Саем на книгата

  • Креатор на темата Креатор на темата Emma
  • Време на започнување Време на започнување
Одлични Бегемот секоја чест. Имам земено од нив неколку книги (Вајлд, Буковски и М.Г.Луис -Монахот), одличен превод и се тоа добро скоцкано. Гледам и Сјенкјевич го реиздале, а ја барав долго време таа книга.(y)
 
Последно уредено:
Браво за Бегемот. Имаат пристапни цени и намалиле на некои книги дури по 50 посто. Од мене предлог да ја земете Погледите на еден кловн од Хајнрих Бел, 200 денари ќе биде.
 
Одлични Бегемот секоја чест. Имам земено од нив неколку книги (Вајлд, Буковски и М.Г.Луис -Монахот), одличен превод и се тоа добро скоцкано. Гледам и Сјенкјевич го реиздале, а ја барав долго време таа книга.(y)
Што би препорачал ко за скромен буџет 2-3 книги од каталогов? :) Збор два за Скици нацртани со јаглен? Таа ми фати око.
 
Имаш Џими интересни комбинации од каталогов. Бегемот се едни од ретките со реални саемски цени. Имаат квалитетен превод и одлична литература. Во план ми е да ги земам двата дела Дон Кихот. Ги меркам одамна, а ова е една од ретките шанси да се поседува таа колекција.
Сјенкјевич го читав лани. Односно го читав „Без догма“ во издание на Или Или. Ми се допаѓа неговиот стил на пишување. На интересен начин раскажува, има одличен опис на ликовите, приказ на сталежите и има некој специфичен стил кој го имам сретнато само кај него. (не сум книжевник, не знам како точно се именува тој стил) „Скици нацртани со јаглен“ ми ја препорачаа пријатели, станува збор за четири новели.
Ако си за добар роман и сакаш да се запознаеш со влијанието и моќта на религијата, инквизицијата, игрите зад кулисите читни го постов кој го напишав за „Монахот“ кога ја читав книгата.
Ако си за животот на Буковски и начинот на кој тој го опишува, суров со многу алкохол, жени, коцка, проаѓање низ сито и решето ти ја препорачувам „Пошта“.
Што и да искомбинираш нема да погрешиш.
 
„Дон Кихот“ е одлична зделка, 400 денари за двата тома. Преводот е и повеќе од солиден.

@џимеј, ко за тебе Умберто Еко - „Таинствениот пламен на кралицата Лоана“, а мислам дека и расказите од Андреа Јанковски ќе ти се допаднат. Еве, колку да го ѕирнеш стилот.

Јас од лани го меркам „Театарски роман“ на Булгаков. Нека кажува импресии некој ако го читал. :)
 
Инаку, јас овој саем ќе го искористам за купување на сите поголеми серии на сликовници, бајки и приказни што ќе ги најдам. Штркот кај да е - ќе стигне, па мора уште од мал Д. да го учам да ги сака книгите. ;) Топер, Просветно дело и Феникс ќе бидат најпосетуваните штандови од моја страна. Само, морам да признаам дека Атлас на облаците ми прави лиги, па којзнае - може да се направи исклучок само за неа.
 
идеме заедно?
 
Sorry за оф-топик. Леле јас уште сега се мислам од кога да почнам Хари Потер да и го читам на малава, што викаш ти, штом имаш искуство?

Криво ми е, ја имав купено Каменот на мудроста, ја дадов на другарка и ми ја снема. Сега не знам кај можам пак да ја најдам (ни во онлајн издание) на македонски.
 
Ја имаше Каменот на мудроста online, ја имам некаде по компјутеров, ќе ја побарам и ќе ти ја испратам :)
 
Sorry за оф-топик. Леле јас уште сега се мислам од кога да почнам Хари Потер да и го читам на малава, што викаш ти, штом имаш искуство?

Криво ми е, ја имав купено Каменот на мудроста, ја дадов на другарка и ми ја снема. Сега не знам кај можам пак да ја најдам (ни во онлајн издание) на македонски.

Се наоѓа онлајн, ја имам и јас. Инаку, ако ја сакаш баш како книга мислам дека можеш да ја најдеш кај продавачите на стари книги или да ти ја дадам мојава да ја ископираш. :)
 
Uste nesto. Ako na saemot gi stavat site knigi od Andzej Sapkovski za sagata na Geralt od Rivija, ke mora da prodadam necii bubrezi na crniot pazar.
 
Sorry за оф-топик. Леле јас уште сега се мислам од кога да почнам Хари Потер да и го читам на малава, што викаш ти, штом имаш искуство?

Криво ми е, ја имав купено Каменот на мудроста, ја дадов на другарка и ми ја снема. Сега не знам кај можам пак да ја најдам (ни во онлајн издание) на македонски.
Кога бев последен пат да купам некоја книга, од тие што продаваат на старо, ја имаше. Мислам дека беше 300- 350 денари.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom