Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Демек House во House M.D. знае што збори без разлика дали тие случаи се вистини или не.:):)
а кој кур па треба да знаат што зборат? Они си папаат пари за да изглумат емоции и ликови, не да ги разбираат скриптите, дали варичела биле сипаници или труење, ебаго. :D
 
Демек House во House M.D. знае што збори без разлика дали тие случаи се вистини или не.:):)
Не ти е добра споредбата, медицинските термини беа најголем дел но не клучен во серијата, фокусот беше на карактерот на докторот.

Во The big short доколку не ти се јасни термините, неможеш да ја пратиш приказната и реално се губи поентата на филмот. Во 99 Homes исто така се врти слична приказна но сепак мора да кажам дека и покрај безбројте филмови и документарки што сум ги гледал на оваа тема овде се претера со термините.[DOUBLEPOST=1453417831][/DOUBLEPOST]
Margin Call ми е гледан, исто уште една доку-драма чие име никако да ми текне
Margin Call ми беше некако лош, Inside Job беше одличен и многу полесен за пратење.

Отидовме малку оф топик, кој го интересира малку повеќе оваа документарка во 4 делови од фронтлајн е ремек дело
 
Последно уредено:
Не го сфатив The Lobster. Го догледав чисто зошто идејата беше оригинална и ме интересираше што ќе се случува до крајот.
Хмм, што не сфати?
Дејствието е во некоја блиска иднина или паралелен универзум каде што поради некоја причина на самците се гледа како да се болни луѓе. Поради ова, се отвора бизнис (хотелот) каде што треба самците да се „излекуваат“ со тоа што ќе си најдат партнер. Ако не си најдат партнер за 45 дена, се претвораат во животно по сопствен избор. Ако сакаат подолго да останат во хотелот, треба да ловат самци што избегале од хотелот. Логично е кога има ваков хотел, да има и контра организација што ќе се бори за правата на самците. Ова е втората половина од филмот каде што Колин Фарел им се придружува.
Она што мене често ми се моташе во глава е она што голем дел од филмовите и филозофијата сака да го каже: љубовта победува се.
 
Ех, камо да е само тој термин во филмот си поминал лесно :icon_mrgr: Не го имам гледано и не сум сигурен дали да го гледам The Big Short...
За Spotlight пишав во мојот спојлер, misguiding е плот-от. Не се работи за педофили свештеници туку се работи за истражувачко новинарство. И како таков, пак е обичен филмот, ќе ми биде вечна мистерија што видел @wot во него :( ( И ќе го пингам на секое :pipi:)
Овој е бетер, да не го гледаш! И овој не е за кризата, туку за банкари што профитирале или не од неа.
 
Хмм, што не сфати?
Дејствието е во некоја блиска иднина или паралелен универзум каде што поради некоја причина на самците се гледа како да се болни луѓе. Поради ова, се отвора бизнис (хотелот) каде што треба самците да се „излекуваат“ со тоа што ќе си најдат партнер. Ако не си најдат партнер за 45 дена, се претвораат во животно по сопствен избор. Ако сакаат подолго да останат во хотелот, треба да ловат самци што избегале од хотелот. Логично е кога има ваков хотел, да има и контра организација што ќе се бори за правата на самците. Ова е втората половина од филмот каде што Колин Фарел им се придружува.
Она што мене често ми се моташе во глава е она што голем дел од филмовите и филозофијата сака да го каже: љубовта победува се.

Дејствието и ова се‘ што го кажа ми е јасно, ама мислев да не има некоја симболика ова со животните. Исто пораката не ми беше јасна, ама еве викаш љубовта победува се‘. И крајот некако безвезно оставен отворен.
 
Оф кој ќе дочека уште 19 дена до Дед факинг пул :(
Рајан Рејнолдс како се има соживеано со улогава. :ROFLMAO: Очекујем да развали на бокс офисо (y)
 
Абе дечки, гледам секое второ мислење ви е за суперхеројскиве, а нема тема за нив на форумов (или јас не можам да најдам)?

Јас по Бетмените и X-Men (изгледани сите до еден од тие франшизи), ги затепав полека од Marvel Cinematic Universe, па пред да продолжам, не ми се јасни некои работи. За почеток: Captain America не старее заради серумот или бил замрзнат по падот со авионот во ледот, па затоа не му остарело телото?
 
Дај Злате отвори една тема озбилно. Инаку мислам поради тоа што е замрзнат, криогенеза или како и да се викаше, вака од сеќавање. :D
 
Well that was a surprise

Trumbo е фантастичен, немав никакви очекувања ни знаев нешто за филмот пред да го гледам. Одлични актери и интересно изработена уникатна приказна. 10/10
 
Дај Злате отвори една тема озбилно. Инаку мислам поради тоа што е замрзнат, криогенеза или како и да се викаше, вака од сеќавање. :D
Значи може да умре, така?
 
Да, сите се смртни во Марвел освен Тор. Исто и мутантите, Вулверин е најблиску до бесмртен. Инаку мене ми е подобар Х-мен серијалот, посебно последните со Фесбендер се супер.
Неспоредливо подобри се X-Men. А како е Тор бесмртен, кога татко му Один беше на смртна постела?

А за Captain America - нели серумот предизвикува брза регенерација на клетките? Ако е така, не може да се регенерира ако го повредат (смртно)?
 
Дури сме кај Х-мен серијалот, интересен факт е дека режисер е Брајан Сингер, режисерот на The Usual Suspects.
 
Back
На врв Bottom