џимеј
џимилино
- Член од
- 4 март 2007
- Мислења
- 10.477
- Поени од реакции
- 25.451
Никогаш не сум бил фан на style over substance, затоа не уживам ни во филмовите на Вес Андерсон, мене дај ми приказна пошо ако сакав да гледам стил ќе пуштев хајлајтс од Манчестер Сити и таман ќе ми беше.Овде, за разлика од за Билбордите, во голем дел се согласувам. Но убаво рече Corvus - ако се фокусираш на стилот пред приказната, и ако го пуштиш мозокот на пасење, и во овој филм може да се ужива. Гледај го како бајка, и таман си е. И плус: мора да признаеме дека годинава беше една од послабите филмски години. Па кога можеше лани Moonlight да победи 3 мои десетки, или пред тоа Spotlight... зошто да не може годинава еден филм кој е поинаков не само од сите други од годинава, туку и од 88 останати освојувачи на Оскар, да освои Оскар?
На пример, Pan's Labyrinth беше еден прекрасен магичен реализам и филмот е еден од најдобрите на сите времиња, и истиот автор на тоа се спушта на ниво на ова во однос на скрипта...
Moonlight не го гледав, а Spotlight беше жива катастрофа.
Тоа му велев на вот пред скоро, порано со него имав километарски дискусии околу The Hurt Locker (и со пола форум имав впрочем), а филмот да го споредиш со добитнициве од последниве 3 години, изгледа како Господарот на прстените.
Критериумите се спуштени, ете дури и ти велиш „барем е поинаков филмот“ за жал не е доволно, како она нашето македонското „барем е македонски филмот“, се задоволуваме со малку веќе, презаситени сме и се што останува да чекаме е некој нов марвел филм или ако се смилуваат боговите - филм на ПТ Андерсон, за кој се помалку се зборува во светските медиуми затоа што не е режисерот што им треба за холивудската неолиберална кауза.



Очигледно форумџиите немаат ист вкус како и Академијата од САД.
