја гледаат серијата и што ги имаат читано книгите ќе разберат дека Тајвин нема шанси да го дозоволи тоа . некој друг да му ги направи децата. Иако се знае дека многу бил заљубен во жена му, нема да дозволи никој да му го извалка лицето на Ланистер. Комплескот што му е набиен од татко му како неспособен водач неможи никој да му го отстрани. единствената причина зошто го мрази Кралот е затоа што тој го поништи бракот за серсеи и Регар исто така го прими Џејми во Гардата со цел да нема кој да биде наследник во casterly rock.
единствена работа што укажува во корист на твојава теорија е дека Ерис му рекол за време на венчавката дека му било криво што бил укинат законот за човек од повисок ранг да има право да му ја легни жена му за прва брачна ноќ. и тоа е само со цел да го обрука повеќе пошо Ерис му бил Љубоморен.
Интересно, како истава реченица важи и за Џејми. Видовме дека иако е фактички отстранет од фамилијата ради тоа што е во кралската гарда, прави се за да го спаси името Ланистерово и неговиот единствен преостанат син. Но е и преголем папучар, па не може потполно да носи самостојни одлуки.

Мене нема да ми биде вооппшто чудно Тирион да е син на Лудиот. Баш и во оваа епизода имаше интересен хинт (или blue balls во зависност дали ќе испадне точно или не теоријата) баш со wildfire-от.

Mad King wanted to burn them all, а токму Тирион го направи тоа години подоцна во битката на Blackwater Bay. Но наместо со валјдфајрот да го запали градот, он го спаси, палејќи ја флотата на Станис. Не дека ова е некоја силна поврзаност, ама сепак ја гледам ко некаква.

А и во самиот чин на kinslaying-от на Џејми, можно е Тајвин да има улога и по негова наредба/совет Џејми да го убие Лудиот Крал.

Кога сме веќе кај најновата визија на Брен поврзана со Џејми и Mad King, малку ми е бош што го прикажаа old Jaime. Глупо е, пример во Tower of Joy сцената имаме young Ned актер, тука го имаме „сегашниот“ Џејми а двете сцени се дешаваат практично во иста година, затоа што Нед после убивањето на Лудиот Крал од страна на Џејми оди во Стормс Енд па потоа директно во ToJ кај Лијана.

Или ако ја прикажат сеа и таа сцена од KL преку визија, кога Нед доаѓа во Red Keep и го наоѓа Џејми на тронот со кралот убиен пред него, ќе треба во сцената да играат young Ned и Old Jaimie, wtf? :D

И во оригиналот а и во шоуто Џејми и Нед се речиси генерација, Нед имал 20 кога се десило тоа, Џејми 16 години, сеа у визијава испаѓа обратно. Не е пропуст кој влијае врз приказната ама мислам дека е глупо. Требаше во визијата да најмат некој за да го глуми младиот Џејми, секако ќе познаевме дека е он, знаеме кој го има убиено Mad King.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.324
Поени од реакции
79.075
Интересно како се кратат трошоци со рециклирање на статисти, али не личи добро. Тоа детето на Гили е изглеа истото дете што порано Најт Кинг го претвори у Вајтвокер. Една од курвите на Литл Фингер у неговиот бордел, ја видов меѓу публика на претставата у Бравос.
Слична ситуација беше и во LOTR кај што едно исто дете беше меѓу децата во Гондор, ХелмсДип и Хобитон.
ОК е да ги рециклираш статистите, али барем нека не бидат тие кои се во блиски кадри.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom