Изгледа one.Vip планира да нуди ТВ услуги преку blizoo, додека пак, таму каде што нема техничка можност за кабелска телевизија, да понуди преку сателит.
Само за потсетување, донесување на сателитска услуга е едно од задолжителните обврски што ги доби од Комисијата за заштита на конкуренцијата.
Исто така, нешто слично има и во Хрватска, каде што тамошниот VIP нуди ТВ преку кабелскиот оператор B.net, а каде што не е возможно, односно нема мрежа, нуди преку Vip Sat.
Што се однесува до BoomTV, се надевам дека новиот сопственик ќе инвестира малку повеќе во услугата и ќе понуди DVB-T2 наместо сегашното DVB-T, што по автоматизам би значело подобар квалитет, а можеби и ќе може да понуди и некој HD канал. Но секако, тогаш ќе треба да ги замени сите ресирвери со понови (секако, освен оние најновите што ги дели сега One/BoomTV).