Kоја е последната претстава што сте ја гледале во театар?

Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.138
Поени од реакции
8.098
Oтело.

Имаше shock value, т.е добро акцентиран. Ми се допадна претставата. Мада не им го разбирав битолскиот на дечките на почеток.
Ја гледав јас во Четвртокот... и ти беше тогаш? :)
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.665
Поени од реакции
34.113
Ја гледав јас во Четвртокот... и ти беше тогаш? :)
Не, во Петок. Последната вечер од Ристо Шишков фестивалот. Струмица.

Мака ми е на време што не отидов за карти и за Контрола, проект на некоја си Теа Беговска, а претставата е во движечки автобус.

Да ми каже некој дали испуштив многу кој што е присуствувал? Звучи интересно.
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.492
Поени од реакции
8.003
Buckets n Boards во Walt Disney Thater на бродот Disney Fantasy.
Еве едно нивно промотивно видео од пред 3 гдини, малку им е изменето шоуто но сеуште се ТоБ
http://www.youtube.com/watch?v=MWoLlEH6l6I
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.665
Поени од реакции
34.113
Крвави Свадби во режија на Љупчо Ѓоргиевски

Style over substance. Ме освои визуелно, а и во мала сала беше далеку поинтимно. Бледа приказна. Квалитетна глума.
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.404
Поени од реакции
5.960
Crnogorac u krevetu

10355641_354412444741347_5467305233936790376_o.jpg

Комедија на менталитети, типични и стереотипни ситуации зачинети со интеракција со публика. Чиста реалност комично прикажана. Загарантирана 2 часовна забава. Имаше моменти што ми се познати од вицови, сè на сè фино склопено.
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.401
Поени од реакции
25.259
Последно на Охридско лето ја гледав Ждрело со Рубенс Муратовски во главната улога.
Совршена. Вознемирувачки совршена претстава.
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Електра - Андри Жолдак во МНТ
Катастрофа невидена, си заминав на скоро пола представа.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Електра - Андри Жолдак во МНТ
Катастрофа невидена, си заминав на скоро пола представа.
Зошто, јас сакам да ја гледам?

Сакам мрднати претстави, претпоставувам дека е мрдната според сликите што ги видов, а и уште повеќе ми се гледа ради тоа што трае повеќе од три часа или три часа колку е точно не знам. Еј кога сме кај тоа времетраењето, жив се изедив лани што на МОТ не ја гледав српската Галеб која траеше 6 часа :place::place::place::place:
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Буре Барут пред некој месец...Сите останати што беа потоа на репертоар ми се гледани.
Одлична екипа има прилепскиот театар моментално и не пропуштам нова претстава.
Мислам дека гостуваа и во Скопје со оваа претстава, ја препорачувам да се гледа ако е сеуште на репертоар.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.719
Поени од реакции
13.437
Зошто, јас сакам да ја гледам?

Сакам мрднати претстави, претпоставувам дека е мрдната според сликите што ги видов, а и уште повеќе ми се гледа ради тоа што трае повеќе од три часа или три часа колку е точно не знам. Еј кога сме кај тоа времетраењето, жив се изедив лани што на МОТ не ја гледав српската Галеб која траеше 6 часа :place::place::place::place:
Секоја претстава која го надминува лимитот на имање нерви да седиш во една положба, колку и да е убава, целиот момент на уживање го губи откако ќе почнеш да чувствуваш како ти трнат нозете. Во многу случаи теоријата на релативитетот би можел да носи вода, но за ваквите нема шанси. 4 ипол саати е премногу телото да ти ја издржи таа тортура.
Али еве пробај на своја кожа, па сподели импресии.
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Зошто, јас сакам да ја гледам?

Сакам мрднати претстави, претпоставувам дека е мрдната според сликите што ги видов, а и уште повеќе ми се гледа ради тоа што трае повеќе од три часа или три часа колку е точно не знам. Еј кога сме кај тоа времетраењето, жив се изедив лани што на МОТ не ја гледав српската Галеб која траеше 6 часа :place::place::place::place:
Па зошто е глупа хипстерска верзија на Електра, позната ти е содржината нели но кои глупи музики и денсови ги имаше (Taylor Swift - Trouble на пр.) се пукаат со пиштол по пола саат кој беше прегласен, никаква динамика немаше представата за убавина да не зборувам.

Ми се допадна само сценографијата.

За времетраењето немам проблем сум гледал долги представи.
 
Член од
3 мај 2011
Мислења
32
Поени од реакции
37
Јас во вторникот ја гледав "За секого има по една" од Венко Андоновски во Театар Комедија.
Иако навистина ми се допадна, ме потсетува доста на "Викенд на мртовци".
Aко имате време јас ја препорачувам, Театар Комедија имаат навистина интересни претстави со млад и надежен асамбл:)
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.740
Поени од реакции
27.733
Електра.
Глеам сте се нафатали да дискутирате. Мене ми беше мрдната и добра ама што е многу многу е, навистина треба да ја скратат.
Мада девојката ја имаше глеано претходно и вика дека додале многу работи кога ја глеавме ние :D
Алал да им е на актерите како и да е, трошат 2000 калории на сета таа игра.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom