Јас она ќе го вадев од г****та ама тој упорен е...
Ја ќе се повторам.
Ако во 2014 сеуште мислите дека филмови од 1960 се подобри од било кој филм од 2013/14 тогаш
И тоа пази, не од некој филм, туку од било кој филм. Значи доста е да е во боја филмот и да го има Шиа ла факин Буф во главна улога и подобар е од 12 angry men, The Mockingbird, High Noon и останати класици кои и денес се гледаат и за кои и денес се зборува.
Добро. Исто и било кој бенд денес е подобар од Битлси, ако имаат видео од песна како за Евровизија доволно е.
Да ти објаснам: не е до филмот. До тебе е. Не се работи за тоа дали филмот е во боја и има јаки ефекти и дали го даваат во 3D во Синеплекс. Туку дали ти можеш да се поврзеш со времето во кое е направен, да ги разбереш техничките можности од тоа време и да го рангираш филмот врз основа на тогашни критериуми, а не денешни. И на крај да уживаш во она што ги прави тие филмови: сценариото, storytelling каков што ретко се гледа денес, глумата итн...
Постои причина зошто многу од овие филмови и денес се во топ 250, и зошто скоро редовно римејкот е далеку послабо рангиран од оригиналите. Ако ти мислиш дека филмот денес мора да е подобар само заради визуелните ефекти, можеби треба да удриш еден реалити чек. Денес за жал постојат можности да се направат прекрасни филмови, но ретко кој знае да ги искористи тие алатки и да најде совршен баланс помеѓу CGI, глума, приказна, темпо... Затоа и се радуваме како мали деца на тие 2-3 филм во годината што навистина вредат.
Пред да решиш тврдоглаво да го браниш ставот и да изгубиш авторитет, најди 3 часа да го изгледаш одново
Schindler's List. Може ќе ти отвори некои перспективи.
P.S.
Сеуште гледам The Twilight Zone со истата возбуда како кога бев мал.
P.P.S.
Мурињо сеуште е најјак.