Еве ќе наведам пример сцената кога едниот детектив и рече на таа детективката демек ај да го уапсиме, врз база на што ќе го апсеа?! Немаа никакви докази, тоа е тоа шо не пали, шо остава впечаток дека приказната не чини.
Дека свежо ми е гледан Gone girl, а пратам детали.
Точно е дека ти можеш да си кажеш дека не ти се допаѓа филмот, нема во тоа да те чепкам, исто и дека Бен Афлек не знаел да глуми и не е нешто wow актер, иако јас мислам дека е добар просек, со оглед на улогите кои ги игра (во филмов не беше он врз кој се водеше целата прича), али ова да го пишеш и да кажеш дека приказната имала фалинки поради тоа, немој жити се. Или воопшто не си гледала криминални серии/филмови, па затоа мислиш вака, не знам.
Мене ми се допадна. Од актери, глума, приказна и се остало, нема да одам во детали. Актерката е бонбона, во секоја смисла, ова е нејзин филм. Крајот уште повеќе мава на психа, да завршеше некако поинаку, немаше да е тоа, тоа. Солидна 8ца има од мене.
Gone girl ми е и на мене ми е тазе гледан...
Најискрено најпрво трејлерот го гледав и си го реков следново: какво филмиште, прејако, од мојот омилен жанр ама Бен Афлек во главна улога хммм, ич не ми штима тоа...
Откако го изгледав се демантирав самата себе- па ова е најдобрата улога досега на Афлек барем според мене, за разлика од претходните негови филмови..Некако ме изненади фактот дека баш тој би можел да одигра главна улога во ваков јак трилер...И не знам дали некој друг освен мене го замисли Брус Вилис на негово место во филмот...?
Кога сме веќе кај главните ликови и Росамунд беше феноменална, но и споредните не изостануваат, а посебно не онаа на Нил Патрик...
На почетокот кога се случи исчезнувањето гарант многу помислиле дека ова ќе биде еден од оние клише трилер драми кои почнуваат со исчезнување, убиство и сл па цел филм после чекаме да видиме кој е виновникот....Според мене доста оригинално проткаено сценарио кое те држи напнат цели 149 мин, едноставно дејтвијата си поигруваат со психата на гледачот и тоа во неколку наврати и остануваш подзинат иако да бидам реална имаше по некоја мала празнина али занемарлива...
значи празнини според мене пронајдов во делот што се одвиваше во куќата на езерото со безбедносните камери и она со земањето урина од бремената сосетка и сл...
Затоа на филмов ќе му дадам една 8-ка...
И со ова да се надоврзам на "рецензиите" што ги напишала социопатка21 тука на темава..Значи нејзе поентата и е: ејј види сите го форсираат филмов и затоа јас за да се направам интересна и да привлечам внимание ќе идам контра, ама контра без да се наведуват аргументи туку ќе кажувам слаба беше приказна, лоша глума, ауу абе ич не ми се допадна...
The Interview ти е ко македонски оглас за кола, на огласот :прв газда, прва боја, стегната ,менвани се каиши и филтри пред еден месец, едноставно колата е коска. Идеш таму шо да видиш, врати у различни бои, браници нема, крилата криви, каишите вриштат ко на хорор, едноставно колата е крнтија! Така и филмов, само што ја видов одвратната фаца на франко ми се слоши, а пак кога ја отвори таа уста ко чорапа нешто од дното на хранопроводот ми се врати нагоре, до грло.
Тапа филм кој не заслужи толкаво внимание. Сигурен сум да не беше ''хакирањето'' немаше толку луѓе да го гледаат.
3/10 од мене.
Сакав да гледам нешто комедии и ги спуштив grown ups 2 и dumb and dumber to и мојот заклучок за двата филма е дека се комедии во обид (нешто слично како убиство во обид), дали и третиот филм што планирам да го гледам horrible bosses 2 ќе биде таков па ќе заокружам на 3/3 останува да видам откако ќе го изгледам и овој филм
Хобитот, моментално уживање и ретко нешто за памтење. Да не беше светот на Middle-Earth ќе го изгасев филмот на пола можда.[DOUBLEPOST=1419994743][/DOUBLEPOST]A тоа што има CGI на секој агол секако е минус.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.