Хмм, што не сфати?
Дејствието е во некоја блиска иднина или паралелен универзум каде што поради некоја причина на самците се гледа како да се болни луѓе. Поради ова, се отвора бизнис (хотелот) каде што треба самците да се „излекуваат“ со тоа што ќе си најдат партнер. Ако не си најдат партнер за 45 дена, се претвораат во животно по сопствен избор. Ако сакаат подолго да останат во хотелот, треба да ловат самци што избегале од хотелот. Логично е кога има ваков хотел, да има и контра организација што ќе се бори за правата на самците. Ова е втората половина од филмот каде што Колин Фарел им се придружува.
Она што мене често ми се моташе во глава е она што голем дел од филмовите и филозофијата сака да го каже: љубовта победува се.
Дејствието и ова се‘ што го кажа ми е јасно, ама мислев да не има некоја симболика ова со животните. Исто пораката не ми беше јасна, ама еве викаш љубовта победува се‘. И крајот некако безвезно оставен отворен.
Очекујем да развали на бокс офисо 
