Како бе не го гледаш тоа на Конте како поголем успех. Во што се толку подобри Клоп и Симеоне? Немаат ни повеќе титули, ако гледаме вака површно, а камоли па да навлагаме во каква ситуација бил клубот и слично.
Конте го направи истото што и твојот мил и драг Венгер, титула без пораз, и тоа во неговата прва сезона, со МНОГУ послаби играчи од тие што ги имаше Венгер.
Прилично сум сигурен дека таа генерација на Венгер што ја спомнуваш има помалку освоено од оваа на Конте.
За вториот дел,
И претходните тренери на Барса ја имаа сржта на тимот на Барса, Меси, Валдес, Чави, Иниеста, Пујол, па не направиле ништо посебно.
ГРЕВ е да се омаловажува успехот на Пеп, човекот со 18 играчи у прв тим успеа да освои се што може да се освои во првата сезона во клубот(втора негова во кариера како тренер).
И не е само таа сезона, во 4 години има 15 титули освоено, нешто што во денешни услови е вонземјанско.
И јас го сакам Венгер, посебно ради тоа што форсира убав фудбал(барем до пред 2-3 сезони), и се тоа го правеше со многу млад тим.
АМА, се бараат резултати.
Резултати што ги нема, дали е веќе застарен тип на тренер, што реално мотивацијата не му е некоја јака страна, дали тактички нема некои иновации, незнам, ама старчето моментално ништо не прави во Арсенал, тоа е факт.