Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Не знам дали и колку ги имаш читано СС стриповите (или па лаички пукаш само), ама во нив и те како се успешни во мисиите. Но муабетот тука не е во мисијата, туку во суштината на антагонистите и нивната поставеност спрема неа. Некој гледа само да заврши работа и да се врати назад, друг мисли како да ја дабл-кросне Волер и да успее да избега на слобода од целиот хаос, трет е безнадежен и к*р го боли дали ќе пламне или не - едноставно премногу изгубил до сега, четврт е спремен дури и да се фрли во оган и да биде жртвено јаре за спас на другите и на мисијата, петти гледа искупљење за греховите од минатото преку ова и т.д. и т.д. Внатрешните побуди, и кој на што, и за кого е спремен да направи нешто, ја даваат дражта уствари на овие негативци. Цаката е само што сите се папетс он стрингс на Аманда Волер, а она треба да биде претставена како најголем дууш во филмот и уствари на крајот треба да тие помине низ глава мислата ''Колку би било јако само Дедшот да и' свирне еден куршум меѓу очи на оваа и да се заврши циркусов''.за Suicide Squad, највеќе од ова што го имам видено досега ме нервира што во филмов дури и таглајнот е Worst HEROES Ever, како упорно да се обидуваат негативциве да ги приказат во добро светло...која е поентата да имаш филм полн со негативци што глумат херои?
во стриповите
и анимираните филмови, и покрај тоа што се најмени да завршат некоја мисија( во филмов да го спасат светот), никогаш не биле успешни затоа што секој од нив си има своја агенда и порано или подоцна секогаш усеруваат, и на крај бетмен или супермен го спасуваат денот!
сепак ќе треба да се изгледа па да се оцени!
Хмм има торенти за Labyrinth of Lies и Son of Saul? Не можам да најдам ...
Спотлајт добар филм, многу осетлива тема обработува, многу се изненадив, поточно се шокирав со дознавањето на тие настани кои се случувале многу години, а се криеле од јавноста до не многу оддамна. Нормално знаев дека постојат такви случаеви, ама не дека ги има толку многу и никогаш немаше да знам да не беше Спотлајт. Има многу податоци во филмот и тешко е да го пратиш, затоа и се изгубив неколку пати, кога завршив со гледање како изморен да бев.
Го гледав и Room, многу заебан филм, супер глума од Бри Ларсон, ги немам изгледано сите номинирани за женска главна, ама засега она ми е фаворит.
Имам неколку забелешки за филмот, дејството да почне порано, со нејзиното грабнување, да се прикажат првите неколку денови/недели во собата, па кога дознава дека е бремена, кога се раѓа бебето, па пополека да дојдат до планот за бегство, премногу рано во филмот се ослободија од собата, а и премногу малку минутажа имаше негативецот, требаше подобро да се претсави каков монструм е. Многу повеќе ќе сочувстував со ликот на Бри на тој начин
Ми останаа уште The Big Short, The Revenant и Brooklyn од номинираните, а од досега изгледаните The Martian ми е фаворит![]()
Според мене, доколку дејството почнеше порано, како што викаш, филмот ќе беше само еден обичен трилер, не многу поразличен од останатите. Вака беше навистина mind-blowing. Јас една третина од филмот не знаев што се случува - мислев дека е некоја научна фантастика и дека само они двајца се единствените жители во светот, а дека тој кој ги посетува е некој вонземјанин.Не, шегата настрана: тогаш филмот немаше да се вика Room сигурно. Ова е баш филм за собата - таа е единствената присутна од почеток до крај. На почетокот - до пола филм собата е целиот свет, потоа - Џејк и Ма како се обидуваат да се ослободат од собата која е во нив, до нив, насекаде околу нив. Многу длабока филозофија има филмов, не е само обичен трилер, како што сакаш да го направиш.
Заради темата, реално тежок за пратење е the big short. Дури и со оние "објаснувањата" пак мислам дека има премногу комплексни работи од економија за да се ужива во филмот.
Spotlight е ептен скандалозна тема, не ми е јасно како може толку без емоции да се направи филмот. Можеби за лугето во САД не е така со оглед на тоа дека речиси секој дел од земјата е погоден со вакви настани.
Гледај го Concussion, таму има малку повеќе динамика и неизвесност.
The Big Short е последниот од оскаровските за мене, и исто така - најлошиот. Сега се чувствувам како сам против сите, зашто ко што гледам, сите можни рецензии за филмов, и на IMDB, и на Letterboxd се со високи оценки, неретко десетки. Мене приказната ми беше екстремно досадна, не ги разбрав ни пола од економските термини кои се употребуваат во филмов (how and why the fuck should I know what fucking ликвидност means?), a нереалните и воопшно не-комични појавувања на познати личности и актери кои гледаат директно во камерата (а со тоа и во тебе) и сакаат да ти објаснат со прости зборови што сѐ тоа значи се убер-досадни и не ми се вклопија во филмот како целина ко што треба. Повеќе би рекол дека се distraction од приказната во која и онака е тешко да се внесеш. Читајќи низ рецензиите, прочитав некаде една реченица од Бил Вајлдер кој рекол: „Ако раскажуваш комплицирана и заплеткана приказна, треба да ја раскажеш на што е можно попрост начин“. Овде - најкомплицираната (барем за мене) приказна меѓу сите номинирани за Оскар е раскажана најкомплицирано што може (преку неколку приказни кои се испреплетени како црева, а не се вкрстуваат никаде, туку функционираат како неколку филмови во еден, милион (главни) улоги од кои ниту еден не ме натера да го сакам, или барем да ми е гајле за него, и преку изнафрлени еден куп економски термини што за 99% од гледачите се шпанско село).
Исто ко Spotlight, погрешниот point of view го прави за мене филмов тежок fail, без оглед на тоа што веројатно сум единствената црна овца на светов која го хејта, и што веројатно ќе останам единствената таква. Наместо да го прикажат сето ова од перспектива на некој кој изгубил сѐ во кризата, тие го прикажуваат од перспектива на оние кои од ништо, се збогатиле. Ова ко да направиш филм за приватизацијата во Македонија и наместо раскажувач да биде било кој од 99% од населението кај нас, да направиш раскажувач да биде Свето Јаневски, на пример. И why should I care for him and for the film itself?
4/10 - и, и тоа е многу!
Ех, камо да е само тој термин во филмот си поминал лесно(how and why the fuck should I know what fucking ликвидност means?),
Исто ко Spotlight, погрешниот point of view го прави за мене филмов тежок fail, без оглед на тоа што веројатно сум единствената црна овца на светов која го хејта, и што веројатно ќе останам единствената таква.