Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Член од
10 декември 2010
Мислења
6.609
Поени од реакции
8.295
Ај мата играше нешто денеска ама Фелаини беше прав АФК денеска, едина функција му беше да регулира кога ќе дувне промаја од кај неговата позиција и ништо повеќе ... срамота, на антипатичен играч ми стана.Инаку бротвик може мисир е ама ми се свиѓа како се движеше и комбинираше со мемфис.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Жива вистина, очаен е Јунајтед, очаен! Сега ми е сварно жал дека за се што зборев излезе на крај жива вистина. Овој менаџер е ужасен. Јунајтед мора многу брзо да реагира иначе тргне ли по вакви лузерски патеки, толку е.

Уште кога го купи Ди Марија и го избрка за една година, се знаеше што го чека Јунајтед. Може Јунајтед да има слаба сезона, грешка трансфери и се, но ова е веќе премногу.
Заебаваш и ти сега за Ди Марија, што да му прави на некој што се чувствувал да го цитирам тажен и не можел да го научи јазикот? Не можеш сосила да држиш играч, како да не знаеш какви лингури се јужноамериканците. Кај што треба д а се руга сите се слагаме ама тука беше прав што го кикна.
 
A

apidrone

Гостин
Не се замара Ван Гал. Он веќе си ја има пензијата испланирано, го боли цеф за резултативе.
 
Член од
5 август 2008
Мислења
6.016
Поени од реакции
5.340
Дај нека си даде отказ или нека го отпуштат да не го гледам веќе во јунајтед. ТРип трпи трпи па преку куров веќе од него. Се он нешо тука ми измуслува топла вода. Му ибам тоа старото. Стај го Гигс за тренер нека ги води една полусезона па ако се покаже нека си продолжи ако не бланко чек на пеп или анчелоти
 

tander123

God save the queen!
Член од
5 октомври 2015
Мислења
715
Поени од реакции
363
Уште кога го купи Ди Марија и го избрка за една година, се знаеше што го чека Јунајтед. Може Јунајтед да има слаба сезона, грешка трансфери и се, но ова е веќе премногу.
Не знам колку си бил упатен во случајот со Ди Мариа, ама на Ди Мариа, Манчестер му беше отскочна даска. Не ни требаат такви фудбалери. Боље Лингард да го гледам во Манчестер него овој копиљо.
 

Nino Manchester

Oŋce α RED, αlwαys α RED
Член од
4 јуни 2009
Мислења
14.541
Поени од реакции
17.958
Заебаваш и ти сега за Ди Марија, што да му прави на некој што се чувствувал да го цитирам тажен и не можел да го научи јазикот? Не можеш сосила да држиш играч, како да не знаеш какви лингури се јужноамериканците. Кај што треба д а се руга сите се слагаме ама тука беше прав што го кикна.
Според мене колку што он се заебаваше и не играше,толку после повредата и Ван Гал го утупе.ок го шитна за една година,бес шанса да се врати у форма,тоа дали он сакал да игра за нас или не,не навлагам.Али самите изјави на Ди Марија не се за џабе,нешто тука било мутно,така да според мене ова на Христов му држи вода.
 

DimceY

Jimmy
Член од
20 ноември 2007
Мислења
5.863
Поени од реакции
5.737
Не знам колку си бил упатен во случајот со Ди Мариа, ама на Ди Мариа, Манчестер му беше отскочна даска. Не ни требаат такви фудбалери. Боље Лингард да го гледам во Манчестер него овој копиљо.
за каде бе дечко отскочна даска :pos:
па играше во Реал Мадрид, освоја ЛШ со Реал Мадрид таа сезона, играч на натпреварот беше прогласен во финалето.. за каде отскочна даска, за во ПСЖ??
не треси зелени...
 
R

red.devil

Гостин
Навивајте за Јунајтед оф Манчестер нема да се нервирате волку :D
Туј сме глорихантери. Сакаме титули!!! :D

Туку, ако имаше минимални шанси Теско да остани кај нас уште некоја година, сега ни нив ги нема. Исто како Родригез, Дракслер што се издвојуваат во тимови со просечни играчи во Јунајтед моментално се издвојуваат Де Хеа и Марсиал... Другото тиња.
Само би го прашал на пресот, уште ли мислиш дека Блинд може CB да ти игра?
Видук, барем натпреваров Блинд изигра 10х подобро од капитенот. Вториот гол беше колективна капитулација и не се критикува еден играч. Првиот и третиот беа од прекин и се знае кој треба да ги средува тие ситуации. Еве, гледај снимка ако можеш ќе видиш што работеа највисоките играчи во тимот при прекини, се туркаат со противниците без разлика дали топката оди кај нив. Тој моронот што денес "играше" на средина, не доби еден од дефанзивните воздушни дуели. Па мме, Перси кога беше секое нафлање во шеснаестерец го чистеше, за тоа се користи висината. Зонското бранење беше катастрофа денес, се туркаат како мали деца на спротивната страна од кај што оди топката.

Очекував многу попаметна и поорганизирана игра. Значи типов цело време си тераше по свое не ебеше никој ни два посто, сега најде на најбитните утакмици да менува пристап. :facepalm:

Нејсе. верував дека ќе тепаме зошто Вофсбург е просечен тим, проблемот е што го преценив Јунајтед...

За Мата нејќам ни да зборам. Не знам што критериуми имате за десетка која во иднина би требало да им се спротистави на Иниеста, Тиаго Алкантара и Џејмс но доволно е да го споредите со играта на Дракслер од денес и ќе имате претстава дали е доволно добар. Човекот има забораено да повлечи контра...
 
Член од
16 јули 2007
Мислења
12.498
Поени од реакции
4.072
Заебаваш и ти сега за Ди Марија, што да му прави на некој што се чувствувал да го цитирам тажен и не можел да го научи јазикот? Не можеш сосила да држиш играч, како да не знаеш какви лингури се јужноамериканците. Кај што треба д а се руга сите се слагаме ама тука беше прав што го кикна.
Не е тоа муабетот. Работата е што Јунајтед го изгуби компасот. Руши трансфер рекорд на клубот, а пред тоа не испитал се и сешто за играчот. Така клубот почна да си ги руши принципите што ги градеше со години.

Нека го избркаат, нека се ослободи клубот од ретардава, нека се ослободат играчите. Нека се купи крило и партнер на Смолинг до крај на сезона, па од лето ќе видиме.
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.998
Поени од реакции
7.154
Ако беше донесен за да ја направи транзицијата, фала му, доволно е. Пошто ова веќе оди во стагнациија и назадување, а не транзиција кон подобро. Тој заедно со Руни, Керик, Фелаини, Валенсија да не ги видам во тимот следната година. И не да ми се фалат колку им е долг стапот финансиски и да “нудат“ 150 мил евра за Нејмар, него тие пари да ги употребат за да го засилат тимот да има 2-ца квалитетни поединци за секоја позиција и плус уште најмалку 2-3-ца што ќе бидат универзалци и ќе може да пополнуваат повеќе места. И да биде Гигс главен тренер со Солскјер како помошник или пак Гери Невил (зависно како ќе се покаже во Валенсија), некој од овие тројца...Ова е мизерија над мизериите, еден од најбогатите клубови во светот не може да обезбеди едно ебано 1/8 финале во ЛШ. Одете сега и во ЛЕ паднете се со Клуб Бриж кој ги испаднавте во квалификации као демек многу сме јаки, а уствари истите гомна сте како нив и бетер.
 
Последно уредено:
Член од
22 ноември 2009
Мислења
1.863
Поени од реакции
2.775
За случајот со Ди Марија, ок си испадна циган најголем и не му замерувам на ЛВГ што го кикна. Само замерка му имам што не го искористи ко што треба кога му беше на располагање. Wing-back го играше(каде бе Ди Марија оваа позиција да ја игра нормален ли си), па еден период го закова на клупа, па го пушташе само 15-20 мин во игра.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Според мене колку што он се заебаваше и не играше,толку после повредата и Ван Гал го утупе.ок го шитна за една година,бес шанса да се врати у форма,тоа дали он сакал да игра за нас или не,не навлагам.Али самите изјави на Ди Марија не се за џабе,нешто тука било мутно,така да според мене ова на Христов му држи вода.
Ама и на вас не ви се наоѓа крајот сега... Сакате во клубов да биде наметната дисциплина или своеволие на играчите?

Која шанса да се врати во форма кога ете, против ВБА утакмицата ќе ја напоменам, губеше топки, не се ни враќаше, уште тогаш во фан клубов беше праќан во ПСЖ или во Сити или не знам каде? Нели во времето на Фергусон такво понашање било неприфатливо и било казнувано со трансфер надвор?

И јас го обожавам Анхел како играч но има право громов дека му бевме само резервна опција додека ПСЖ не ги средат финансиите.

Ајде ако не некој да пише и за Фалкао дека фалел, ќе придонесел, не му била дадена шанса...

Да се разбереме, тимов е супер, има и потенцијал и се, само треба да бидат решени две работи:

- послободен пристап, некои од фудбалериве сигурно се чувствуваат како врзани со окови;
- десно крило.
 

tander123

God save the queen!
Член од
5 октомври 2015
Мислења
715
Поени од реакции
363
за каде бе дечко отскочна даска :pos:
па играше во Реал Мадрид, освоја ЛШ со Реал Мадрид таа сезона, играч на натпреварот беше прогласен во финалето.. за каде отскочна даска, за во ПСЖ??
не треси зелени...
Еве сега ќе ти објаснам. Реал сакаше да се ослободе од Ди Мариа во летото 2014 и затоа самиот играч имаше желба да игра за ПСЖ, а бидејки ПСЖ не можеа да купуваат играчи, тој реши да дојде во Манчестер и со мисла во главата дека ќе седи во Англија една сезона и потоа дирекно во ПСЖ.
Така ли се одвиваа работите?
 
Член од
16 јули 2007
Мислења
12.498
Поени од реакции
4.072
Дај не го цитирајте тој Тандер ве молам. Или мајтап тера со нас, или нешто не е добар дечкото. А изгледа второто е.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom