Zdravo na site,
Sega se vseluvam vo stan i imam edno prasanje okolu greenjeto.
Imam dva konvektori vo dnevnata i toa 2X2.5 kw, vo dvete spalni po eden konvektor so 1.5 kw.
Ako e presmetkata golema bi zemal za vo dnevnata (40m2) pecka ne peleti ...
Me interesira kolkava bi bila potrosuvackata na struja so pretpostavka site da se vkluceni po 12 casa vo denot.
Vo stariot stan se greevme na Toplifikacija, i imavme kombinacija na bezobrzno visoki smetki i bezobrazno niski temperaturi vo stanot ... 18-20 stepeni.
Blagodaram odnapred za odgovorot.
Потполно истата дилема и јас ја имав и го поставив тука и наместо одговор дискусијата се сврте во скроз друг правец.
Прашањето преформулирано би дошло некако вака: Дали да инвестираш 1500евра во печка на пелети а потрошувачката да е пример 8000 месечно за палетите, или да си ги сочуваш тие 1500евра зашто и со конвекторите, кои веке ги имаш, ке те кошта исто 8000 месечно струјата. Или можеби ке кошта 15000 на струја ?
Кратко ке ти кажам, таму кај што планираш да се вселиш мора барем еден ден да загреваш (макар и на овие високи температури) за да добиеш податок колку ти троши дневно. Кога то аке го знаеш прочитај го србинов како пресметува
овде:
Bilo bi kad bi taj kotao od 12kw radio tako 24h što nikad nije tačno. Koliko majstora toliko računica koliko gubitaka ima objekat.
Jedan od dobrih približnih načina je da se zna kolika je potrošnja (ko se greje na struju zna koliko potroši za 24h) i to podeli sa razlikom temperature u sobi i prosečnom dnevnom temperaturom. Juče je prosečna spoljnja temperatura bila 7,8*C i kad se oduzme od sobne (22.5*C) dobijam razliku od 14,7. Potrošio sam 91kw za grejanje i imam gubitke objekta od 91/14,7=6,19kw/*C na dan. Pošto se snaga izražava u KWH onda je to 6,19kw/24h=0,258kw na čas po *C.
Oni što troše gas množe svaki potršeni m3 sa oko 9kw. 1m3 cera, hrasta, itd ima oko 2000kw. Za ugalj se daje taj podatak. Ovo se sve može računati i na nivou prošle zime: zna se koliko sam čega potrošio, zna se prosečna temperaura i račun je lak.
Sada, ako hoću da mi TP pokrije potrošnju do -5*C treba mi TP od 0,258*(22,5-(-5))=0,258*27,5=7,09kw
Ako hoću da mi TP pokrije potrošnju do -10*C treba mi TP od 0,258*(22,5-(-10))=0,258*32,5=8,38kw
Ako hoću da mi TP pokrije potrošnju do -15*C treba mi TP od 0,258*(22,5-(-15))=0,258*37,5=9,68kw
Ova računica važi i za sve druge vrste kotlova.[DOUBLEPOST=1396569133][/DOUBLEPOST]
ај јас да пробам да ти помогнам со моето искуство на конвектори.
прво и основно многу зависи каква изолација имаш, а и прозори
ако, АКО ти е се' ОК, нови (пвц прозори) и добра фасада, тогаш може да правиме муабет понатаму
во ТАА состојба, конвекторите обично работат од 15 до 20 мин во 1 час. еве да ја земеме поголемата. 20 мин!!!значи за 3ч ќе биде 1ч активна работа.
Ке те дополнам за болдираново со цел да дообјсанам на
@canelane.
Точно е дека највеке зависи потрошувачката од изолацијата но мора да се земат во предвид и температурите како надворешни така и внатрешните во станот.
Кога би важело болдираното како генерално превило дека 15-20мин би работел на саат преку цела зима 6 месеци на било кои надворешни температури тогаш и сметката за струја во тие 6 месеци би била константно иста а тоа сигурно не е така односно најголема е во Декември и Јануари кога надворешните температури се најниски па тогаш тие 15-20мин стануваат пример 30-40мин. Ова го кажувама како пример, можеби кај тебе со добра изолација 15-20мин работат на -10 во Јануари а 5-10мин работат во Март на+7 итн.
Или врската со внатрешната температура, како што спомна конвекториве Атлантик (а верувам и другите) имаат ноќен еконо режим кога одржуваат некоја пониска температура од 18-20Ц. Сабајлето кога ке се сврти термпостатот од еконо мод на 23/24Ц а во собата е 18Ц во зависност од квадратурата на собата, надворешната Т а и изилоацијата нели, на -10 сабајле на конвекторите барем цел саат (па и два) ке им треба да ја подигнат температурата за 5Ц т.е од 18 да стане 23Ц. Значи во еден ден т.е. во 24часа температурата варира X пати од -10 до +10 и нема фиксно правило колку троши/час, може да се одреди некоја средна дневна потрошувачка но пак зависи од периодот на зимата т.е пак од температурите надвор.
Исто и монтажата е многу битна, луѓето обично ги монтираат блиску до некој штекер за да можат лесно да ги приклучат а не под прозор, неводејки сметка дека најголемите загуби на топлина се од прозорите и токму под прозорите и треба да се намонтирани. Барем досега немам слушнато некој што има радијатори (и не ги користи) ги извадил истите за да намонтира други грејни тела на нивно место пример конвектори. Им стојат за украс радијаторите под прозор.
Една работа ми се свиѓа кај овие Atlantic конвектори што ти ги имаш а тоа е можноста за програмирање т.е. поврзување со програмабилен собен термостат и тоа е таа функција што мора да се искористи за да греењето со нив биде најевтино. Конвекторите со можност за поврзување на екстерен термостат едно време беа и поскапи од тие што ја немаа таа опција, дали и сега важи истото правило незнам но ако важи не гледам логика зашто некој платил за такви а да не го користи тоа. Со таков термостат ке се сетира пример од 6часот до 7 (ефтина тарифа)да дигне 23Ц. Во екстремно ладно надвор можеби нема да станат 23степени за тој 1саат но 20-21 ке постигне сигурно а и секако потопло ке биде него да се стане на ладничко 18Ц. Неделен термостат со 7/24часовни програмабилни температури е 1000денари до 1500 , со 2 такви би се направиле 2 зони со посебни програми/температури по час, еден би ги контролирал температурите во спалните а вториот дневната.
Значи за да реално добиеш споредба кој систем ке биде поекономичен мора и мерењето да ти биде во исти услови како со печка на пелети во комбинација со радијатори а и со конвекторите. Односно ако радијаторите се под прозор и конвекторите треба да се таму, ако печката се програмира ноке да штеди (да гаси или намали) треба и конвекторите така да се испрограмирани што пак значи ти треба програмабилен термостат за такво мерење.