Филозофот заслужува отказ одма, воопшто да не се враќа во Манчестер. Парталите да му ги испратат по воз.
Конечно постави 4-1-4-1 оваа сезона но со тотално погрешни играчи. Средината пребавна, смешни беа Мата и Фелаини кога пробуваа да вршат пресинг, лагано ги исфрлаа од игра.
Швајни сам пред одбраната??
Празно место од 30тина метри меѓу средината и одбраната. Не е ни чудо што одбраната не знаеше кај тера кога немаше никаква подршка од средниот ред, на тоа додај дека играа неискусните Џонсон и Варела.
Кој нормален тренер експериментира со играчи кој немаат 3 сениорски натпревари во кариерата ?
Мата демек се извади со асистенцијата за слабите игри?

Нека го продадат додека уште може да се излаже некој оти ќе му плајќаме платата како на Нани лани.
Никаква игра, никаква тактика. Едноставно како да беа оставени сами како знаат и умеат да стигнат до победа.
Мора да има чистка. Имаме млад состав полн со потенцијал. Со бркање на филозофот и чистење на отпадот и 3-4 паметни трансфери (Стоунс, Лукас М./Марез, Баркли се моите фаворити) ќе имаме конечно екипа.