Ништо разочаран сум од темава. Очекував пак апокалиптични сценарија да се предвидуваат, али слабо нешто. Напишав после натпреварот пред две недели дека премногу луѓе летнаа по победата на Арсенал си мислиш светот го освоија. Готово, одма се планираше што ќе се дешавало Арсенал ако победи и на Алианц, па како можел Баерн да биде во опасност групите да не ги пројде оти можел да киксне со Олимпијакос и Динамо, па како Баерн биле слаби и не ти знам што. Одамна имам забележано дека најголем проблем на форумов се брзите заклучоци, донесени во лошо време после еве некој изненадувачки резултат или игра. Една ластовица не прави пролет бе луѓе.
Работите сега наеднаш пак се во нормала. Баерн е фаворит за освојување во Европа, Арсенал ќе си ги бара шансите за пролаз даље во последното коло во Грција, освен ако не се деси нешто неочекувано во 5тото иако не гледам како е тоа можно. Баерн за да не ги победи дома грциве треба гадно да им попуштат, додека Арсенал во Лондон ќе гледа да го здроби Динамо.
Искрено очекував и некој пост од Џони како ви држи лекции, али жал му е изгледа за поразот на Арсенал после се, оти нели омилен тим му биле од Англија
