Во тоа е финтата. Всушност тоа и е разликата помеѓу нив двајца. Дрогба никад не бил во топ 3, туку секогаш беше најдобриот, the ultimate one. Голови во најбитни мечеви, донел титули, he was delivering што би рекле англичани. Не дека Анри не, далеку од тоа, ама Дрогба беше егзекутор.
Значи убаво си тргнавме со објективност, а сеа пак ова. Ај по ред тогаш да видиме. Во трите премиерлигашки титули Дрогба што ги има со Челзи, во само една бил прв стрелец. Во останатите две Дрогба има само по 10 гола. Во двете премерлигашки титули Анри што ги има во Арсенал, во двете бил прв стрелец во Премиер лига, а во едната и златна копачка во Европа. Ultimate one, ко што викаш. За титулата на Дрогба во Лигата на шампионите Челзи не ја зема титулата со дефанзивна игра? Да не мислиш дека ја критикувам играта, далеку од тоа, тактика си е тактика, меѓутоа таков беше начинот. Поразличен од оној со кој Арсенал се обидуваше да ја освои. Ај што одбраната ви беше на задача, ама и Чех не му фати пенал на Робен? Кој беше играч на натпреварот од страна на фановите? Чех. Значи не го ставај само Дрогба како заслужен за титулата, па уште и единствен заслужен. Друга битна титула Дрогба нема. Ај таа турската каде што и таму Јилмаз им беше прв стрелец, ама глупо е таа да се спомне нормално.
Анри во Барселона и во Франција никогаш не можел да се издвои како единствен клучен играч затоа што играл покрај играчи како Зидан, Меси и Чави. Рака на срце, такви соиграчи Дрогба немал во Челзи. Може и затоа Анри има каде каде повеќе титули од Дрогба. Меѓутоа Анри беше и те како важен играч во Барселона во втората негова сезона таму. Еден од клучните играчи за освојувањето на Лигата на шампионите, а беше и најдобар играч во понижувањето на Реал во гости. Реал си го понижи и во Арсенал каде сам го тепаше на Сантиаго поминувајќи ја целата одбрана на Реал. Во првата сезона беше прв стрелец на Барса иако реално не беше којзнае што.
Значи не ми е зборот дека Дрогба не беше играч на одлука, меѓутоа од само еден натпревар се прави нешто над Анри кој секогаш постигнувал голови против Јунајтед, Ливерпул, Челзи, Реал, Јувентус, Баерн, ама имал една лоша утакмица во финалето против Барса.