Game of Thrones

  • Креатор на темата Креатор на темата RiseAgainst
  • Време на започнување Време на започнување
Мене само една работа ми беше чудна во последнава епизода. Водачот на Дивјаците (не ми текнува како се викаше), нели имаше 100.000 војска, не ми е јасно како успеа Станис да дојде до него за така краток период ? Ќе речите се предадоа, да тие се предадоа, ама Станис веќе беше навлезен длабоко во шумата, т.е. беше многу блиску. 100.000 војска, ако сака и од деца нека е составена нема логика така лесно да се пробие.
 
10494616_720326371360937_7286914520920893313_n.jpg
 
Тогаш змејовите не ги пеплосаа синџирите, туку го изгореа ворлокот (или ворлоците) од Qarth. А синџирите беа створени со магија од ворлокот, така да во моментот кога умираше ворлокот, магијата престана и синџирите исчезнаа.

И дај размислете што зборите, како може нешто направено од метал да биде пеплосано? Може само да се стопи. Не знам од кој метал точно се направени тие синџири со кои Денерис ги врза змејовите и на која температура се топат, ама веројатно огнот што го испуштаат змејовите не може да ја постигне таа температура.
Од легиран челик се ;)
 
Мене само една работа ми беше чудна во последнава епизода. Водачот на Дивјаците (не ми текнува како се викаше), нели имаше 100.000 војска, не ми е јасно како успеа Станис да дојде до него за така краток период ? Ќе речите се предадоа, да тие се предадоа, ама Станис веќе беше навлезен длабоко во шумата, т.е. беше многу блиску. 100.000 војска, ако сака и од деца нека е составена нема логика така лесно да се пробие.

Менс Рејдер нема 100.000 војска, туку 100.000 луѓе. Од нив нема ни 2-300 добро обучени војници, плус му кажа на Џон дека пратил и неколкумина да се качуваат на ѕидот на другите места, не само кај Castle Black. Значи зборот е, 100.000 души, од нив 2-3000 способни воини и да речеме еве, преку сила 10.000 добро вооружени.

Нему џокери му беа мамутите, џиновите и првата постава која ја прати да изврши диверзија одзади на Castle Black. Колку и да се курчи дека не му бил тоа планот, тоа му беше, преку диверзантите да го скрши замокот/вратата и да им биде слободен патот. Преку ѕидот и со негово искачување видовме колку е тешко да се помине, особено ако ти го пуштат сидрото. ( :vozbud: )

Станис има опремења коњаница и мадафакерска 4-3-2-1 формација со која му навлезе од две страни у шумата во која беше стационирана главната војска на Менс. Од кај му толку војска, со оглед на загубите кои ги претпи на Блеквотер, мислам дека тука има улога одењето у Бравос и позајмувањето пари од Iron Bank, мислам дека купил неколку платеници плус бродови. Инаку, пристига со бродови, преку замокот Eastwatch by the Sea, после ваљда со коњи од таму до KБ.

Менс беше свесен дека немаат шанси против добро организирана коњаница. Менс всушност е good villian. Прав крал, кому му е гајле за неговиот народ, а не примарно за тронот (?) кој го нема на западот нели, пошто е некој степен на анархија, но и покрај таа анархија го почитуваше guest right, правото на „покрив над глава“ и не го нападна Џон. На некој начин преставува Станис beyond the Wall, има принципи кои ги почитува, па дури и во делот на самобендисаноста (We do not kneel) наликува на Mannis.

Си кажа многу пати дека не сака неговите луѓе да гинат за безвеза, иако тука сега испаѓа дека тие илјада и кусур кој ги прати во првиот бран напад на ѕидот загинаа залудно. Зборот е се гледа дека му е гајле за луѓето позади него. И од друга страна, да не дојдеше неочекувано Станис, војската и народот на Менс сигурно ќе „победеа“, односно ќе го минеа ѕидот, пошто Најт Воч немаше теорија да ги запре.
 
Плус фатени беа на препад, знаеа дека Night's watch преку сила 100 луѓе, неспремни плус од тие 100.000 многу старци, жена деца и слично. Плус реално гледано, друго е пешадија, друго е коњаница, па уште неспремни. Видете ги сите битки низ историјата, тие што биле фатени на препад не знам дали некогаш победиле. (па макар и од другата страна имало многу жртви). Иначе, нели Станис нападна на Кингс Лендинг со 20.000? Пола загуби, ако не и повеќе (само скоро пола од wildfire). Повеќе мислам дека купил коњи него војска, иако импресивно изгледаше бројката (ќе повторам, слично ко Рохирим рајдерс во ЛОТР 3ката).
 
Менс Рејдер нема 100.000 војска, туку 100.000 луѓе. Од нив нема ни 2-300 добро обучени војници, плус му кажа на Џон дека пратил и неколкумина да се качуваат на ѕидот на другите места, не само кај Castle Black. Значи зборот е, 100.000 души, од нив 2-3000 способни воини и да речеме еве, преку сила 10.000 добро вооружени.

Манс рече дека имал 100 000 strong one.

YNWA Bran. You'll never walk again! :D

Инаку, мило ми е што нема да го разочарам @Red John и ќе кажам дека мене, како изучувач на историјата, мило ми е што и у серијата се потврдува тоа дека секоја драстична промена, колку и да е добра, кај луѓето претставува незодоволство пошто луѓето по default се незадоволни. И патем фала за тој што одамна даде спојлер дека ќе се појави некој што ќе остави коски од дете пред Денерис.

:)

Тогаш ете место дете бидна овца, а сега решиле дете да прикажат. Ама мораше некој да се истрача и да кажи дека во книгите било поинаку, знајш кул да испадни.
 
Видете ги сите битки низ историјата, тие што биле фатени на препад не знам дали некогаш победиле. (па макар и од другата страна имало многу жртви).

Ај те молам, најди ми една битка во историјата каде што е употребена коњица во шума, и каде што тоа довело до победа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom