- Член од
- 20 јули 2014
- Мислења
- 3.424
- Поени од реакции
- 9.316

Ова купив годинава.
Бегемот: Х.Л.Борхес ~ Универзална историја на нечесноста, Извештајот на Броди, Сеќавањето на Шекспир, Алеф и Фикции. Книга од песок ја купив на зимскиот саем во Менада, ама јако ми беше сега сите на куп да ги турам.


Слово: М.Булгаков ~ Записи на младиот лекар
Топер: Артур Кларк, Стивен Бакстер ~ Светлината на другите дни
Или-Или: Итало Калвино ~ Невидливи градови
Secondhand: Хенри Милер ~ Раковиот напоредник, Под притисок: Панорама на современиот босанско херцеговски расказ, Давид Албахари ~ Гец и Маер (сите три од Блесок), Осип Мандељштам ~ Темен воздух (препев на Е.Клетников).
Таа Панорамата поим немам што е, повеќе ми беше за другиве книги да го фатам попустот, ама пред саемов ја гледав на веб-страницата на Блесок редовната цена беше 700 ден. Си викам шоидае нека тера.

Ги имаше сите книги што ме прашуваше...