Тајзи/Tyzee

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
Oд мал го знам пошто ми е другар,како човек е супер,е сега неговата музика некој ќе ја сака друг не,нормално како и се друго.
Со ваквиот тип музика најверојатно цели кон тинејџерската публика,она што му треба е малце посериозен пристап и посериозни текстови по мене.Не е како Слаткар,Слаткар е одбивен лик од сите аспекти,а овој човек има харизма.
Go Tuzee!
 
Боље би слушал Gospel него Тајзи ( какво уфилмано америчко прекарче) , како може да си ја труете душата со песни слични на тие погоре постираните , неможам да сватам ајде да за вкусови не се дискутира ама , аман бе човече на музика ли ти личи ова просеравање на Тајзи мајзи ? Катастрофа.
 
А што правиме со муабетот “Светско а наше“? Ако ги земите во предвид,доста популарните низ светот, Pussycat Dolls, The black eyed peas, Don Omar, Pitbull,Rihanna,Lopez и компанија, не се ништо подобри ни во текст,ни во музика.Ова е моменталната поп култура,во светот,кај момакот само изведена на мак.јазик со некој патриотско-владин текст а не звучи ништо поразлично од моменталната светска сцена. Шоу бизнисот е чудесна машина,ретко успеваат заради квалитет,им се гледаат интересни на некој менаџер,и одреден период ќе ги туркаат низ вода додека не си најдат нова играчка. Кај народот ,на прашањето “зошто е популарен“ одговорот секогаш ќе биде “Оти го има на тв“.
 
Секако дека на луѓе со возраст 20+ нема да им се допаѓа музикава. Очигледно е дека е наменета за одредена генерација (тинејџери).
Мислам исто ко да хејтате Дора Експлорер.
 
Коледар со коледарски песни, да биде позаебано гласот на песниве му е како да има запек што најверојатно е од тоа што коледашката му е забиена до појас одзади.
патетичен во настап, патетични песни, во уште попатетична македонска музичка сцена.
 
Моето мислење беше отстрането, но затоа мислењата каде ја сум исто така навреден седат.

Тајзи ? Талентиран? Има толку плитки, безвезе текстови.. Само подпросечно интелегентните се палат на него.
Извадок од песна на супер-талентираниов:
„Парите се како жена, не ја работиш ти бега“
Јас лично сметам дека жените треба да имаат помалку права од мажите ама ова е дефинитивно навреда.

- Тука јас сум наречен "потпросечно интелигентен".

Тајзи е ужас и сите шо го слушаат да си го преиспитаат вкусот за музика.
Шљам.
И ако не се премислат да се бомбардираат така?
Токму така.

- Тука сум наречен човек со лош вкус за музика кој треба да биде бомбардиран.

Не вкусот, туку незнаењето што е добра и квалитетна музика. За вкусови не се расправа ми е најбезвезе реченица кога се дискутира за музика. Самата реченица така кажана е недолична за светски музичари кои животот го посветиле за да остават нешто. Ко да го ставаш во ист кош со субвенционираниве. Имам врсници мои(24-25 години) кога ќе му пуштам песна од Тhe Doors, Pink Floyd, Led Zeppelin, Porcupine Tree, се смеат буквално, што било ова, металци ли биле и ќе ми пушти Тајзи и ДНК или некое пцуење од Слаткар. Или Queеn да пуштам, lele toj pederot li ke go slusas??????

Конкретно проблемот со нив, освен музичката необразованост, не знаат збор англиски, не разбираат текст.
Ако не сум некој експерт од некоја област, ќе пребарам, ќе преслушам зашо ми е интернетот. На крај краева и ќе прашам ако треба, да ми предложи нешто. Не со сила да се правам дека слушам којзнае каква музика, ама да преслушам и да одлучам самиот.

Да не бидам оф секој што го слуша Тајзи, ДНК е страшно музички необразован. Што може во Тајзи да видиш или пример од него да земеш? Како да успееш со песна диригирана од партија? Oва доаѓа од мене што омилени ми беа Jonas brothers кога имав 15-16 години. Не знам кај ми бил умот. Ај ќе се оправдам, зелен бев, немав компјутер ни лап топ во 2005/06 година. И прво заљубување на When you look me in the eyes. :D Се наежив. :D
Сеа проверив типот има 30 000 лајка на фб, Архангел и Фолтин заедно 10 000. Не треба повеќе муабет.

- Тука сум наречен музички необразован, човек кој не знае да земе пример од тој што треба, и индиректно дека сум зелен и не знам каде ми е умот.


Ако може модераторите да се уозбилат и малку да сфатат дека поради мислењата на некои членови, еве да не зборам и за другите, али јас конкретно се осеќам навредено поради овие муабети. Нека се преземе нешто пошто истиве коментари ги среќавам на сите теми каде овие "музички образовани" личности солат памет на мене и останатите кои не се сложуваат со нивното мислење за музиката. Или нека коментираат како што е ред, или нека се преземат некакви мерки. Немам ништо против мислењето дека некој пејач/музика не им се допаѓа, слободно нека пишуваат, али кога ќе промрчат некоја навреда кон луѓето што ги слушаат истите артисти, тоа ги надминува границите и јас не можам да го толерирам.

Фала.
 
Не мешајте индиректно пронаоѓање во текст со навреда :) Не сме деца мислам, јасна е разликата. Ако за пронаоѓање во текст досега се бришеше и банираше, форумот ќе беше посиромашен за едно 2/3 од тоа што е сега. Навредата е јасна, недвосмислена, директна. Навреда е и цитат како од Кинг Б кој беше избришан затоа што доби сам по себе директна димензија кон членот. Затоа воздржете се од ниски удари, коментирајте си ја музиката, зато шо за втор/трет пат во животов тука на форумов ќе почнам да ги применам казнените.
 
Не мешајте индиректно пронаоѓање во текст со навреда :) Не сме деца мислам, јасна е разликата. Ако за пронаоѓање во текст досега се бришеше и банираше, форумот ќе беше посиромашен за едно 2/3 од тоа што е сега. Навредата е јасна, недвосмислена, директна. Навреда е и цитат како од Кинг Б кој беше избришан затоа што доби сам по себе директна димензија кон членот. Затоа воздржете се од ниски удари, коментирајте си ја музиката, зато шо за втор/трет пат во животов тука на форумов ќе почнам да ги применам казнените.
Значи, basically, ако речам "Изведувачот е срање и само морони може да го слушаат", тоа не се смета за навреда? Чисто да забележам, да знам како идат работите на форумов и како да се однесувам ја за нешто што не ми се свиѓа.
 
Значи, basically, ако речам "Изведувачот е срање и само морони може да го слушаат", тоа не се смета за навреда? Чисто да забележам, да знам како идат работите на форумов и како да се однесувам ја за нешто што не ми се свиѓа.
Бејзикли да. Aко си забележал во непопуларни филмски мислења, во литература и слични кршливи теми со вкусови, секој по некој пецка.
Тоа е таа разлика меѓу директно и индиректно. Сите се пронајдуваме во нешто, било во Драга Кајгана кога некој пишал дека ретардирани се оние кои објавуваат слики на инстаграм со јадење, а час претходно пример си објавил ти слика со јадење и си се пронашол во неговиот коментар. Така до кај ќе беше крајот....
 
Бејзикли да. Aко си забележал во непопуларни филмски мислења, во литература и слични кршливи теми со вкусови, секој по некој пецка.
Тоа е таа разлика меѓу директно и индиректно. Сите се пронајдуваме во нешто, било во Драга Кајгана кога некој пишал дека ретардирани се оние кои објавуваат слики на инстаграм со јадење, а час претходно пример си објавил ти слика со јадење и си се пронашол во неговиот коментар. Така до кај ќе беше крајот....
Океј, забележано. Се надевам истово правило ќе важи за сите подеднакво :)
 

Брат не ме сфаќај погрешно ама има некоја одредена граница, критериум, или ако сакаш рамка во вкусот на музика која говори за нечива интелигенција.
Те сфаќам у која ситуација си, ама и на луѓето шо фаци као Шабан Шаулич, Миле Китич, Дара Бубамара им се музичка светиња и поим за провод им е свирка на Жаре бербер, не им паѓа на памет дека се глупи.
Ме сфаќаш... И 'Итлер сакал да бидел некој...
 
Не би го пуштила дома и да уживам ама не ми е одвратна неговата музика, симпатична ми е ама за тинејџери. Мојата 13 годишна сестра е луда по него и ја разбирам. А надпросечно е интелегентна:)
Ама онаа песната платена со мои пари и текстописец Никола Груевски ми е смешна. Или патетична. Не знам не сум паметна.
 
Не ми била никогаш проблем музиката на Тајзи. Тајзи си пееше со години веќе весели регетон песнички со тематика насочена кон тинејџери и поенти наштелувани за нив. Не го слушав, ама не им замерав на тие што го слуштаат.

Ова од горе е веќе језиво, ова е државно-спонзорирана индоктринација на тие тинејџери што го слушаат. Преку оваа песна треба да им стане вистина тоа што спонзорите негови сакаат да е вистина и е голем проблем кога тоа сите ние го плаќаме.
Да е од свој џеб или од некои приватни спонзори кои би ја финансирале оваа песна можда би било језиво, ама не би било проблем, пошто не сме го финансирале .
Сеа вие замислете што музика ќе вадат сите тие субвенционирани музичари од списокот што не можеа Универзална да ја напунат, а сега се дигнати на ниво на национално богатство.
 
Дошо сам да пцујем (ама глеам накурчени модератори :D )

Иначе, вака, кратко и јасно Тајзи е тапа, општо од самиот почеток кога беше во брак со тој Скипи или како и да беше беа тапа. Значи музиката е општо ретардирана, регетонот нивни не ми личи на ништо, пробаа да фураат рап малку од малку (е нејќу тука да се препукавам) тапа.

Али пошо во оваа наша државичка од 2 милиона, од кој пола запалија патиките по странство и се фураат на стриктно народна музика или српска гранд продукција, квантитетот и идиотлукот просперира. Во глобала. Сабајле се расправав долу со тип кој тврди дека Rick Ross е најјак рапер пошо имал не знам колку милиони views на youtube. o_O И после долго убедување паметниот попушта и го дупев во мозок дека е во право. Истото е и за оваа ситуација.

Значи, квалитетот тука не успева, пошо не е фуран по телевизии, по радија или недај боже субвенциониран од државата (чеј, од мој данок некој платил за ова срање? I mean, srsly? )

Така да, во поглед на музиката, (кажано хипстерски овдека) има многу поквалитетни луѓе кој ретко кој ги знае а никој не ги експонира или турка. И ретко кој ги чул.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom