Тајзи/Tyzee

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
Кога пееше заедно со Скипи ми беше еден од омилените пеачи од Македонија, а и имаа добри песни, сега со новиве песни онака, далеку од добро :)
 
Океј, темава е у подфорум музика. Пазете на кај ви летаат темите на разговор. Овде сме кој да го фали дечково, кој да го плука. Да му јадеме трици за "музиката" негова, да го обожаваме и слично. Не ми почнувајте со тутунарите и нивните субвенции да не ве бришам.
 
Океј, темава е у подфорум музика. Пазете на кај ви летаат темите на разговор. Овде сме кој да го фали дечково, кој да го плука. Да му јадеме трици за "музиката" негова, да го обожаваме и слично. Не ми почнувајте со тутунарите и нивните субвенции да не ве бришам.
yelling-meme-generator-damn-you-andrew-115d36.jpg


Sorry! :'( :D
 
Човече колку ви е тежок животот кога ни музика не може да слушате без да го дрвите за политика. Опуштете се малку темата е за музика. Ви се допаѓа или не тоа е тоа. Идете на темата и викате дека никогаш нее сте го слушале момакот а дрвите овде за политика.
Субвенции да многу е просто се што вреди во државата треба да се субвенционира. Се субвенционират земјоделци, шарпламнинци, спортисти, се субвенционират и студенти, филмови, претстави, зошто да не се субвенционира и музиката. Мала држава сме и нема леб за уметниците ако не се подржат од државата. Поентата е кој се субвенционира. Тајзи е дечко што во 2013 направи БУМ со неговиот албум кој е веројатно најпрегледуваниот на you tube. Значи дечкото не е од небо паднат. Мене лично многу повеќе ми пречи начинот на кој Биба Додева или Ламбе Алабаковски лапнаа награди на Мак Фест и Скопје Фестивал иако и двајцата се подпросечни музичари но ете им се погоди и алал нека им се наградите се разбира ако не муљале нешто со гласовите.
И на крај уште еднаш опуштете се барем музика додека слушате омразата кон се и сешто не е ниту за вас ниту за околината полезна.
Да, веројатно требе да се субвенционира лажгото кој пропагира дека овде тече мед и млеко, во моменти кога жив те дерат.

И да. Ова е муабет за неговите песни, поточно за текстовите.

А тоа што не сум го слушнал никад у живот, тоа ќе го сматрам за среќна околност. Али текстон имав несреќа да му го прочитам.
Колку треба да е уметнички издржана песната, со музика, аранжман, композиција, за да надокнади за онаков текст?
 
Тие што мислат да не меша субвенции и политика во муабет за наша музика, очигледно не се со паметот во државава.
Кај нас само таква музика постои, политички платена. Оваа песна е убаво потпишана доле - Министерство за култура, значи го платиле да направи ваква песна за сакање на државата, останување тука, збори и за трето дете по што ќе добие стан и слично, значи пее за проектите на Владата. Плус сите знаеме како се станува претставник на Македонија за Евровизија. Пеј во кампања и ќе ти наместат во МРТ да идеш на Евровизија без натпревар. Така ги свртеа Есма, Влатко, Тијана, Калиопи...

Да повторам - тие што мислат дека македонската музика не е поврзана со политика, многу грешат.

Очекувам типов следна Евровизија да иде, еве му песна кампањски мотивирана, ем има дечурлана кои го сакаат, таман. Ќе испее уште некоја песна за брак или слично и платено ќе биде се.
 
Цар е Тајзи. Со Скипи беа добри, не е лесно да се каже дали беше добра одлука да тргнат по соло-кариера, али еве засега на Тајзи добро му иде. Си има добри и интересни, лабави песнички.


Оваа ми е најдобра засеа, една од посериознитe.
Ако Тајзи е добар музичар и има квалитетна песна можам да заклучам што слуша типот на кој што си му духовно гуру за музика (y)(y)
 
Има неколку песни добри, бев кога дојде во бонанза, углавном внатре беа повеќето 7-оделенки.
 
Вчера излезе нов сингл од него со многу добра порака

Човече колку ви е тежок животот кога ни музика не може да слушате без да го дрвите за политика

Прво викаш дека песната имала многу добра порака, а после викаш да не се збори за политика. Како да не се збори за политика кога пораката на песната е политичка - "патриотска".
 
И како што очекував од него, песна баш како он зае да направи, срање.
 
Не вкусот, туку незнаењето што е добра и квалитетна музика. За вкусови не се расправа ми е најбезвезе реченица кога се дискутира за музика. Самата реченица така кажана е недолична за светски музичари кои животот го посветиле за да остават нешто. Ко да го ставаш во ист кош со субвенционираниве. Имам врсници мои(24-25 години) кога ќе му пуштам песна од Тhe Doors, Pink Floyd, Led Zeppelin, Porcupine Tree, се смеат буквално, што било ова, металци ли биле и ќе ми пушти Тајзи и ДНК или некое пцуење од Слаткар. Или Queеn да пуштам, lele toj pederot li ke go slusas??????

Конкретно проблемот со нив, освен музичката необразованост, не знаат збор англиски, не разбираат текст.
Ако не сум некој експерт од некоја област, ќе пребарам, ќе преслушам зашо ми е интернетот. На крај краева и ќе прашам ако треба, да ми предложи нешто. Не со сила да се правам дека слушам којзнае каква музика, ама да преслушам и да одлучам самиот.

Да не бидам оф секој што го слуша Тајзи, ДНК е страшно музички необразован. Што може во Тајзи да видиш или пример од него да земеш? Како да успееш со песна диригирана од партија? Oва доаѓа од мене што омилени ми беа Jonas brothers кога имав 15-16 години. Не знам кај ми бил умот. Ај ќе се оправдам, зелен бев, немав компјутер ни лап топ во 2005/06 година. И прво заљубување на When you look me in the eyes. :D Се наежив. :D
Сеа проверив типот има 30 000 лајка на фб, Архангел и Фолтин заедно 10 000. Не треба повеќе муабет.
 
Ја чув прееска песната на една друг атема и сега барам по фолдерите на домаќинот експериментален џез да се размагентишам! :eek:
 
Тајзи, Скипи и нивна компанија искрено воопшто не можам да ја поднесам нивната музика немам ништо против тие што ги слушаат но мене многу ми е одвратна нивната музика и воопшто тоа што тие го прават. Текстовите им се тапа не дека имаат некаков текст јак да речеш ај оваа песна да, океј е и ми влегува во мозок ама мене ниту една не ми влегла во уво. Повеќето песни кои ги имам слушнато биле додека сум се возел во автобус еднаш баш паметам се возам во бр. 5 за моја несреќа слушалките дома :confused: очигледно беше пуштено новото радио слободна европа слушај во боја така нешто беше, миленко-виќ со неговите политички моабети и едно време пуштаат тајзи:

Tyzee - Regeton

Се заљубив, о нооо...
ми направи продор,
во моето срце, ко дрога низ мојот мозок.
И само за тебе би напишал милион рими,
и горе од небо, за тебе би пеел бебо.
И кога би, и кога би, и кога би умрел би пеел.
И кога би, и кога би, и кога би, горе од небо за тебеее...

Ова текстов личи ко за деца од 15 години и јас барем тоа и го имам приметено сите вакви фаци како тајзи, скипи и остала компанија ги слушаат тинејџери/ки кои се палат на нив и тек тук по некоја 22 годишна која сеуште е дете во мозокот. Моабетот е што ваквите ликови на македонската сцена многу брзо пропаѓаат или пак остануваат некои 1-2 години како "популарни" и после тоа тек тук како печурка ќе никнат негде на некој си "фестивал" каде што ќе испејат некоја си детска песна...
 
Не ви се допаѓа неговата музика, селски хипик, не заслужува тема на форумот, не се трпи дечково... а 4 страни ги испишавте за неколку саати.
Не знам зашто воопшто ја отварате темава ако не ја почитувате неговата музика. Одете коментирајте си во темите на музичарите кои вие ги слушате.
Но нормално е ова на форумот. Негативните коментари се секогаш побројни од позитивните. (@Andrew пази сега :sneaky:)


Ме предизвикаа бројните коментари да ја отворам темава, инаку не го слушам Тајзи и не ја познавам неговата музика.
Така да, ќе останам на оф-топикот од погоре :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom