Што антибиотик пиеш? Доктор ти го препиша или на своја рака го зема?
За олеснување на кашлицата можеш да земеш некој од сирупите што ги продаваат без рецепт (ако е сува можеш да земеш Herbifit, ако не - можеш Хербион, Проспан, има и еден сируп со тегавец од Dr. Theiss, и тој е исто многу добар). Можеш да земеш и од оние бонбоните fisherman's friend (зелените со бело, без шеќер се), многу се лути и ментолот ја олеснува кашлицата, грлото нема да ти биде толку надразнето.
За симнување на температурата можеш да пробаш со кетонал, налгесин (тие се посилни од парацетамолот) и пиј многу течности, нонстоп налевај се со чаеви, сокчиња, мачно е да пиеш кога имаш температура, ама ако треба и со сила пиј. Исто така можеш и да земеш еден пар чорапи, да ги намокриш со мешавина од медицински алкохол (или ракија во домашни услови) и вода и да ги облечеш, држи ги на нозе додека не осетиш дека се губи влагата, и во дланките да држиш памук натопен во ладна вода, а можеш и некое пешкирче на врат/глава да ставиш, да те ладат (делува ептен ова).