Реално, не е до антената.
4 години го имам бум, Бог знае колку антени сме смениле (освен надворешна што сме немале).
Во дневна бидејќи телевизорот е до прозорот, поубаво фаќаше. Во соба, каде што телевизорот е карши прозорот, сликата беше невиден крш.
Антената мораше да стои надолу на сред телевизор да се гледа кабел, иначе никако нејќеше.
Натпревар во живо? Не ни пробувај да пуштиш. Не дај Боже правосмукалка во исто време дур гледаш телевизија. Ко да живеам у камено доба, зад 7 планини, ебате.
Требаше еднаш кај мене да гледаме ракомет, другарка се изнервира, си отиде. xD Ни случајно не се доближувајте до тв, оти ќе фати снег.
До сега немам слушнато некој да се пофали со него. Најозбилно. Единствено позитивно е што можеш да го носиш сегде, не мора дома. Другото, пиши пропало. Не може сите да имаме расипани антени.