Па не е до него проблемот тогаш, до македонска пошта е. Изгледа не си запознат со количината на кражби што се случува во просториите на нашава пошта. Треба да се освестат луѓево дека со секоја порачка не сноси само продавачот ризик, туку и тој што порачува, секаква несреќа може да се случи при транспорт. Што е виновен сега продавачот што некое чиче, поштарче, сакал да оди на роденден кај внукот ама не му се давалo пари зашто сакал да купи ракија по поволна цена и си го присвоил твојот пакет за да го однесе наместо подарок? Ако сакаш побезбедно патување на пакетите што ги порачуваш доплати си за приватен карго, имаш милион опции со доплата, што да ти речам..
Плус, има некоја опција од аеродром да си ја земеш или некоја приватна карго компанија да ти ја земе пратката наместо м.п., ама не знам како оди постапкава, дали треба да му пишеш на селерот или има некоја финта во опциите.