I Origins
Запамтете ги очиве. Ги запамтивте?
Добро, пошто од старт ти го ебаваат филмот со толкава посвета на нив и понатаму сите тензии и трилери засновани на понатамошното дејствие паѓаат во вода, пошто знаеш што ќе се деси.
Филмот според мене може да се подели на два дела, првиот класичен романтичен каде што две души се запознаваат кои по ниедна можна логика не си одговараат нити има некаква објаснива хемија меѓу нив, но сепак си се пронаоѓаат и се заљубуваат. Д-р Иан Греј е научник во класична смисла на зборот, не верува во спиритуални работи и поштува само факти, докази, и статистика, а Софи е спиритуална душа со примесии на вуду тенденции кои не ги видовме целосно. Мора да се напомене дека ликот на Софи беше далеку underwritten и конфузен во споредба со докторот, на моменти заљубена во себеси, заљубена во светот, заљубена во Иан, на моменти пресилна и независна, за следен момент да го побара дечкото да се вселат заедно. Шо знам, ми фалеше уште некоја минута посвета на нејзиниот живот и лик, но кога не се деси, помешано со 24 сати рокот за венчавање и лошото „чувство“ кое го имаше таа дента, се знаеше кон што води дејствието. И тоа не би било толку лошо кога филмот претендира и се заснова на mindfucks и изненадувања (судејќи според драматичните музички секвенци при „the revelations“). Аналогно на тоа никаква емоција не побуди кај мене дешавката со неа а тоа требаше да биде turning point во целата приказна.
Вториот дел од филмот, оној трилерскиот и квази-детективскиот беше малку подобар (но не значи и добар) каде се стави повеќе акцент на науката vs. верата, истрагата во Индија и остали ствари кои малку го забрзаа филмот и ти ствараа непријатно чувство во стомакот дека ќе се деси некое срање кое ќе го смени видикот како го гледаме светот, но ништо од тоа. Од толку обиди, најави и алудирања дека филмот ќе одговори прашања од универзален карактер, или ќе фејлне во обид да ги одговори, на крај филмот заврши со истата точка како што и почна, научно гледано. Тестот кој го правеа на скајп беше мега-глуп, на толку опрема и научни срања тие зедоја сликички да мерат, па нормално нема да погоди чупето, дури и да се работи за истата особа, само со јаготки рането очекувате да биди фокусирано. Очекував повеќе sci-fi, а во филмов не гледам што е sci-fi пошто не ни ни одговорија дека фактички докажаа дека таа е таа. Во случај да потврдија такво нешто, тогаш веќе влегуваме во доменот на sci-fi бидејќи такво нешто нема irl. Точката во која што заврши филмот (во која фактички и почна) беше дека не можеме да бидиме 100% сигурни во едната, ни во другата страна. А тоа го имаме и irl.
Не можам да сфатам зошто е филмов толку хајпнат кога според мене има обид да биде и драма и sci-fi бомбастичен трилер, а фејлна и во двете, или поточно успеа до пола во двете. Што не значи дека има едно цело. Малку хипстерски али да не беше толку напнат и форсиран филмов на социјалниве мрежи и форумов можда ќе даев просечна накај прелазна оценка, а сега има просечна накај негативна. Како работите тука со оценки, без децимали? Ајде
5/10.