Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
http://www.imdb.com/title/tt0803096/
Ovoj film ako go userat, ke ima obidi za atentat na producentite. 100%
Se nadevam deka Duncan Jones znae deka se raboti za najgolemata (seushte neobrabotena) fantasy platforma.
Па веќе и доста време се планира филмов, срамота ќе биде ако не го осмислиле добро.
За буџет не верувам дека би им било проблем бидејќи сигурно покрај филмската продукција и Близард се спремни да помогнат на финансиски план а и за како да изгледа филмов.
Тапа би било Близард да дозволат да се екранизира на глуп начин легендарен универзум како што е Warcraft.
 
играта пропадна они уште не го направиле:LOL:
Сеуште е убедливо прва во MMO по број на корисници иако е опаднат тој број од пред неколку години :)
Али да, го тупат веќе 10 години со филмов :D
 
Далеку од интересна? blasphemy.
Ја да бев како @wot (а не сум), ќе ги пратев 7 дена на одмор да имаат време на раат да ја изгледаат уште еднаш.
 
Филмска уметност > напредок. Не ми идат баш овие 2 термини, уметноста не е на никој начин поврзана со напредок т.е. нејзиниот квалитет или по нашки како се доживува истата.

12 Angry Mеn, стариот, е подобар филм од 99.99% од новите филмови, тоа што нема ефекти, продукција, или нешто слично на ниво на новите филмови не менува ама баш ништо.

За TZ, don't get me started.....повеќе епизоди - дебилен крај??????? :icon_lol:
 
Змејскиот е саркастичен за 12 angry men, откако почна да билда постови и самиот не знае кај тера. На времето кога си пишуваше одмерено и по потреба делуваше ко многу паметно дете. Да речеме дека е во креативна криза :coffee:
 
Одамна пишувавме за филмот, веќе сум го заборавил. Знам само дека првичниот впечаток ми беше мизерија, и едно време филмот имаше оцена 2.нешто на IMDB, сега гледам подобро котира. Може и рецензија имам напишано, баш ќе проверам.[DOUBLEPOST=1405978590][/DOUBLEPOST]Сум пишал нешто кратко и сум му опнал двојка... @wot , зошто не работат линковите во „Сите наши рецензии“?

Одамна не работат, уште пред 2-3 миграции што ги имаше форумот. Кренав раце.. се сеќавам на овој box му дававме сите 2-ки.. ех кои времиња беа тоа. Сега се смета за некој си култен, Ларс бил срање а тапа била и ТЗ.

Ја менструација не чекам со олкаво нетрпение да и дое, ко шо чекам да искочат некои чудни, несекојдневни филмови, они се расхејтале.. и најмногу мака ми е океј хејтање, ама со стил барем бе упм. :nostalgicen:

--

ps ovoj beauty and the beast iskoci magicen, dobar e.. ima od mene prolazna nad prosek.
 
Ја мислам Мајкл Беј ја напредна филмската уметност, зашо нели приказната не е важна... Или ко Пацифик Рим филмови, глеаш како роботи и чудовишта се тепаат со боксови:ROFLMAO:, и после Роки ќе стане застарен... Али добро, секој си цени различни аспекти од филмовите
 
Ја ќе се повторам.
Ако во 2014 сеуште мислите дека филмови од 1960 се подобри од било кој филм од 2013/14 тогаш слободно може да си користите фиксни телефони пошто се класика и се од телефони што излегло у меѓувреме е непотребно бидејќи "Се знае за што е телефон-за зборење, ова камери и глупости се само рандом ефекти што не се потребни како напредок на човештвото."
 
Ја ќе се повторам.
Ако во 2014 сеуште мислите дека филмови од 1960 се подобри од било кој филм од 2013/14 тогаш слободно може да си користите фиксни телефони пошто се класика и се од телефони што излегло у меѓувреме е непотребно бидејќи "Се знае за што е телефон-за зборење, ова камери и глупости се само рандом ефекти што не се потребни како напредок на човештвото."

Можи да се уфрлам овде ? :D

Класик филм >>>>>>>> блокбастер, лигав римејк итн...

Си тераш по она new is always better, а ? :D


*е не е.
 
Ја ќе се повторам.
Ако во 2014 сеуште мислите дека филмови од 1960 се подобри од било кој филм од 2013/14 тогаш слободно може да си користите фиксни телефони пошто се класика и се од телефони што излегло у меѓувреме е непотребно бидејќи "Се знае за што е телефон-за зборење, ова камери и глупости се само рандом ефекти што не се потребни како напредок на човештвото."
Kако може да споредуваш телефон со филм :pos:
Специјални ефекти порано играле мала улога во креирање на филм, и за да се надокнади за тоа морало да се импровизира со квалитетна приказна и добра изработка на ликови за да ти го земат вниманието и да те погодат.
Технички изгледало посрање да, али сепак кога гледам ептен стар филм се ставам во тоа време и ми ја доловува таа атмосфера од тоа време :)
Али под никој случај не викам дека квалитетот на филмови опаѓа со тек на време, квалитетот си е константен и се вадат добри филмови цело време само што сега имаме повеќе квантитет али квалитетот си го има како и да е.
 
Последно уредено:
Ја ќе се повторам.
Ако во 2014 сеуште мислите дека филмови од 1960 се подобри од било кој филм од 2013/14 тогаш слободно може да си користите фиксни телефони пошто се класика и се од телефони што излегло у меѓувреме е непотребно бидејќи "Се знае за што е телефон-за зборење, ова камери и глупости се само рандом ефекти што не се потребни како напредок на човештвото."
Малку ти глупава споредбава.
Трилери како на Хичкок ретко можеш да начекаш на денешно време пример.
Акции океј, за акција ти се потребни специјални ефекти, иако сега само специјални ефекти се користат, приказната е ставена во втор план. Ама пак никогаш нема да има акциони филмови како Терминатор, Кобра, The Running Man, Predator (оригиналот со Шварци), Mad Max, Die Hard и ред други.
А сето тоа е можда оти типци како Шварценегер, Сталоне, Брус Вилис и остала багра моментално нема. Кој Том Круз ќе глуми акционен херој? Шиа ла Пуф? Кутрите бицепс немаат на нив не па нешто друго.
А дека имало епик филмови на времето кои и денес се епик и ќе останат епик не можеш да противречиш. Можеш само водиш инат и јас стварно не можам уште да ја разберам таа одбивност кон стари, црно-бели филмови. Ако филмот има добра приказна/глума, ако е добро сработен, не ме интересира од која година е, ќе уживам додека го гледам.
За на факс гледав филмови со Бастер Китон. Се смеев на филм како шо се немам смеено не памтам кога последен пат. И шо ако беше нем, кога имаше премногу добро направени ситуации.
 
Микс на двете и класика филм што и едни и други ќе се согласат. Затоа крај 80ти па се до 2000та излегоа можда најдобрите филмови
 
Јас она ќе го вадев од г****та ама тој упорен е...

Ја ќе се повторам.
Ако во 2014 сеуште мислите дека филмови од 1960 се подобри од било кој филм од 2013/14 тогаш
И тоа пази, не од некој филм, туку од било кој филм. Значи доста е да е во боја филмот и да го има Шиа ла факин Буф во главна улога и подобар е од 12 angry men, The Mockingbird, High Noon и останати класици кои и денес се гледаат и за кои и денес се зборува.

Добро. Исто и било кој бенд денес е подобар од Битлси, ако имаат видео од песна како за Евровизија доволно е.

Да ти објаснам: не е до филмот. До тебе е. Не се работи за тоа дали филмот е во боја и има јаки ефекти и дали го даваат во 3D во Синеплекс. Туку дали ти можеш да се поврзеш со времето во кое е направен, да ги разбереш техничките можности од тоа време и да го рангираш филмот врз основа на тогашни критериуми, а не денешни. И на крај да уживаш во она што ги прави тие филмови: сценариото, storytelling каков што ретко се гледа денес, глумата итн...

Постои причина зошто многу од овие филмови и денес се во топ 250, и зошто скоро редовно римејкот е далеку послабо рангиран од оригиналите. Ако ти мислиш дека филмот денес мора да е подобар само заради визуелните ефекти, можеби треба да удриш еден реалити чек. Денес за жал постојат можности да се направат прекрасни филмови, но ретко кој знае да ги искористи тие алатки и да најде совршен баланс помеѓу CGI, глума, приказна, темпо... Затоа и се радуваме како мали деца на тие 2-3 филм во годината што навистина вредат.

Пред да решиш тврдоглаво да го браниш ставот и да изгубиш авторитет, најди 3 часа да го изгледаш одново Schindler's List. Може ќе ти отвори некои перспективи.

P.S.
Сеуште гледам The Twilight Zone со истата возбуда како кога бев мал.

P.P.S.
Мурињо сеуште е најјак.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom