Barclays Premier League - Season 2015/2016

Кој ќе биде новиот шампион во Премиер лигата?


  • Вкупно гласачи
    465
Статус
Затворена за нови мислења.

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Кога има потреба да се нагласи учинокот на одреден играч за да се покаже колку бил добар, тогаш тој играч воопшто не бил добар. Се сеќавам модераторкава кога во потпис имаше напишано со големи букви лани некаде дека Мата учествувал во пола од последните 20 гола пример на Јунајтед, а во тој период реално Мата беше доста лош и неквалитетен во играта. Еве сега одлично ја заврши сезоната и никој нема потреба да нагласува Мата колку асистенции или створени шанси имал по одиграни минути.
Don't get me wrong ама со потписот го заебавав драгонот, :) јасно ми е мене дека вакви бројки нишо не значат.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
32.830
Поени од реакции
67.222
Кога има потреба да се нагласи учинокот на одреден играч за да се покаже колку бил добар, тогаш тој играч воопшто не бил добар. Се сеќавам модераторкава кога во потпис имаше напишано со големи букви лани некаде дека Мата учествувал во пола од последните 20 гола пример на Јунајтед, а во тој период реално Мата беше доста лош и неквалитетен во играта. Еве сега одлично ја заврши сезоната и никој нема потреба да нагласува Мата колку асистенции или створени шанси имал по одиграни минути.
Ауф, Донев до сега неколку пати нагласуваше за неколку нивни играчи во текот на сезоната.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Шчесни во Рома а? :D

Ми текнува пред 4 години кога Де Геа дојде во Манчестер а Шчесни беше бр. 1 во Арсенал, Де Геа направи кикс против ВБА а Шчесни истиот ден беше МОТМ за Арсенал, какви коментари фучеа :D Па и Џејми Реднап ама ја тресна една експертиза, двете екипи фаворити за ПЛ имале млади голмани ама едниот бил маж а другиот бил дете. Сега мажот е позајмен во Рома а детето е на чекор да биде прв избор за Шпанија и Реал Мадрид. Па и Македонецов викаше Линдегард дека бил појак ем поефтин за да била иронијата поголема. Требаше воспитна :icon_mrgr:
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.758
Поени од реакции
52.727
Малце се прошетав низ историјата на ПЛ темите на Кајгана.
Оваа е осмата тема за Премиер Лига на форумов.
Првата ја отворил @Fantom уште во 2007 и била општа, не се отварала посебна за секоја сезона. Не се сеќавам на оваа тема, а гледам сум гласал на анкетата, но немам ниту еден пост. Секако дека во тоа време немаше толку активни членови, па во темата за две години се испишани само 204 страни. Приметив низ страните доста од членовите што се сеуште активни тука. Во 2009 расте интересот и има се повеќе активни членови па се отвара втората тема, посебна за новата сезона, повторно од @Fantom. Испишани 173 страни, што е големо подобрување од претходно. Третата тема за 2010/2011 со Челзи како актуелен шампион (повторно отворена од @Fantom) прави бум, и мислам дека најголемиот дел од членовите кои и сега сме активни, почнавме тогаш да пишуваме. Испишани беа 484 страни за една сезона. Четвртата тема е отворена од @Факе и во неа продолжува да се зголемува популарноста на ПЛ на форумов, па така изпишани се 943 страни што е речиси дупло од претходно. Петтата тема ја отвара @the_kop и повторно активноста руши рекорди со 1690 испишани страни, што е огромно подобрување од претходната. Шестата тема е отворена од @Ilumious и стига до 1552 страни. Малце ме изненади бројката, мал пад за разлика од претходната сезона, а имаше доста реметење на сметка на Јунајтед и сите нивни киксови. Седмата тема отворена од @Донев (јас) го руши рекордот со 1842 испишани страни. Да видиме сега дали оваа тема на @Malcolm van den Сабаховић ќе успее да го сруши рекордот, па зошто да не отиде и над 2000 страни.
Заборавив да допишам. Од осум теми, четири се отворени од фан на Челзи, две од Ливерпул и по една од Јунајтед и Арсенал. Се гледа кој тим доминира :cool:

Дополнително, во претходната (мојата) тема имам напишано 1.689 мислења. Има некој со повеќе?
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Еј тоа Кагава > Хазард некој копиљ го пиша, изолиран случај :D сите знаевме дека Хазард е неспоредлив. Ама за ова со Клеверли да, секој ремет е заслужен :D
 
Член од
14 април 2012
Мислења
32.830
Поени од реакции
67.222
Заборавив да допишам. Од осум теми, четири се отворени од фан на Челзи, две од Ливерпул и по една од Јунајтед и Арсенал. Се гледа кој тим доминира :cool:

Дополнително, во претходната (мојата) тема имам напишано 1.689 мислења. Има некој со повеќе?
А бе, ако мора самиот да се истакнуваш, џабе ти е :ROFLMAO:

Баш ми е криво што не бев активен за нет кога се водеа овие Клеверли дискусии.

Кога има потреба да се нагласи учинокот на одреден форумџија за да се покаже колку бил добар, тогаш тој форумџија воопшто не бил добар
 

the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558
Откако се отвори темава, други луѓе станавме. Одма се гледа тоа по муабетите. :D
 
Член од
2 јули 2010
Мислења
5.908
Поени од реакции
7.476
Abe...mene uste ne mi e jasno kako Hendo iskoci bolje igrac od Tom i Jack...
Zhimi sFe!


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom