Game of Thrones

Член од
14 април 2012
Мислења
31.786
Поени од реакции
63.391
Ај нешто да прашам што ми се виде сосема нелогично.

Денерис им става ланци на змејовите, а кога беа мали, ми текнува на сцена во која пепел ги направија ланците што им ги ставија околу врат.
И тоа, мали беа, како ноќна лампа.

Сега кога можат да пеплосаат куќа со еден здив, им става ланци? Зашто?
 

THE-Boss

The Winter is coming
Член од
5 јануари 2014
Мислења
707
Поени од реакции
1.018
Дај вие поискусните кажете како да се издржи 1 година да нова сезона :D
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.147
YNWA Bran. You'll never walk again! :D

Инаку, мило ми е што нема да го разочарам @Red John и ќе кажам дека мене, како изучувач на историјата, мило ми е што и у серијата се потврдува тоа дека секоја драстична промена, колку и да е добра, кај луѓето претставува незодоволство пошто луѓето по default се незадоволни. И патем фала за тој што одамна даде спојлер дека ќе се појави некој што ќе остави коски од дете пред Денерис.

Туку ај, сериозно.

Кучкава Денерис едвај чекам да цркне, поише од било кој. У целава епизода, жал ми падна само за змаевиве. Значи... не знае да владее, не знае освоеното да го задржи, не знае да го задоволи народот, не знае да ги контролира змаевите, не знае ништо. Ти ебем инцестот глуп, требало да ги збришат и неа и брат и одамна. Ги зароби змаевите бе, не ми се верува. Место да проба да ги контролира... лузерска глупа кучка. Се надевам ќе ја спалат.

За Шае - Ако риба дроља постане, она дроља остане заувек.... заувек... толку!

Ќе се дешава нешто интересно меѓу Мелисандре и Џон следната сезона, осеќам. Али пак сум сигурен дека Џон на крајот ќе испадне победникот у играва. Оваа може у него ќе види поспособен владетел од Станис, али ќе видиме, тука е стварно најнеизвесно.

Да, и кога Џејми го ослободуваше Тирион, за момент си помислив дека сценариото што го пишав (како он го ослободува, Тирион бега, а Серсеи го убива него), стварно ќе се исполни. Али ајде, пола погодив. Убедено типував и дека ќе умре Џејми, али не се деси.

И да, уште една работа да си потврдам у овој егоистичен пост, тоа е дека бев у право дека дури ни Game of Thrones не е доволно моќен серијал за да дозволи еден лик како Тирион да умре. Не може "секој" да умре, колку и да сакате верувајте у тоа.

У King's Landing, Серсеи е на потег. Сеа може сама да владее преку Томен. Сигурно и ќе го искористи тоа, веројатно и со зомби Планина како телохранител.

Сигурно пропуштам уште нешто, али ќе има време да се надополнуваме :)
 
Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.674
Поени од реакции
4.205
Топ завршница!

Станис ги стави дивјаците во бонус од две страни, каков ѕвер, го направи правилното нешто и дојде на помош на реалмот.
Станис е праведен човек, кој секогаш гледа да го направи правичното нешто, личен интерес кај него слабо има, се бори за правда или барем за тоа што он мисли дека е правично.
И да имаше Станис значително помалце армија од 100.000 пак дивјаците немаа шанса, војската на Станис има дисциплина и напаѓа во формација поткрепена со јака стратегија од страна на еден извонреден и искусен командир плус војската е со тежок оклоп и челично оружје.
Од оваа епизода па натаму Станис нема да биде толку досаден дефинитивно :D
И ѕидот во склоп со сите тие ликови ќе биде премногу јако.

Бриен и Кучето, добар дуел, многу јако изведено.
Кучето е дупло појак воин од Бриен, но не смее да се заборави дека раната на вратот му беше инфицирана, качил температура, трески едно друго си го прават своето :D
Многу ми е криво за Сандор но тоа е.

Уживав во сцената со костурите, не беше лошо изведено.
Започнува една трансформација на Брен Старк што ќе биде интересно да видиме до каде ќе се развие.

Даенерис конечно покажа силна емоција епизодава, кога го виде изгореното дете и кога ги оковуваше змаевите, јак перформанс од Емилиа Кларк епизодава.

Тирион исто така развали, многу јака сцена кога ја удави кучката со ланецот и кога го застрела Тајвин на серење.
Нема повеке да го гледаме ликот на Тајвин, ликот што на многу оргинален начин ги завршуваше работи и да го добие тоа што го сака, дефинитивно ќе фали.
Чарлс Денс на маестрален начин успеа да го портретира ликот на Тајвин, мора Еми да збрчи, све друго е неправда!
 
Последно уредено:

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.656
Поени од реакции
14.512
И патем фала за тој што одамна даде спојлер дека ќе се појави некој што ќе остави коски од дете пред Денерис
Абре тоа не беше спојлер, тоа некој беше пишал дека помислил оти бебе било тој овчарот кога ја донесе овцата изгорена мислам
 
Член од
17 март 2014
Мислења
321
Поени од реакции
478
И беше кажувано дека „слободните“ се несреќни, ама ова беше многу поефективно. Којзнае колку се има нервирано вампирот што не му текнало нему. :D
Хмм како бе го нема. Дефинитивно го има. Е сега не знам дали беше робот лично кај Дани или ни беше прераскажано преку посредник.
Не само што го има, туку по наговор на Дарио им земаат процент од секое самопродавање на робовите. Единствената разлика е што не смеат да се продаваат и чуваат робови во Мерин.
 
Член од
13 февруари 2007
Мислења
5.106
Поени од реакции
5.845
Ај нешто да прашам што ми се виде сосема нелогично.

Денерис им става ланци на змејовите, а кога беа мали, ми текнува на сцена во која пепел ги направија ланците што им ги ставија околу врат.
И тоа, мали беа, како ноќна лампа.

Сега кога можат да пеплосаат куќа со еден здив, им става ланци? Зашто?
Тогаш змејовите не ги пеплосаа синџирите, туку го изгореа ворлокот (или ворлоците) од Qarth. А синџирите беа створени со магија од ворлокот, така да во моментот кога умираше ворлокот, магијата престана и синџирите исчезнаа.

И дај размислете што зборите, како може нешто направено од метал да биде пеплосано? Може само да се стопи. Не знам од кој метал точно се направени тие синџири со кои Денерис ги врза змејовите и на која температура се топат, ама веројатно огнот што го испуштаат змејовите не може да ја постигне таа температура.
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.134
Поени од реакции
8.927
Може ли некој да ми ги објасни костурите што го чуваа дрвото. Видов дека некои од нив имаа и облека.

Мртвите луѓе стануваат вајт вокери, а оние што ги палат се претвараат во овие живи костури?
 
Последно уредено:
Член од
17 март 2014
Мислења
321
Поени од реакции
478
Може ли некој да ми ги објасни костурите што го чуваа дрвито. Видов дека некои од нив имаа и облека.

Мртвите луѓе стануваат вајт вокери, а оние што ги палат се претвараат во овие живи костури?
Не може никој да ти ги објасни, ниту костурите ниту пламените бомби кои ги исфрла Детето на Шумата, бидејќи истите сцени се поинаку (пореално) објаснети во книгите.

Костурите би требало да се сосема обични Бели (не Бели Шетачи туку нивнуот производ од мртвите неумрени). Тие се тука под снегот и чекаат некој да излезе од пештерата во која се скриени Децата на Шумата, за да си грицнат нешто за доручек, а бидејќи се немртви, не им се брза многу (ако се зезне некој, ќе има лапачка, ако не ќе си дремнат уште некоја година).

Инаку, бидејќи на екстремниот север е многу ладно, меките ткива не се распаѓаат, а бидејќи истите се под снег, дивите животни је можат да ги откопаат и изедат, така да нема ама баш никаква причина да останат само скелети кои не припаѓаат во овој серијал, а се позајмени од некои други филмови од осумдесетите. :tapp::гомце:
 
Член од
30 јули 2008
Мислења
4.314
Поени од реакции
2.841
Претпоставка моја не сум читал. Мислам дека црвената жена со станис (не ми текнува како се викаше) ќе има нешто со џон ако не и мајка да не му испадне....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom