Одамна не сум го обвинил Роџерс за пораз, али оваа ја утна скроз. Не утепаа тактички и тоа е тоа. 90 мин. без конкретна идеја како да се даде гол.
Ви го читам мрчењето за капитенот...излеа не сме ја глеале истата утакмица, може да си ја прегледате уште еднаш и да ги видите сите топки кои Џерард ги упати напред, сите пасови без грешка одиграни. Да се снаоѓаа напред малце подобро, голема е веројатноста сеа да стававме сите



за некој пас од Џерард.
Иако примивме гол ради грешка у одбрана, мој заклучок е дека одбраната беше солидна, иако е тешко во пораз да се наоѓаат позитивни ствари, сепак не мислам дека до толку беа дупка сите ко шо ги праите. Гарант Ловрен и Сако се играчи со најмногу направени пасови. Не знам шо повеќе да дискутираме. Немавме среден ред цела утакмица, мое мислење е дека Џан или Ален ќе беа покорисни оваа утакмица на сметка на некој од офанзивците. 4-2-3-1 е формација што мене лично многу ми се свиѓа, но знаејќи ја играта на Вила и колку се имаме измачено претходните утакмици, требаше поинаку да се пристапи. Добро ми текнува лани на првата утакмица против АВ кога, со многу дефанзивна и затворена игра успеавме да победиме и ако не грешам баш тогаш Роџерс рече дека тоа било единствен начин да се победи таа утакмица.
Како заклучок, тактички промашена партија, нешто налик онаа ланската против Челзи, само очигледно не поработиле на случајот во тренерскиот тим на Ливерпул па повторно гледавме безидејна игра, кога едноставно никој не знаеше како да ја доближи топката поблиску до гол и повторно гледавме очајни удари од далечина кон крајот на утакмицата.
За разлика од порано кога при порази многу често сум пцуел играчи заради нивната неспособност, сега верувам во квалитетот на играчите, само мора од утакмица во утакмица да се влага со подеднаква сериозност и со ладна глава и најбитно, со идеја како да се победи. Тимска и испланирана игра а не солирања и покажување на индивидуалниот талент.
Стариџ ќе ни фали, ама искрено не знам колку ќе ни помогнеше денес...