Значи секое мислење кое е различно од мнозинството не е во ред според тебе? И кај мене дома викаат дека Сила е убав филм, и јас треба да се согласам со тоа, затоа шо мнозинството вели така? И едно прашање до тебе, дали ти своите мислења и ставови ги градиш врз основа на тоа што мисли мнозинството (ако е така тоа е крајно очаен и патетичен потег, без навреда)
Ако ти си решил некој филм да го оцениш со 6, а истиот мене ми е 10 нема да те напаѓам, твое право и мислење.
И како сакаш да има дискусија на темава ако сите имаат исто мислење, дискусијата би се свела на:
"еј брат, го гледаше ли gone girl, прејак е"
И одговор: " ејј брат да, стварно е прејак"
Тоа не е дискусија според мене.
Филм на кој му даваш оценка над 8, не треба да потфрла нигде!
Го споредив со enemy, од причина шо prisoners има добра оценка, овој другиов е скроз underrated.
Грев е да го споредам со prisoners, нема сцена што не штима, глумата е врв, едноставно можеш да го гледаш и да изгубиш поим за време, да се пренесеш во приказната, посебно ме бендиса глумата на Хју за Џејк знаеме дека е одличен, оценката си ја има заслужено.
Го споредив со enemy затоа што има оценка 6, филмов е underrated скроз, а нема сцена шо не штима или пак нешто да фали во приказната.
Не реков дека не е во ред да имаш мислење различно од мнозинството, туку ме нервираат такви мислења (општо зборам) кога нешто е комерцијала одма некои мислат дека е лошо само заради тоа што тоа нешто го форсираат. (У случајов да го спомнам и ГОТ) Ти си кажа дека ти бил лош филмот ама немаш добри аргументи околу тоа. Гледам дека пратиш филмови од тој жанр, и ми нема логика толку да ти бил лош филмот туку ми остава таков впечаток ко само да сакаш да идеш контра.


