A1 TV Lite (ONE BoomTV/Vip TV Lite) безжична DVB-T телевизија - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми

Член од
30 јули 2007
Мислења
1.391
Поени од реакции
86
Пуштен сигналот на новата безжична дигитална телевизија
Известување за јавноста,
Скопје, 4. септември 2009

Оваа есен 95% од домаќинствата во Република Македонија ќе бидат во можност да уживаат во програмски пакет со супериорна дигитална слика и звук, преведени странски програми на македонски јазик, електронски програмски водич за 7 дена однапред, можност за снимање и премотување, како и видеотека со најнови филмски наслови и интерактивни сервиси. Со ова, Македонија станува една од првите европски земји кои го започнуваат процесот на дигитализација на тв етерот.

Во наредните недели, 500 македонски домаќинства ќе имаат можност бесплатно да го пробаат новиот тв сервис.

Ќе бидат понудени голем број домашни и странски канали од најпопуларните жанрови меѓу македонските гледачи; спорт, филм, музика, детска, документарна и образовна програма и канали за возрасни со посебна заштита за децата. Пакетот ќе содржи и тв програма со висока резолуција.

Добар дел од најдобрите светски канали ќе бидат ексклузивно достапни само на безжичната дигитална телевизија.

Најголема новина е локализацијата на македонски јазик, што значи дека странските канали се титлуваат или синхронизираат на официјалниот јазик во РМ , онака како што е пропишано во домашните закони.

Во компанијата изразуваат големо задоволство од фактот што по неколку месечни преговори со најголемите светски тв куќи, тие се согласиле по прв пат да го вметнат македонскиот јазик како рамноправен на останатите светски јазици на кои се емитуваат нивните програми. Во најскоро време, ќе биде понуден и превод на албански јазик.

Сопствениците на правата на странските програми се крајно задоволни што во РМ нашле сериозен партнер со чија помош конечно ќе се среди повеќегодишниот хаос во дистрибуцијата на тв канали, што подразбира целосно почитување на авторските права и справување со изворите на бесправното емитување туѓа програма.

Најголемите светски тв куќи во соработка со нивниот долгогодишен партнер Телеком Словеније се цврсто решени со сите правни средства целосно да ја заштитат сопствената програма од понатамошна дива злоупотреба како и на своите инвестиции во РМ во вредност од над 250 милиони евра да им обезбедат јасна правна околина и услови за фер и лојален натпревар на пазарот.

Проектот се финализира со постојана добра соработка со сите надлежни институции, особено со Советот за Радиодифузија и Агенцијата за Електронски комуникации, која е известена за сите технички потешкотии и начини за нивно надминување.

Инвестицијата во безжичната дигитална телевизија за Република Македонија е во целост финансиски обезбедена и Телеком Словенија е сигурен дека на македонските домаќинства од оваа есен ќе им овозможи да следат ТВ програми по сите најнови светски стандарди.

http://biz.on.net.mk/pres-centar/pushten-signalot-na-novata-bezzichna-digitalna-televizija.html
________________________

Двете компании кои од пред кратко време ги здружија силите Космофон и Он.нет најавуваат дека наскоро ќе почнат со услугата дигитална телевизија. Велат дека услугата веќе ја тестираат 500-тини нивни редовни корисници.

“Македонија ќе биде меѓу првите земји во Европа кои ќе имаат целосна покриеност од 95 отсто од семејствата со дигитална телевизија. Сигналот на секаде е идентичен и нема да има губење. Почнуваме за неколку недели“, најави директорот на Он нет, Предраг Чемерагиќ.

Чемерагиќ вели дека опремата веќе е набавена и ќе нема одложувањ на стартот. Додава дека имаат преддоговори со 19 телевизиски и продуцентски куќи од кои ќе купат 60 ексклузивни канали, за кои како што вели тој, целосно имаат обезбедено авторски права.

Запрашан дали имаат потпишано договори за пренос на програмите на македонските национални телевизии, Чемерагиќ објасни дека тие со закон се обврзани да ги пренесуваат на програмите на петте национални телевизии.

“Нема потреба од потпишување договор, единствено има проблем со А1, каде е инсталирана опремата, а договорот треба да биде потпишан деновиве“, одговори Чемерагиќ.

Вели една од новостите е тоа што речиси сите странски најгледани канали ќе бидат и со македонски превод, а во текот на следаната година ќе се обезбеди превод и на албански јазик.

Од компанијата велат дека било доста тешко да се оствари целиот проект како поради недовербата на имателите на авторски права и продуценските куќи кон македонскиот медиумиски пазар.

“Сопствениците на правата на странските програми се крајно задоволни што во РМ нашле сериозен партнер со чија помош конечно ќе се среди повеќегодишниот хаос во дистрибуцијата на тв канали, што подразбира целосно почитување на авторските права и справување со изворите на бесправното емитување туѓа програма“, вели Чемарагиќ.

Дополнителни проблеми им направила и глобалната економска криза.

http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=61304&kategorija=2
 
Член од
16 август 2008
Мислења
3.293
Поени од реакции
637
Дали ќе биде како што се збореше летово, рисиверите и македонските канали ќе бидат бесплатни, а пакетот за странски канали ќе се наплаќа по 500 денари?

Како и да е, браво за Телеком Словенија.
 
Член од
30 јули 2007
Мислења
1.391
Поени од реакции
86
Дали ќе биде како што се збореше летово, рисиверите и македонските канали ќе бидат бесплатни, а пакетот за странски канали ќе се наплаќа по 500 денари?

Како и да е, браво за Телеком Словенија.
Па ете и ја тоа барав да видам да не пишува негде,али сеа за сеа ништо..
Иначе штом е пуштен сигналот,дали има некој што со вграден дигитален тјунер фака некој канал ?? И каков е квалитет нормално ? :)

Она што е доброто во сето ова е тоа дека од старт ке има и 2 HD Канали :vozbud:
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.527
Поени од реакции
810
Она што е доброто во сето ова е тоа дека од старт ке има и 2 HD Канали :vozbud:
Се курчеа дека сите канали ќе ги пренесувале во ХД формат.

Како и да е, поскапо е од сателитска со дримбокс, ама попрактично.
 
Член од
30 јули 2007
Мислења
1.391
Поени од реакции
86
Македонски? Јас колку што знам само Алфа е спремна за тоа кај нас. :toe:
И ја истото го знам..дека само Алфа била спремна за тоа.

Се курчеа дека сите канали ќе ги пренесувале во ХД формат.

Како и да е, поскапо е од сателитска со дримбокс, ама попрактично.

Па добро ОН НЕТ е тоа ,мора да се курчат како и увек :D

А за сите да ги пренесуваат во ХД незнам дали е технички можно,дали може толкав капацитет да се пренесе ..
Мада и самото тоа што ке се дигитални ке биде добро
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.527
Поени од реакции
810
И така се тресеше гората а се роди глувче...

Денеска е последниот ден до кога Телеком Словенија требаше да им пушти дигитална телевизија на 428 илјади семејства, согласно добиената лиценца од државата.

Наместо тоа раководството на прес конференција призна дека не ја исполниле обврската вадејќи се на глобалната криза.

„Заради глобалната рецесија некои фабрики не беа во можност да ги испорачаат компонентите“, изјави Предраг Чемеригиќ, директор на проектот дигитална телевизија.

Од денеска требаше да стартува Телеком Словенија во етер. Тоа не се случува. Изманипулирана ли е јавноста бидејќи нема програма?

„Програма има“, вели Чемеригиќ.

Како јас да ја гледам?

„Можете на нов телевизор што има МП4 да ја гледате, можете да бидете во тие 500-тини што ќе тестираат. Значи, да, денеска не можете да потпишете на денешен ден договор, ако ви е е тоа прашањето“, одговори Чемеригиќ.

Космофон кој како дел од групацијата на Телеком Словенија, ја доби дозволата за дигитална телевизија до денеска нема испратено ниту барање за одобрување програмски пакет од советот за радиодифузија. Поради грубо прекршување на условите дадени во тендерската постапка државата сега нема друг избор освен да и ја одземе дозволата на компанијата и да го врати процесот на почеток.

Дека од самиот старт погрешно е водена целата процедура, доказ е и иницијативата што група граѓани ја поднесоа пред Уставниот суд повикувајќи се на не надлежност на агенцијата за електронски комуникации за доделување фреквенции за дигитална телевизија.
http://www.time.mk/read/1eac65560e/60217af0f7/index.html

И значи? Пепи да се изјасни!

Програма има или нема?
Ако има, што има? Нема за ниту една телевизија поднесено барање за емитување....Ако пак зрачи, како да се гледа??

Ебате несериозните...ем се курчат, ем ништо не направиле и ај отпоново тендерот
 

faraon

БОГ
Член од
31 јануари 2007
Мислења
17.250
Поени од реакции
20.282
Ако пуштат арно ќе има конкуренција..Само требало да наведаат кој канали..
 

арсеналмартин24

Get well soon, Aaron
Член од
8 октомври 2008
Мислења
1.685
Поени од реакции
20
kirilica.com.mk напиша:
Тест периодот ќе трае две недели над 500 корисници кои ќе ја добијат услугата бесплатно, а иницијалниот датум за комерцијалниот старт според раководството најверојатно ќе биде во исто време со спојувањето и ребрендирањето на „Он-нет“, „Космофон“ и „Германос“, чиј заеднички сопственик е „Телеком Словенија“.

Од словенечкиот оператор најавуваат дека ќе нудат програмски пакет со супериорна дигитална слика и звук, преведени странски програми на македонски јазик, електронски програмски водич за 7 дена однапред, можност за снимање и премотување, како и видеотека со најнови филмски наслови и интерактивни сервиси.
Значи ова ќе биде нешто слично на Макс ТВ, само што ќе се користи различна технологија на пренос.

Сега гледам направиле македонски AXN, можеби тој ќе биде дел од оваа понуда.
 

^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
373
И така се тресеше гората а се роди глувче...


http://www.time.mk/read/1eac65560e/60217af0f7/index.html

И значи? Пепи да се изјасни!

Програма има или нема?
Ако има, што има? Нема за ниту една телевизија поднесено барање за емитување....Ако пак зрачи, како да се гледа??

Ебате несериозните...ем се курчат, ем ништо не направиле и ај отпоново тендерот
Во моментот се тестира и наскоро можеби и ќе има за сите заинтересирани...
Можеби... Изгледа имаат противници. Ќе бидат засегнати нечии интереси. За среќа иницијативата за прогласување на тендерската постапка, со која Телеком Словенија беше избран да емитува дигитална телевизија за незаконска, падна пред Уставниот Суд.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=113560
 
D

D_NazGUL

Гостин
Несериозност

Абре еднашка у државава некој да обеќа нешто и да го исполни на време, барем еднаш и да се порадуваме ко бебиња после онаа работа.
Едно време Т-Хоме предничеа во несериозноста али по се изгледа Пепи решил приматот да им го одземе како на нив така и на сите и гордо да се закити со наградата НЕСЕРИОЗНОСТ 2009-та! :tapp:
 

^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
373
Не е толку страшно ако има мало каснење ...
Проблем е што се јавуваат многу кочничари... Советот за радиодифузија, приватните медиуми....
Не сакаат медиумите да бидат зависни во преносот на нивните сигнали од оператори. Да не зборуваме и за збогатување на понудата со атрактивни странски канали.
И сега ќе минираат на најразлични начини.
 

MARCELLO

Модератор
Член од
15 јули 2007
Мислења
10.038
Поени од реакции
4.417
абе ова ќе почне или ќе не заебаваат овие :nerv:
 

^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
373
абе ова ќе почне или ќе не заебаваат овие :nerv:
Утре ќе решат дали да ја одземат лиценцата на Телеком Словенија. Ако не ја одземат ќе биде. Ако ја одземат, ништо од Дигитална ТВ.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=113706

А1 Телевизија веќе најави дека ќе бара кривична одговорност од сите инволвирани ако не се поништи незаконската постапка.
 

MARCELLO

Модератор
Член од
15 јули 2007
Мислења
10.038
Поени од реакции
4.417
АБЕ нека се ностат у пм стварно само не лажат :vozbud:
ке си ставам макс тв ич не му се секирам а за HD сигурно кај и да е ќе стават и макс тв тоа еднаш мора да се деси
 
На врв Bottom