НБА Сезона 2013/2014

  • Креатор на темата Креатор на темата grande-juve
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде шампион во сезоната 2013/14?

  • Бостон Селтикс

    Гласови: 2 2,5%
  • Њујорк Никс

    Гласови: 2 2,5%
  • Чикаго Булс

    Гласови: 17 21,5%
  • Мајами Хит

    Гласови: 17 21,5%
  • Сан Антонио Спарс

    Гласови: 9 11,4%
  • Индијана Пејсерс

    Гласови: 1 1,3%
  • Хјустон Рокетс

    Гласови: 1 1,3%
  • Оклахома Сити Тандер

    Гласови: 8 10,1%
  • Денвер Нагетс

    Гласови: 2 2,5%
  • Лос Анџелес Клиперс

    Гласови: 5 6,3%
  • Лос Анџелес Лејкерс

    Гласови: 6 7,6%
  • Голденс Стејт Вориорс

    Гласови: 0 0,0%
  • Бруклин Нетс

    Гласови: 2 2,5%
  • Атланта Хоукс / Перо Антиќ

    Гласови: 6 7,6%
  • Мемфис Гризлис

    Гласови: 1 1,3%

  • Вкупно гласачи
    79
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
ццц самите се тепаа, иако немаше ф од фаул над Вестбрук али тоа е. Требаше тајмаут да терат а тие изгубија топка. Епа си треба и среќа...
 
И ја спремив еден пост како овиа погоре,ама ме откажаа:drk::drk::vozbud::cuc::cuc:
 
Пол заеба се што можеше да се заебе :facepalm:

судиите :facepalm::facepalm::facepalm:
 
Леле г’зларииии. Додуша вина за ова имаат и Клиперс кои последните 3 минути само ја држеа топката и утињаа што им одговара на Тандер, ама сепак, незаслужена победа на ОКС. Ќе има 7 натпревари овде.
 
Ја избрзав со впишувањето на победата на Клиперси, али ни на крај памет дека ќе се деси вакво нешто. Штета за Клиперси, заслужија, ама па од друга страна кој им е крив што така се погубија на крајот и наместо да влезат во пенал завршница дозволија да им биде украдена топка и потоа Оклахома да има напад. Реално Крис Пол одигра одличен натпревар ама на крај ја усра работата, прво ја изгуби топката на 2 разлика, а потоа и во последниот напад, откако Вестбрук ги погоди трите слободни фрлања.

Реално судиите се изгубија скроз, најпрво тоа над Реџи Џексон беше фаул, не го свирнаа, а по прегледот на снимката апла се гледаше дека излезе топката од Реџи Џексон бидејќи Барнс го удри по рака. Потоа фаулот од Крис Пол над Вестбрук, по мене тоа врска немаше од фаул. Срамно судење за еден натпревар од ваква важност.
 
Стефан, брат уште малце Џони ќе го стигнеш со муабетиве :D

лол колку треба да си глуп вакво водство да прокоцкаш еј... браво за Тандер ама вака против Спарси...
 
No fucking way Окејси тепале?! минута до крај водеа 7, 8 колку што памтам. Не ваква посрана екипа ко Клиперс нема од сега ќе ми бидат синоним за глупоќа
 
pa i na kraj cist faul bese ona nad CP, u raka go udrija i mu ispadna topkata, kako ne go vidoa toa neznam, bruka.
 
Kako bese toa Los Angeles Chokers?

Sent from my HTC Desire X using Tapatalk
 
Каква серија е ОКС - Клиперс :vozbud:

На некој начин се случи обратното од 4тиот натпревар кога на луд начин Клиперси се вратија и победија. Ќе биде забавно натаму да видиме како се ќе се одвива. ОКС продолжува да се базира само на талент (во што се веројатно најдобри во лигата), а Клиперси покажуваат зошто се сериозни кандидати за титула, Док Риверс и тоа како ги среди за само една година.

Судиите направија повеќе грешки целиот натпревар (особено на почетокот многу фаули над ОКС недосудени затоа и толкава разлика направија Клиперс), ама тоа се работи што се случуваат на секој натпревар и не смееја да дозволат во последните минути да им избега од контрола натпреварот. И сега за хаотичниот крај. Прво, чист фаул на Реџи Џексон на 11 секунди до крајот, не го судат фаул туку топка во аут. Па бидејќи можат да прегледуваат аут топки во последните 2 минути (но не и фаули), ги прегледуваат и сфаќаат колку очигледен фаул недосудиле, па прават втора глупост и носат соломонско решение враќајќи му ја топката на ОКС иако очигледно од Џексон беше допрена. После тоа судат фаул за тројка над Вестбрук, што рака на срце беше точна одлука, голема глупост на Пол некаде меѓу лактот и подлактицата очигледно го удри. Вестбрук си ги погоди слободните и на крај пак нападот Пол го уништи ја изгуби топката.

Се на се чуден натпревар. Вестбрук прави еден куп :facepalm: тип на потези, ама што е страшен играч страшен е. Реално сам ги одржа во живот и на крај со слободните и го доби натпреварот. Всушност, за сите што се чудат зошто јас и некои други имаме толку доверба во ОКС, тука лежи и причината, НБА реално е сепак лига на играчите, тренерите се споредни, а ОКС е најталентирана екипа од сите (едино Мајами може делумно да се споредува). Не изгледа воопшто убаво како играат, солираат премногу, ама како така ефективни се.

Индијана - Вашингтон, што да се каже стварно не ми е јасно што се случува со Пејсерси. Таман изгледаше дека психички се вратија во сезоната и враќаат со ваков натпревар. Со оглед на тоа колку се хаос Индијана оваа серија не вреди коментар.

П.С. Стен Ван Ганди тренер/претседател во Детроит. Обично мислам дека е лошо на тренерите да им се даде премногу моќ во менаџментот на тимот, но во случајот тоа на Детроит му помогна да му го укради Стен Ван Ганди на Голден Стејт. Огромно засилување е ова за Детроит. Стен, можеби не му е омилен на фановите заради изгледот и однесувањето, ама е страшен тренер сигурно топ 5-6 во лигата. Од друга страна Голден Стејт го изгубија и Ван Ганди а најверојатно и Кер кој ќе оди во Никс. Убава шлаканица за нивната организација.
 
Ова се дебилизми и реално ваквите ситуации се чиста проценка на судијата. Ова е чист фаул, не постои никакво правило што би го побило тоа, али веќе кога не го досудија срамота беше на Оклахома да им се дава напад, апла се гледаше дека од Реџи Џексон излезе топката. Пак ќе кажам, срамно и криминално судење имаше вчера, и двете екипи беа оштетувани во повеќе наврати.

Инаку вчера само што го искритикував Реџи Џексон дека Џамал го наполни со кошеви он уствари ја реши утакмицата :pos: Прво во еден напад фати 2 офанзивни скокови, потоа ја собра топката што ја пресече Вестбрук и за негова среќа судиите досудија напад за ОКС, и на крајот му ја изби топката на Крис Пол во последниот напад. Морам да го пофалам и Дурант, не му идеше во текот на целиот меч али на крај кога највеќе требаше погоди две тројки и го даде кошот за да намали на 2 разлика, таа полуконтрата што беше. Вестбрук без сомнение најдобар, страшна партија изигра, згора на тоа погоди три слободни фрлања по ред за да и донесе победа на Оклахома. Кај Клипси најдобри Пол и Грифин, али Пол на крај ептен ја усра. И Џамал изигра одлична рола.

П.с. Дурант додека Вестбрук ги шутираше слободните фрлања.
10253782_10154105060330277_1555359007076021986_n.jpg
 
Последно уредено:

Не заебавај сега и ти. Класичен фаул е. Објаснувањето овде што си го ставил, целосно си го извадил од контекст. Зошто не прочиташ малку погоре:

b. Contact initiated by the defensive player guarding a player with the ball is not legal. This contact includes, but is not limited to, forearm, hands, or body check.

П.С. Знам дека си фан и дека ти е тешко да изгубиш ваков натпревар ама жали се за оние работи за кои има смисла да се жалиш не за ова.
 
samo spurs se dostojni da se najdat u finale so miami
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom