Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

eternum

-- 21 incoming ? --
Член од
27 јуни 2007
Мислења
1.030
Поени од реакции
1.167
Туј сме глорихантери. Сакаме титули!!! :D

Туку, ако имаше минимални шанси Теско да остани кај нас уште некоја година, сега ни нив ги нема. Исто како Родригез, Дракслер што се издвојуваат во тимови со просечни играчи во Јунајтед моментално се издвојуваат Де Хеа и Марсиал... Другото тиња.

Видук, барем натпреваров Блинд изигра 10х подобро од капитенот. Вториот гол беше колективна капитулација и не се критикува еден играч. Првиот и третиот беа од прекин и се знае кој треба да ги средува тие ситуации. Еве, гледај снимка ако можеш ќе видиш што работеа највисоките играчи во тимот при прекини, се туркаат со противниците без разлика дали топката оди кај нив. Тој моронот што денес "играше" на средина, не доби еден од дефанзивните воздушни дуели. Па мме, Перси кога беше секое нафлање во шеснаестерец го чистеше, за тоа се користи висината. Зонското бранење беше катастрофа денес, се туркаат како мали деца на спротивната страна од кај што оди топката.

Очекував многу попаметна и поорганизирана игра. Значи типов цело време си тераше по свое не ебеше никој ни два посто, сега најде на најбитните утакмици да менува пристап. :facepalm:

Нејсе. верував дека ќе тепаме зошто Вофсбург е просечен тим, проблемот е што го преценив Јунајтед...

За Мата нејќам ни да зборам. Не знам што критериуми имате за десетка која во иднина би требало да им се спротистави на Иниеста, Тиаго Алкантара и Џејмс но доволно е да го споредите со играта на Дракслер од денес и ќе имате претстава дали е доволно добар. Човекот има забораено да повлечи контра...
Контра е збор што е забранет по заминувањето на РВП. Да не сум ве чул повеќе!! :pipi:
 

tander123

God save the queen!
Член од
5 октомври 2015
Мислења
715
Поени од реакции
363
Дај не го цитирајте тој Тандер ве молам. Или мајтап тера со нас, или нешто не е добар дечкото. А изгледа второто е.
Стварно ли си мислеше дека Ди Марија го сакаше Манчестер и сакаше повеќе години да игра за него?
Мислам дека не ти се допаѓа тоа што го читаш. Сите не мислиме исто. Жално.
 

pain_killer

Invictus
Член од
27 јули 2007
Мислења
4.539
Поени од реакции
2.229
1.Нов менаџмент
2.шпиц што убија
Уште има шанси да се спаси бродот, ама времето се крати...
 

Nino Manchester

Oŋce α RED, αlwαys α RED
Член од
4 јуни 2009
Мислења
14.539
Поени од реакции
17.958
Ама и на вас не ви се наоѓа крајот сега... Сакате во клубов да биде наметната дисциплина или своеволие на играчите?

Која шанса да се врати во форма кога ете, против ВБА утакмицата ќе ја напоменам, губеше топки, не се ни враќаше, уште тогаш во фан клубов беше праќан во ПСЖ или во Сити или не знам каде? Нели во времето на Фергусон такво понашање било неприфатливо и било казнувано со трансфер надвор?

И јас го обожавам Анхел како играч но има право громов дека му бевме само резервна опција додека ПСЖ не ги средат финансиите.

Ајде ако не некој да пише и за Фалкао дека фалел, ќе придонесел, не му била дадена шанса...

Да се разбереме, тимов е супер, има и потенцијал и се, само треба да бидат решени две работи:

- послободен пристап, некои од фудбалериве сигурно се чувствуваат како врзани со окови;
- десно крило.
Ајде да не ја тераме работава,назад за Ди Мариа нема да се контрам никој не знае како што било али еве за задново кој е крив,ја,ти можда?Прашањето е кој е крив за тоа што не се слободни у играта,и дали ќе му бидат доволни уште 500 милони да ја изгради таа негова филозофиа?и кој му се тие ебени измени што ги прави.до ден денеска од мене имаше поверење,али ова у најмала рака смешно,па вие зборете што сакате.
 
Член од
1 јули 2012
Мислења
2.433
Поени од реакции
7.145
Не знам колку си бил упатен во случајот со Ди Мариа, ама на Ди Мариа, Манчестер му беше отскочна даска. Не ни требаат такви фудбалери. Боље Лингард да го гледам во Манчестер него овој копиљо.
Отскочна даска е нешто друго. Да не се збуни малце? :ROFLMAO:
 
Член од
19 март 2011
Мислења
12.881
Поени од реакции
14.319
Досадно е веќе истиот муабет да се прави месеци уназад, само денес кулминираше ситуацијава.

Сум кажал многу пати, ќе кажам и пак. Резултативе не се репер дека имаме лош тим, баш напротив. Имаме тим што реално може да стигне до 1/4 финале во ЛШ и топ 3 во ПЛ не треба ни да биде под знак прашалник. Нормално ова не е доволно за тоа што бевме навикнати да гледаме ама не може преку леб погача. Следниве два трансфер периоди ќе бидат пресудни за нас дали ќе не биде или не. Ако се задржи тимов +/- некои ботови и се донесат шпиц, стопер, крило и средина на коњ сме. И следна сезона ако не сме конкурентни слободно може да си ја потпишеме судбината на ливерпул, не може да се трошат огромни суми на пари и пак да фалат 4-5 играчи во тимот.
Резултативе се само дело на тефтерот и никој друг. Ваква желба да се измисли топла вода и да се иде со глава во ѕид немам видено. Меси да го има во тим сигурно винг-бек ќе го игра, а Варела напред.
 
B

BooBojan

Гостин
Генерaлнo целa премиер лигa имa прoблем зaрaди квaлитетoт нa сите тимoви вo лигaтa.
Мнoгу пaри се вo игрa и сите клубoви прaвaт скaпи трaнсфери, еве зa пример еден клуб кaкo Астoн Вилa спискувa пo 50 милиoни еврa летoтo.
Нoрмaлнo декa ќе биде тешкo дa се нaтпревaрувaш сo 15нa игрaчи. Ќе мoрa силните клубoви вo ПЛ дa си имaaт пo двa изеднaчени тимa, зa дa мoжaт дa ги рoтирaaт игрaчите дoкoлку сaкaaт успех и вo ПЛ и вo ЛШ. А сo 200 милиoни пoтрoшени, дa не мoжеш дa минеш у oвaквa групa е срaмoтa. Мoрaaт бaрем нa летo дa гo сменaт, oти тешкo декa ќе oдиме нaпред сo тoлку инaт у тим.
Дoбaр дел oд игрaчите нa челo сo кaпитенoт требa дa бидaт АУТ. Руни, Џoнс, Фелaини.
Мaтa, Депaј, Блинд, Дaрмјaн, Рoхo,Лингaрд, Јaнг, Мек Нер тие ти се зa клупa. Сo пoтенцијaл Депaј Лингaрд и Блинд дa игрaaт пoчестo.

Sent from my LG-D802 using Tapatalk
 

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.879
Поени од реакции
21.807
резултатите не се пропорционални со вложените пари. сезонава е горе доле катастрофална и не ради фактот дека испаднавме од лига шампиони туку земено општо од играта која е благо кажано катастрофална.
 

tander123

God save the queen!
Член од
5 октомври 2015
Мислења
715
Поени од реакции
363
Отскочна даска е нешто друго. Да не се збуни малце? :ROFLMAO:
Не. Убаво си напишав. Бидејки Ди Мариа неможеше тоа лето да оди во ПСЖ, а само Манчестер беше така највеќе заинтересиран за него и се случи тоа што се случи.
 
Член од
9 октомври 2012
Мислења
2.922
Поени од реакции
1.479
Не. Убаво си напишав. Бидејки Ди Мариа неможеше тоа лето да оди во ПСЖ, а само Манчестер беше така највеќе заинтересиран за него и се случи тоа што се случи.
Да се снајдеше Ди Марија и да му легнеше нему играта во Англија, а не да лета како пердувче ќе те прашав дали ќе замине или ќе играше кај нас уште, ти тоа што го збориш се теории, и тоа е една од многуте возможни теории, и доста се инаетиш, ако е така како што викаш зашо Ди Марија би го правел тоа, кога на маса му бил понуден солиден договор, кога му бил презентиран целиот план на Јунајтед, кога му е доведен аргентинец во клубот и други работи??
 
A

apidrone

Гостин
Отскочна даска е кога некој анонимец ќе потпише за mid-table тим, па со добри игри ќе го забележи некој од гигантите и ќе го купи. Ништо од ова нема врска со Ди Мариа.

Он топик. Утнат беше летниот трансфер период. Не се донесе тоа што требаше (највише стопер), па капак на се и повредите си го сторија своето. Џабе е сеа да се отпушта Ван Гал, кој и да дојде друг нема време да средува тим, мора од почеток да почне.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom