Оваа сезона очекувам борбата за титула да биди помеѓу Арсенал, Јунајтед и Челзи. На крај очекувам Челзи да заврши 3то или максимум 2ро место не дека немаат комплетен тим туку поради тоа што мислам дека Мурињо ќе се насочи повеќе кон освојување на ЛШ. Шампион еден од Јунајтед или Арсенал. Јунајтед добро се засили, потребно е уште најмалце штопер. Ако Арсенал купат штопер кој ќе игра пред Мертерзакер, ДМ замена на Кокелан и еден врвен голгетер на шпиц со 80% сигурност титулата е нивна. Арсенал ги ставам пред Јунајтед поради многуте нови играчи кои ги купија Јунајтед (би требало уште некој да купат)-голема промена на првата постава и можноста некој од нив да не се вклопи добро. Иначе во ниеден од дуелите Арсенал-Челзи, Арсенал нема да биде победник. Ливерпул добро се засили, но поради големата конкуренција очекувам да завршат повторно 5то или максимум 4то место на сметка на Сити кои сметам дека не се добро засилени на критичните позиции. Би сакал нормално Јунајтед да биде шампион и Сити да одпадни од топ4 така што ќе се врати старата голема 4ка: Јунајтед, Челзи, Арсенал, Ливерпул.