Саем на книгата

Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Општо зборував, не ти се обраќав на тебе конкретно.
Ама повеќето не сакаат да дадат 150 денари за книга КЛАСИК, ама не им е проблем да лупнат минимум 600 денари на едно седнување во кафана. Ама ок, секој со своите приоритети.
И на крај, нема потреба од таква реплика, ниту ти знаеш каков живот водам и колку пари трошам и навистина не ти беше потребен сарказмот, пошто не ти се обраќав конкретно на тебе, туку генерално ме инспирираше муабетот.
Општо зборено само јас се „бунев“ и јас се почувствував прозван во објавата.
До 20Ч
Кај 19и30 затвараат :pos:
Кај нас ако не затвараат пола саат порано не ги бива. Тој пола саат се спремаат за одење. :pos:
туку прашуваше за Слово, видов на штанд со Готен се, е сега што понуда имаат не гледав многу оти не ми беа нешто многу интересни. :D
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.817
Me интересира дали на саемов може да се најдат книгиве, пошто ќе оди во петок едно другарче за да ги побара и да ми ги земи, да не му давам обврска и да го пуштам ко мува без глава :D

Воедно и мислења се добредојдени околу превод, квалитет на примерок и слично доколку некој ги ѕирнал претходно.

Скандалите во Кроум-Хоксли
http://www.kupikniga.mk/BookDetails.aspx?Pr=32220

Реторика-АРИСТОТЕЛ
http://www.kupikniga.mk/BookDetails.aspx?Pr=631
Ова можи и не оти е од Ѓурѓа, од друга издавачка не сум ја сретнал, се двоумам.

Мудроста на западот-Расел
http://www.kupikniga.mk/BookDetails.aspx?Pr=92

Политика-Аристотел
http://www.kupikniga.mk/BookDetails.aspx?Pr=29352


Благодарам предвреме на било каков одговор.






 
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.133
Поени од реакции
8.226
Купивте нешто денес на отворањето или само сондиравте? :) Јас се подновив нешто, утре ќе одам уште еднаш да докупам тоа што ми остана (ќе постирам на темава).

Од Антолог не купив ништо затоа што не ми го дадоа истиот попуст на пакетот Класици од зимоска. Ако дадат некој саглам попуст понатаму, ќе ги купам. Ми фатија око попустите на Магор, на Одисеја конкретно, мек повез 250 ден., тврд 450 ден. (редовната цена на втората е 800 д). Магор добар попуст имаа и на Синтаксата и Стилистиката на професорката Ѓуркова, по 350 ден. беа (јас ја имам Синтаксата, 600 е редовната цена). Другото стандард сè по старо...
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.817
Купивте нешто денес на отворањето или само сондиравте? :) Јас се подновив нешто, утре ќе одам уште еднаш да докупам тоа што ми остана (ќе постирам на темава).

Од Антолог не купив ништо затоа што не ми го дадоа истиот попуст на пакетот Класици од зимоска. Ако дадат некој саглам попуст понатаму, ќе ги купам. Ми фатија око попустите на Магор, на Одисеја конкретно, мек повез 250, тврд 450 (редовната цена на втората е 800). Магор добар попуст имаа и на Синтаксата и Стилистиката на професорката Ѓуркова, по 350 ден. беа (јас ја имам Синтаксата 600 е редовната цена). Другото стандард сè по старо...
Ај ама да не ти е обврска ѕирни само успат ако имаш време од тоа погоре што постирав дали се најдува, за да знам што да му кажам на детево, петок иди тоа. Оти во Прилеп сме апла отепани ништо немаме, освен бестселери и некое љубовно романче, друго не се најдува. За да знам да ги турам како „замени" од Борхес некои книги, ако нема пример од Аристотел или што ти знам .

Ако не се погоди прилика биди здрав и жив! :)
 
Последно уредено:
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.133
Поени од реакции
8.226
Ај ако не ти е обврска ѕирни само успат ако имаш време од тоа погоре што постирав дали се најдува, за да знам што да му кажам на детево, петок иди тоа. Оти во Прилеп сме апла отепани ништо немаме, освен бестселери и некое љубовно романче, друго не се најдува. За да знам да ги турам како „замени" од Борхес некои книги, ако нема пример од Аристотел или што ти знам .

Ако не се погоди прилика биди здрав и жив! :)
Aјде ќе проверам, кога и онака сум таму. Таа Скандалите во Кроум ти е 200 денари кај Антолог. За тие другите ќе ти кажам.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Me интересира дали на саемов може да се најдат книгиве, пошто ќе оди во петок едно другарче за да ги побара и да ми ги земи, да не му давам обврска и да го пуштам ко мува без глава :D

Воедно и мислења се добредојдени околу превод, квалитет на примерок и слично доколку некој ги ѕирнал претходно.


Реторика-АРИСТОТЕЛ
http://www.kupikniga.mk/BookDetails.aspx?Pr=631
Ова можи и не оти е од Ѓурѓа, од друга издавачка не сум ја сретнал, се двоумам.

Мудроста на западот-Расел
http://www.kupikniga.mk/BookDetails.aspx?Pr=92

Политика-Аристотел
http://www.kupikniga.mk/BookDetails.aspx?Pr=29352


Благодарам предвреме на било каков одговор.
Од овие, јас имам две: „Реторика“ и „Политика“.
„Реторика“ досега ја имам сретнато само во изданието на Ѓурѓа и сигурно ќе можеш да ја најдеш на Саем (и лани ја имаше), ама јас не би ти препорачала. Иако за разлика од други нивни изданија, оваа дури е и златно преведена, сепак, почекај да излезе издание од некоја друга издавачка куќа. Посебно ако ти е чисто за твое сопствено задоволство.

„Политика“ е топ. Иако јас малку поодамна ја прочитав и сега ме инспирираше уште еднаш да си ја препрочитам, ама ако добро ме држи сеќавањето, книгата е одлична. Преводот е сосема пристоен и коректен, а содржината такоЃе. Мене оваа книга ми е една од омилените од овој тип. Издавачката куќа „Слово“ мислам дека ќе има свој штанд, така што ако можеш да ја земеш топло би ти ја препорачала. :)

„Мудроста на западот“ и мене ми е на листа за читање, така што и јас би сакалa да чујам нечие мислење за неа. :D
 
Член од
22 јуни 2010
Мислења
3.688
Поени од реакции
5.444
Ме интересира за Во потрага по изгубеното време од Пруст, видов дека ја има во издание на Арс Ламина во два тома. Тоа се вкупно седумте книги во два тома, така?
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.817
A Замоков од Кафка од Табернакул, има некој попуст или слабо, бичи 500ки стандард :D?
 

ЈуријАркадиевич

Модератор
Член од
10 мај 2010
Мислења
1.784
Поени од реакции
6.970
Ме интересира за Во потрага по изгубеното време од Пруст, видов дека ја има во издание на Арс Ламина во два тома. Тоа се вкупно седумте книги во два тома, така?
Не се седумте книги во два тома. Мислам дека се во план да излезат целосно кај нив, ама се` уште не се.
 
Последно уредено:
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
@Shawn Spencer - Нема да верувате што ми се случи вечерва - Ненад Вујадиновиќ („Што сонува кучето”) ја има на саем, штанд на Магор - само 50 ден. ;)
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
@Shawn Spencer - Нема да верувате што ми се случи вечерва - Ненад Вујадиновиќ („Што сонува кучето”) ја има на саем, штанд на Магор - само 50 ден. ;)
Пу што не рече порано, пред саат време се вратив од саемот.

Денешен плен:
Моби Дик 1 и 2 - типката беше ептен срцкаста од Макавеј, еден том беше 260, двата се фаќаа 520, ми вика двата ако ги земеш ќе имаш уште поголем попуст и за 440 ми испадна. Затоа си ги сакам маливе книжарничиња. :love: Башка преводот си е топ. :love:

Од ПНВ онака прв штанд се залетав и ги зедов Писма до еден германски пријател од Ками и Знакот на Четворката од Конан Дојл. (само уште преводот да е лош) :(

Бегемот онака боже да не земам ништо и пак зедов Мирисот на дамата.. од Леру. :icon_mrgr: Ако не изумам може и првиот дел да го земам на англиски го видов во Академска за 180че.

Папокот на светот на Венко за 160 денари. Најевтино издание е ова изгледа. Башка со тврда корица, одлична хартија и пљус ми изгледа во ред книгата ко ја зачитав. Се пишманив не ми се даваше 240 за Вештица, лани била 200. :(

Од Урошевиќ една си зедов и од Антолог со неверојатно срцкастите женски, одличен избор на книги и све на место, Окфордските убиства и Бавната смрт на Лусијана ги зедов.

Од Вујадиновиќ драмата ако не изумам ќе ја земам утре - пак ќе идам Гилјермо да ми ги потпише книгите. :D
Ако не сабота, по четврти пат друштво да правам на другарка + земање на се што сум подзаборавил.. :icon_mrgr:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom